- Член од
- 26 јануари 2009
- Мислења
- 7.713
- Поени од реакции
- 6.611
Сакам да намалам тежина. Не сум почетник почетник ама не сум ни тешкаш. Инаку не сум фан на риби и морски плодови општо, другото повеќе или помалце го јадам.
Еве ја мојата исхрана со која успеав од 90кг да дојдам на 73кг моментално, можеби ќе ти биде од корист:
Оброк 1
-Овесни/корнфлејкс 80 грама
-Блубери 40 грама
-40 грама протеин(1дозерка)
-1 лажичка семки
Оброк 2
1. 8 белки со брокула и карфиол спржени во маслиново масло, 2 парчиња тонус леб.
или
2. Туна, 4 оризови галети
или
3. Тортиља со 150 грама пилешко и 1 голема лажица грчки јогурт 0% fat
-салата
Оброк 3(пред тренинг)
-150 грама ориз или компир(поретко тестенини)
-200 грама пилешко или телешко
-салата
Оброк 4
1. 180 грама пилешко
или
2. Туна
или
3. 8 белки
-салата
Или кога не сум многу гладен
4. Протеински пудинг (з'брегов)
-по 1 зеро сок лименка и 2 кафиња со стевија скоро секој ден
-Чат пат јаболко или нектарина
На ова сум веќе 3 месеци, неделно 3 тежински тренинга(PPL) со кардио 20 минути + 1 тренинг само кардио 30 минути. Кога почнав со дефицит пред 6 месеци хидратите ми беа за 60-70% повеќе(другото исто) па постепено ги намалував секоја недела-две за 10-15% додека да стигнам до моменталниов внес кој го терам веќе 3 месеци.
Знам понекогаш да се почестам со по некој чит мил но се трудам да се случи што по ретко.
Кога јадам во ресторан или на некоја слава/свадба гледам да јадам месо, да избегнам хидрати. Пиво и вино не пијам, ракија 1 бокалче макс

Целта ми е да исчистам масти што повеќе па да се префрлам на lean bulk но оди побавно од што очекував. Сум бил замастен повеќе од што мислев.

Секако добредојден е совет од поискусните што би можел да поправам.
