jyvation
Пургер
- Член од
- 4 ноември 2009
- Мислења
- 2.170
- Поени од реакции
- 2.780
Дневен рапорт: Престанете со роуд-шоуа, не можеме да постигнеме да ги примиме сите инвеститори!
Итно! Итно! Ве молам, некој што е можно побрзо нека го контактира премиерот Груевски и нека му каже веднаш да се враќа во Македонија!
Премиере, ако читате, Ве молам вратете се дома, доста беше ловење инвеститори по Бразили, Аргентини и Мексика… Абе, ако ми верувате, само што заминавте, само што почнавте со ловот на инвеститори, илјадници бизнисмени дотрчаа овде, да ни ги донесат парите, да ни дадат работа, да ни го олеснат животот.
Враќајте се што е можно побрзо бидејќи, еве, веќе не можеме да постигнеме, да ги примиме сите, да им дадеме место во некоја од слободните економски зони, и да започнеме да работиме. Абе сите економски зони од слободни ги прекрстивме во зафатени, море сите граѓани и граѓанки се вработија во новите фабрики, па дури и другарчињава од Пустец ги вработивме, ама инвеститориве никако да престанат да доаѓаат. Абе секој ден, се нови и нови инвеститори… не знам веќе што ќе се прави. Еве, почнавме и по две, по три работи да работиме, само за да ги задоволиме апетитите на инвеститорите, ама не се постигнува, бре! Дури мораше и некои од стариве инвеститори да избркаме, ко Субрата Рој, на пример, за да има место за новиве. Кутар човек, мораше да лаже дека нема пари, само и само, да не се дознае дека во Македонија веќе нема место за нови инвестиции.
Или враќајте се и затворајте ги граничниве премини за да не доаѓаат нови инвеститори, или пренаменете ги тоа „роуд-шоуата“, па наместо да ловите инвеститори, почнете да ловите нови работници, бидејќи овие овде ни се потрошија! Што и да правите, направете го побрзо, бидејќи ова веќе не се издржува!
Јован Постолоски – Јофе
Уште е жив овој бе:? Чудно
