Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
не можам да сфатам дали arheolog пишува сериозно или со сарказам на темава?
 
Ќе извезуваме храна за тркачки коњи во арапските земји


Компанија „Зара цереале“ во Свети Николе ќе гради погон за производство на сточна храна - пелети за исхрана на камили и на тркачки коњи

zetva.banskoliev1-(24).jpg


transparent.gif

Македонска слама за арапските коњи
ИТАЛИЈАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА ВО СВЕТИ НИКОЛЕ
Италијанската компанија „Зара цереале“, која се занимава со производство на земјоделски производи и сточна храна, ќе инвестира 3 милиони евра во нов погон во општината Свети Николе. Станува збор за фабрика за производство на посебен вид сточна храна - пелети за исхрана на камили и на тркачки коњи, која бара посебна обработка и има висока цена на пазарот. Италијанците ќе организираат откуп на сламата и луцерката во кумановскиот, светиниколскиот и во штипскиот регион. Новиот производ, сточните пелети, произведени во светиниколската фабрика, која треба да биде изградена за една година, ќе бидат пласирани во земјите од арапскиот свет.

Сламата главна суровина

- Со италијанските претставници веќе имавме неколку контакти и наскоро го очекуваме нивното пристигнување во нашата земја, при што на заедничката средба треба да ги додефинираме преостанатите оперативни активности за почеток на инвестицијата - вели Зоран Тасев, новиот градоначалник на општината Свети Николе.

Италијанците веќе регистрирале фирма во земјава под називот „Свети Николе агроиндустри“, а закупиле и 8.000 квадратни метри покриен простор за инсталирање на машините, со кои ќе се изработуваат сточните пелети.

- Просторот е изнајмен на период од три години, а се наоѓа во поранешните магацини на „Макпромет“, или некогашен „Магро“. Нивните планови и барања се да закупат од три до пет хектари земјиште во светиниколскиот регион за своите откупни и производствени фабрички капацитети, што треба да ги реализираат во рамките на оваа инвестиција, со која планираат годишно производство на 30.000 тони сточна храна во пелети, што ќе се извезува во арапските земји - вели Тасев.

Значаен аспект на инвестицијата на италијанската компанија „Зара цереале“, која постои веќе над 50 години, е што таа како суровина за производство на пелетите ќе ја користи сламата што се балира по жетвата, а која и во овој наш регион, како впрочем и на други места низ државата, во најголем дел остануваше неискористена, се палеше или завршуваше на отпад.

Подготовки за откуп

Италијанците веќе почнале со подготовките за организацијата на откупот на сламата и луцерката, чие балирање го договараат за да обезбедат суровина за почетокот на производството на сточните пелети. Еден земјоделец од еден хектар пченица и луцерка добива меѓу два и три тони слама, а според првичните информации од италијанската компанија тие планираат откупната цена да изнесува до 1,20 денар за килограм слама.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71913719412&id=10&prilog=0&setIzdanie=22932
 
не можам да сфатам дали arheolog пишува сериозно или со сарказам на темава?
Сериозен е, он се вработи во најголемата инвестиција Сити Мол.
Малку забава....

Македонија пред инвестициска инвазија!
ПРЕМИЕРОТ НАЈАВУВА НОВИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ И НОВИ РАБОТНИ МЕСТА

http://vecer.com.mk/?ItemID=AC25EF75C30EC944BA62FC4E1161069F

Не утепа премиеров со инвестиции, глава неможеме да кренеме од вработувања и стандард, значи алал да му е!
 
Сериозен е, он се вработи во најголемата инвестиција Сити Мол.


Не утепа премиеров со инвестиции, глава неможеме да кренеме од вработувања и стандард, значи алал да му е!

Точно е, се вработив, и тоа без да моалм некој.За сега ми е супер, и се надевам дека на сите граѓани на оваа земја што поскоро ќе им се насмее среќата за работа.
 
Малку забава....

Македонија пред инвестициска инвазија!
ПРЕМИЕРОТ НАЈАВУВА НОВИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ И НОВИ РАБОТНИ МЕСТА

http://vecer.com.mk/?ItemID=AC25EF75C30EC944BA62FC4E1161069F

Еве една стигна денес, со народни пари донација, собрани со 75’% покачена струја откако дојде на власт ...

vest_evn.jpg



http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/22553-vest-43-milioni-evra-za-barokot-na-evn
 
Малку забава....

Македонија пред инвестициска инвазија!
ПРЕМИЕРОТ НАЈАВУВА НОВИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ И НОВИ РАБОТНИ МЕСТА

http://vecer.com.mk/?ItemID=AC25EF75C30EC944BA62FC4E1161069F

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=22990
--- надополнето: 20 август 2013 во 09:35 ---
косово има дупло инвестиции. да, таму каде што скоро и да нема закони....
 
Точно е, се вработив, и тоа без да моалм некој.За сега ми е супер, и се надевам дека на сите граѓани на оваа земја што поскоро ќе им се насмее среќата за работа.

Како што се вработи? Како бот што постира само позитивни про-владини вести на форуми?
Веројатно поевтионо им било да плаќаат човек наместо да платат Индијци да направат софтвер.
 
Инвеститорите бегаат од нас?!

Од земјите во регионов, најмногу странски инвестиции последнава година биле вложени во Хрватска. И пазете сеа, ова може ќе ви дојде малце како шок: во Македонија биле вложени најмалку. Така викаат од ОН.
http://on.net.mk/vesti/balkan/investitorite-begaat-od-nas
 


Имате среќа што Лавот не е активен на форумот, имаше да ве распука со статистики извадени од нафталин за кинески проценти на раст на инвестициите.
------------
Каааај си Лавууу, ни фалиш, нема кого да реметиме на економскиве теми.
 
Каков посер за владата.Цело време го ложат народот со странски инвестиции,со роад шоуа и ветувања дека само што не дошле милијардити за на крај на дното во Европа да завршиме......

Веројатно и повеќе пари во промоција сме потрошиле него што дошле инвестиции :ROFLMAO:
 
А зарем па некој се надева/л дека тие роуд-шоуа ќе донесат/донеле плод односно инвестиции ... мижи Асан да ти баам е сето тоа ... :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom