Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Јас незнам зошто и постои темава... Никој не го гледа тој инвестициски БУМ кај нас... Освен 2 фабрики што дојдоа другото све е каша попара...

Браво за Кромберг и Шуберт... Цела Македонија дозна дека се отворила фабрика само еден детал не кажаа на вестите... Колку плата им даваат на работниците.. Зошто да кажат ипак треба да се направи слика дека све е сјајно тука :)
 
Вкупно 53 милиони евра странски инвестиции во првиот квартал
498AEA2ACB89CB418E1BEA6B2DAFF8AC.jpg

Вкупно 53 милиони евра се странските директни инвестиции што во земјава влегле во првиот квартал годинава, објави Народната банка (НБМ).

Сумата за првите три месеци е половина од вкупните инвестиции реализирани во текот на целата ланска година. Во 2012 година во Македонија влегоа вкупно 104,8 милиони евра на име странски директни инвестиции, што во најголема мера беше резултат на значителните одливи регистрирани од земјава кон странство.

Според последната статистика на НБМ, во март годинава странските директни инвестиции се 7,9 милиони евра. Во јануари во земјава влегле 28,8 милиони евра, а во февруари 16,4 милиони евра, што значи дека на квартално ниво вкупните инвестиции во Македонија се 53 милиони евра.

Ова е послаб резултат од првиот квартал лани, но 2012 година не беше сјајна по влезот на странските инвестиции. Билансот го срушија месеците подоцна, кога наместо приливи, Народната банка регистрира одливи на капитал од земјава.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=6E9A566FE9402441BD21F5E79468F991
 
ИНТЕРВЈУ, ДАРКО ВЕЛКОВ: Никогаш порано немало толку огласи за работа во Македонија


Со првиот човек на vrabotuvanje.com, Дарко Велков, разговаравме за реформите на пазарот на труд, начинот на кој компаниите вработуваат и понудата на работни места. Еве го интервјуто:



Вработување.ком е една од најискусните и најактивните агенции за посредување при вработување во земјава. Како ја коментирате последната анкета државниот завод за статистика во која компаниите пријавија 4692 слободни работни места во државава?

Мислам дека оваа бројка се должи на две работи. Прво зголемен е трендот на пријавување на вработени на определено време и второ, има зголемен обем на побарување. Тоа е јасно видливо и кај нас на Вработување.ком бидејќи никогаш порано во Република Македонија немало толку огласи. Во моментов имаме повеќе од 3000 активни огласи за огромен број на позиции.

Какви вработувања најмногу се нудат, а каква работа најмногу се бара на македонскиот пазар на труд? Има ли големи несовпаѓања во поглед на потребниот, од една, и достапниот кадар, од друга страна?

Можеби за прв пат до сега имаме конкретна статистика со која може да се следат бројките и да се извлечат насоки. Факт е дека на пазарот имаме секаква понуда, но евидентна е разликата во потребите и вештините. Мислам дека секој кој бара работа мора да покаже огромна проактивност. Кога вие би барале вработен дали би му понудиле работа на оној кој има познавање од повеќе вештини или оној кој има помалку? Одговорот е јасен и единствен. Дојде време во кој се гледа единствено напредок на компаниите и како држава се надминавме себеси во вработувањата кога се вработуваше роднински. Друга битна тема е евидентната застоеност кај младите кои мора да бидат нашата нова интелектуална постава. Тие мора да бомбардираат со иновации, патенти, идеи и сл. Баш би било чудно некој кој е 30 години во бизнисот да има поголема желба од помладите за работа… Не е битно колку пати ќе паднеш, туку колку пати ќе станеш во животот. Од сегашната понуда најмногу се бараат кадри кои се добро обучени во продажба, а тоа важи за секаков тип на професија. ИТ индустријата се движи со огромна брзина и никогаш не се доволни програмери со конкретни знаења. Добар сметководител е често побарувана позиција. Се повеќе се бараат менаџери кои ќе направат разлика во работењето. Новите брендови кои влегоа бараат вработени од стручното образование со конкретни познавања од автомобилската индустрија, а доколку не можат да ги најдат вложуваат доста во нивна обука и др.

Како гледате на новиот систем на евидентирање во Агенцијата за вработување во кој има поделба на активни и неактивни баратели на работа?

Конечно се виде нешто што меѓу менаџерите и стопанството е оддамна познато. Многу луѓе беа евидентирани во завод заради картоните за здраствено (на пр.работат на запад а се евидентирани како невработени поради здраственото за сопругата и децата и сл.)така бројките на невработеност се нереални. Вака колку што сум информиран излезе дека нешто под 100 000 луѓе се во МК и бараат работа, додека останатите доброволно изјавиле дека реално не сакаат заводот да им бара работа. Тоа мене ми покажува дека тие се на некој начин ангажирани во доменот на сивата економија или се надвор од државата. Како и да е, секој се снаоѓа за егзистенција, но конечно мислам дека на вистински начин може да се пристапи со стратегија кон образованието кое ќе ја намали разликата во вештините кои се сега премногу големи. Нормално, мора да се внимава и на неформалната невработеност(луѓе кои од различни причини не дошле да се евидентираат, а се реално невработени) која секогаш ќе постои но мора да се контролира. Колку побрзо ги зголемиме вештините на идните вработени во образовниот систем толку помалку ќе ја чинат државата во системот за социјална грижа и невработеност.

Колку компаниите во Македонија вработуваат преку огласи? Се чини дека има многу случаи во кои вработувањата се веќе пополнети, но огласите се објавуваат заради законски одредби.

Се повеќе се вработуваат вработени преку огласи. Помина времето кога се вработуваше само со познанства. Убеден сум дека сите сакаат да го добијат најдобриот вработен. Доколку сакаат да вработат постоечки кадар тоа можат да го сторат и само на огласната табла во завод и да ги исполнат законските обрски, но напротив имаме најголем обем на огласи кои сме ги имале до сега што значи стопанството е искрено за барање на најдобриот вработен што може да го добијат. Се гледа и дека стопанствениците се повеќе ги вработуваат работниците со договор на определено со цел да ги мотивираат работниците да покажат повеќе. Доколку се покажат секогаш ги пријавуваат на неопределено и нормално времето на криза го направи своето,никој не знае како ќе се развиваат работите за една година од сега.

Неколку препораки за невработените кои активно бараат работа?

Дајте се од себе за да ги зголемите своите вештини, секоја вештина плус е можност за понуда од некоја компанија. Секоја вештина која ќе ја научите останува да биде само ваша. Мора да најдете мотивација која ќе ве води кон оваа цел. Дали ќе ве мотивира да се помогне на семејството, да се живее поквалитетно или нешто друго тоа мора да биде трајна мотивација бидејќи битката на пазарот на трудот е маратон кој долго трае.

http://ekonomski.mk/?p=43119
 
Вработување.ком е една од најискусните и најактивните агенции за посредување при вработување во земјава. Како ја коментирате последната анкета државниот завод за статистика во која компаниите пријавија 4692 слободни работни места во државава?

Зошто не пишат колку од овие се за во јавна администрација?
Само за во Македонски Дрва се бараат 1600 луѓе, во останатите уште околу 700 (што рамковни, што наши).
Така да од 4700 остануваат само 2400 во приватниот сектор. Тоа се само 2-3% од речиси 100.000 кои бараат активно работа.
 
ubava pesnichka- samo pripomnete si ja
Sve je laz, samo pusta laz sto se oko nas u krug vrti

od tolkav BUM- duri i Shvajcarija ke pozavidi- prosto ja zasenivte
 
Реално работа како работа има во Македонија.Али фрката е што со платите се мизерни и многу од приватњаците не те пријавуваат.Недај боже да се разболеш,ако идеш на одмор не те плаќаат,и кога ќе накрцаш 60 години а немаш година стаж боље пушти се во Вардар на еден маратон.
 
Започнаа градежните активности и заживување на индустриската зона Прилеп-3

Во присуство на градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески и сопственикот на новиот сервис за поправка и оддржување на моторни возила Љупчо Перканоски започнаа градежнит активности и заживување на индустриската зона Прилеп-3.

Industriska_zona_prilep_1.jpg

Новиот сервис ќе биде на површина од 1.400 метри квадратни и ќе располага со најсовремена опрема за поправка и оддржување на моторни возила.
Lokalno.mk
 
Русите инвестираа во нов коп во Саса
Вложувањето во рудникот покажува дека македонската економија е жилава и ~ пркоси на општата економска криза во Европа, истакна вицепремиерот Ставрески
Осумнаесет милиони евра е вредноста на инвестицијата за отворањето на новиот коп во рудникот Саса во Македонска Kаменица, кој значи продолжување на експлоатацијата за наредните 12 години и отворање нови 30 работни места.

Според вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, вчерашното отворањето на новиот ревир во Саса покажува дека македонската економија е жилава и ~ пркоси на општата економска криза во Европа. Тој подвлече дека ова е и показател за традиционално добрите односи со руските инвеститори, кои увидоа дека Македонија ги нуди најдобрите услови кога станува збор за водење бизнис.

- Можеби е нескромно, но ќе истакнам дека и покрај исклучително тешките услови и предизвиците што ни доаѓаат од Европа, македонската економија стана еден вид феномен. Kога секаде во Европа се отпуштаат работници, кај нас се отвораат нови работни места и се намалува стапката на невработеност, кога секаде паѓаат производството и економската активност, кај нас се отвораат нови погони и фабрики, кога во соседството странските инвеститори се повлекуваат, кај нас влегуваат со нови инвестиции - истакна министерот Ставрески.

Тој додаде дека секторот рударство е значаен за македонската економија, со над 18 отсто учество во домашниот бруто-производ и дека особено радуваат позитивните стапки на раст на производство во рударството во првите два месеца од годинава, кои надминуваат 17 отсто. Очекува отворањето на овој капацитет позитивно да влијае на економскиот пораст особено ако се земат предвид поволните трендови на светските берзански цени на оловото и на цинкот.

- Извозот на метални руди и други производи од рударството во периодот јануари-април 2013 година изнесува 49,9 милиони евра, што претставува значителен раст од 31,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година, кога изнесуваше 38 милиони евра. Вредноста на извезените метални руди и други производи од рударството во минатата година изнесуваше 134,7 милиони евра - истакна Ставрески.

За директорот на рудникот, Александар Раков, инвестицијата значи продолжување на експлоатацискиот рок на рудникот и отворање нови работни места, кои во почетокот ќе бидат околу 30. Градоначалникот на Македонски Kаменицa, Дарко Митевски, рече дека постои плодна соработка со стопанскиот капацитет и дека ќе продолжи и ќе резултира со нови проекти во комуналната инфраструктура и подигањето на животниот стандард на рударите и на населението во овој крај.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D43F03E5523F87469535CF57F326DFF5
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom