Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Ти се разјасни малце од малце?Проекцијата е правена ако не се лажам според 4 годишна програма.Е сега ако стегне криза никој не ти гарантира дека ќе го исполниш тоа што си го предвидел.Па ете бе читаш дека има одлив на странски капитал од земјава кој е поголем сигурно пута три од странскиве инвестиции.
Во една проекција се земаат предвид сите параметри од криза до реинвестирање или одлив на средства. Сеа е пршање дали новинарите се неписмени или никој (од големиот број инволвирани институции) не предвидел ни криза ни одлив на средства. Или некој упорно пласира невистини. Мене тоа не ме радува, но во ниеден случај не е и не оди на добро.
А кој треба да те интересира ако не соседите?Грција е најголем инвеститор во Македонија од кога знам за себе.Гледаш сега каде е Грција??
за одливот ако се потрудиш да прочиташ словенците извлекле наголем дел, по нив некоиси офшор од Сент Винсент-и-Гренадини. Ако словенци и карибјани се соседи, ок. Факт е дека кризата е отпорано, не од 2012, а текстот говори нешто трето

Сите привлекуваат инвеститори, инвестиции нема 17 август 2011
Факт е дека Македонија е на дното по нивото на странски инвестиции во регионот. И покрај силните заложби, странските инвеститори многу често ја заобиколуваат Македонија. За тоа, очигледно, не е виновна само економската криза, како што најчесто толкува Владата, затоа што во периодот од шест години кога Македонија привлече 2,3 милијарди долари приливот на странски капитал во Хрватска достигна 20 милијарди долари, а во Србија 15,5 милијарди долари.
Затоа, прашуваме што се работело или не се сработило во Македонија за да доживееме вакво заостанување?
Едно е сигурно - се вработиле многу нови луѓе во секторите и институциите за привлекување инвестиции.

Општините немаат добра бизнис-клима за странски инвестиции 05 декември 2012
Ова е една од главните забелешки на странските компании кои веќе се присутни во Македонија. За овие проблеми ќе дознаат сите постоечки и потенцијални странски инвеститори во Македонија, бидејќи ќе бидат посочени во „Белата книга“, која ќе биде издадена од Советот на почетокот од наредната година
Наспроти сите напори и рангирања кои ја ставаат Македонија на висока позиција според условите за водење бизнис, посебно за странските инвеститори, состојбите на терен се малку поинакви. Тоа јавно го кажаа и од Советот на странски инвеститори, кои проблемите ги лоцираа директно кај општините, бидејќи тие со разни давачки и неусогласени толкувања на законите го спречуваат влезот на странскиот капитал и го отежнуваат работењето на компаниите.


За мене поголем проблем од немање странски инвеститори се две работи. Прво отворено лажење на граѓаните и второ е фамата околу СДИ, влевање лажни надежи кај граѓаните, дека треба се да продадеме, дека тоа ќе не спаси. Како што се водеше медиумска кампања во име на процесот на приватизација на се и сешто овие 2 децении така и ова, дегутантно е веќе.
 
И Емиратите инвестираат во стадион среде пустина кој кошта 900 мил.долари и ангажираат цела машинерија луѓе.Мислам споредбиве ти се катастрофа.Абе гледај малце тука локално далеку сме ние од Германија и западот..

Па тоа и прашува човекот, зошто се прават проекции за раст како да сме Германија, и соодветно да се проектира огромен буџет, наместо да се калкулира со нашата балканска реалност?
 
Па тоа и прашува човекот, зошто се прават проекции за раст како да сме Германија, и соодветно да се проектира огромен буџет, наместо да се калкулира со нашата балканска реалност?
Од причина што ако го проектираат растот како што треба, ќе мораат да го пренаменат буџетот наместо за секторите каде што може да се направи некоја матна здаелка и лапне некое тендерче, во секторите каде што лесно се следи каде одат парите.
Вака од периодот додека го проектираат, до периодот додека направат ребаланс ќе гледаат да направат некоја зделка и набилдаат некоја дневница плус со тоа што ќе одат на состаноци (ручеци) секој божји ден, демек да ги искористат парите.
Не ги потценувам, ама не верувам дека толку можат да бидат неспособни и да испланираат и проектираат онаков буџет.
На ливче тоалетна да го планираат со молив, ќе излези подобро од глупоста која беше во 2012 кога правеа ребаланс во Март.
 
Па го имаш одговорот со болдираното што не ти е јасно??Кризата си го направи своето и ако погледнеш и во соседтството драстично се намалени странските инвестиции.
Многу обичам кога некоj зборува за регионот и соседството,без да си е направил труда да погледне што се дешава. Можеш да ни дадеш податоци па да видиме дали се зголемуват странските инвестиции или се намалуват?
--- надополнето: 2 јануари 2013 во 12:36 ---
У сител нема за ова
Само 50,6 милиони евра странски инвестиции до ноември годинава
Датум: 31.12.201

Само 50,6 милиони евра има на салдото на странски инвестиции заклучно со октомври годинава, објави Народната банка. Според најновите податоци, во октомври е регистриран прилив на странски капитал од 16,4 милиони евра. Карактеристично за оваа година, што се однесува до странските инвестиции е што беше забележително одлевањето на капиталот од земјава во странство. Според изјавите на гувернерот, само кон Грција се одлеале над 70 милиони евра.
Според очекувањата на Владата, годинава требаше во земјава да влезат над 350 милиони евра од странските инвеститори. Во владината програма пишува дека во 2013, приливот ќе биде поголем од 400 милиони евра, но засега не се најавуваат поголеми инвестиции.
50,6 милиона евра за речи година време... тоа е катастрофа. Со толкова пари можат да покриjaт само трошоците за промотиране,реклами во странските агенции, летови, конференции, презентации и така натаму...
Не може некоj да се надева на инвестиски бум,докато имаш аранжман со ММФ и Светска банка, утежнена внатрешна и надворешна состоjба.
 
Многу обичам кога некоj зборува за регионот и соседството,без да си е направил труда да погледне што се дешава. Можеш да ни дадеш податоци па да видиме дали се зголемуват странските инвестиции или се намалуват?
--- надополнето: 2 јануари 2013 во 12:36 ---

Добро бе само во бугарија се зголемуваат а секаде се намалуваат аманнннн.... задоволен??
 
Добро бе само во бугарија се зголемуваат а секаде се намалуваат аманнннн.... задоволен??
Определено не. Прашане на обективност е кога зборуваш за регионот да даваш податоци, а не вака от ништото да правиш заклучоци. Врз база на никакви информации, правиш големи заклучоци.
 
Определено не. Прашане на обективност е кога зборуваш за регионот да даваш податоци, а не вака от ништото да правиш заклучоци. Врз база на никакви информации, правиш големи заклучоци.

Па може бугарија не ја вметнав јас во мојот пост.Може зборувам за бившите ју републики.Што се умеша ти одма а се спомне регион и ти одма како циганче на семафори.
 
Па може бугарија не ја вметнав јас во мојот пост.Може зборувам за бившите ју републики.Што се умеша ти одма а се спомне регион и ти одма како циганче на семафори.
Ти зборуваше за соседството, просто наблодувам интересна тенденциja сосед да ви е БиХ или Словениja или Хрватска.
 
Ако правиме компарација треба да одиме на 2 милиони жители значи Словенија најмногу одговара(зависи од компаративната методологија-Македонија е и НАД ЈАПАН УРААА), може и Бугарија зошто да не, но ако и кај вас се види што има и како има на Милион ипол просечни Бугари а остатокот Турци и Роми.

Без влакна на јазик во Македонија нема ни Б од инвестициски бум кај ветрени 8 милијарди СДИ немаат ниту 800 милиони-опростено господ и пропагандата ги одржува ама во политички нестабилна држава само Будала инвестира.
 
Ти зборуваше за соседството, просто наблодувам интересна тенденциja сосед да ви е БиХ или Словениja или Хрватска.

Па повеќе сакам нив да ги имам за соседи него ли вас.Али ајде не е тука тема на разговор тоа така да рилекс бади...
 
ПРВА ПАKИСТАНСKА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАKЕДОНИЈА
Вложување од 5 милиони евра во кривопаланечката кланица
A9869230C6F0B14E900C869D1CCE6E8A.jpg

Фирмата „Џонсон и Филипс агро“, сопственост на почесниот конзул на РМ во Пакистан, Билал Kуреши, во рестартирањето на кланицата ќе вложи 1,2 милион евра
Околу 5 милиони евра ќе изнесува првата пакистанска инвестиција во Македонија, што ја најави фирмата „Џонсон и Филипс агро“, која е дел од групацијата „Џонсон и Филипс, а чиј сопственик е почесниот конзул на Македонија во Пакистан, Билал Kуреши. Познатата пакистанска компанија, чиј главен бизнис е производство и извоз на електроопрема, првпат вложува во прехранбената индустрија и тоа во рестартирање на кривопаланечката кланица, која неодамна ја купи од Шпаркасе банка.

- Оваа е прва пакистанска инвестиција во Македонија, а истовремено и прво инвестирање во агробизнисот на „Џонсон и Филипс“. За почеток ќе се вложат околу 1,2 милион евра за ревитализација и рестартирање на кланицата со ладилник. Планираме во периодот од март-април, или најдоцна до јуни, да започнеме со редовно производство - изјави Горан Арнаудовски, генерален менаџер на „Џонсон и Филипс“ за Македонија, при посетата на Kрива Паланка.

Во оваа фаза планирани се околу 50 вработувања, а во сезоната на колење и околу 100, додека, за потребите на кланицата, пакистанскиот инвеститор планира и воспоставување на кооперантски односи со индивидуалните одгледувачи на добиток.

- Ќе почнеме со кооперантсво за јагнешко месо, а во втората фаза планирано е да се увезува жив добиток, односно јунци. Со кооперантски договори, добитокот до одредена фаза ќе го одгледуваат индивидуалните производители, а потоа ќе се презема во кланицата. За почеток, производството ќе биде ориентирано кон домашниот пазар, а потоа планираме и извоз на јагнешкото месо во Емиратите. За остварување на овие планови, кланицата ќе биде сертифицирана за секој пазар - истакнува Арнаудовски.

„Џонсон и Филипс агро“ планираат и изградба на преработувачки капацитети за месни производи, како и отворање на синџир продавници во нашата земја. Проширувањето на производството ќе се одвива по фази, при што е планирано да се вложат уште 3-4 милиони евра.

- С` ќе зависи од потенцијалот на расположливиот добиточен фонд, можностите на пазарот и деловната соработка со земјите од арапскиот свет. Во соработка со нашите консултанти, одлучивме да влеземе во прехранбената индустрија како вистински сектор кој нуди можност за инвестирање и во тек е изработка на бизнис-план за сите активности. Планираме и изградба на погон за откуп и конзервирање на овошје и зеленчук, кое ќе биде наменето за извоз - вели Арнаудовски.

Инаку, компанијата „Џонсон и Филипс“ во Македонија е присутна од 1995 година и досега била фокусирана на извозот на електротехничка опрема од македонските производители за Пакистан и други земји. Сопственикот и почесниот конзул Билал Ахмед Kуреши, пак, е успешен и угледен бизнисмен, кој потекнува од влијателно семејство, и има голема заслуга за признавањето на Македонија под уставно име, но и за развој на економската соработка помеѓу овие две земји.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=11B5B239426AD34C8A80877B503B753F
 
Па повеќе сакам нив да ги имам за соседи него ли вас.Али ајде не е тука тема на разговор тоа така да рилекс бади...
Не е прашане што сакаме, прашане е што е. И jaс сакам Jжна Кореja или Jaпан наместо вас, ама еве... Господ вака решил. Затоа, кога мислиш на бившите Jу републики не зборуваj за соседи.
 
Не е прашане што сакаме, прашане е што е. И jaс сакам Jжна Кореja или Jaпан наместо вас, ама еве... Господ вака решил. Затоа, кога мислиш на бившите Jу републики не зборуваj за соседи.

Добро бе регионнннн бог да чува :facepalm: нели дека со вас никој не може да се споредува (y)
 
На есен нова винарска визба во Кавадарци

Германскиот сопственик планира новиот објект да биде готов до почетокот на бербата на грозје, до септември.​

getImageThumbnail.axd

Интензивно се одвиваат подготовките околу изградбата на нова винарска визба во Кавадарци од страна на германски инвеститор, информираат денеска од менаџерскиот тим на винаријата.

Германскиот сопственик планира новиот објект да биде готов до почетокот на бербата на грозје, до септември.

- За почеток треба да се откупат околу 10 милиони килограми на грозје од кои ќе се направат околу 7 милиони литри вино. Ќе се произведува само вино од повеќе вински сорти, не и ракија. Станува збор за чисто германски капитал. Се очекува да се вработат 20-тина луѓе, информираат од менаџерскиот тим.

Веќе се чисти теренот каде некогаш беше ладилникот во Кавадарци, за на негово место да се изгради новата винарска визба.​
 
Какви са проекциите за директни странски инвестиции за 2013 година?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom