Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Турски „Матек“ ќе инвестира 15 милиони евра во Македонија

Главна дејност на компанијата која е лоцирана во Анкара е производството на технолошки медицински помагала.

„Компанијата ќе произведува високи технолошки медицински прeпарати како трансбронхитални биопсиски игли, ендобронхоскопски игли, биопсиски маркери, хируршки сетови, хируршки наметки, катетери и стентови“, вели директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида.

Компанијата “Матек” која е контактирана од економскиот промотер во Анкара неколку пати во текот на последните месеци била во посета на Македонија каде е донесена одлука да инвестира во ТИРЗ Бунарџик.

Компанијата првично ќе вработи 100 лица кои ќе бидат обучени за производство на високо теxнолошки медицински препарати. За неколку години од компанијата планираат да го зголемат бројот на вработени до 300 лица.

http://www.mkd.mk/89345/ekonomija/turski-matek-ke-investira-vo-makedonija/
 
Не дека се палам нешто околу политика и партии, или имам пристрастност кон некоја партија посебно, ама сегашнава влада се гледа дека работи и влече инвестиции, колку и да има такви што сакаат да го негираат тоа. Дури и ес-де-ес луѓе си признаваат.
 
Брат, бројките не ти идат во прилог на тезата:
Статистиката ќе ја обележи 2012 та како најлоша инвестициска година!

mnr-7-564x272.jpg

Oд почетокот на годинава до септември во Македонија влегле 44,2 милиони евра странски директни инвестиции, објави Народната банка. Според податоците на НБРМ во последниот, трет квартал има одлив на инвестициите за сума од 28,3 милиони евра, во вториот квартал според официјални бројки во земјава влегле нешто помалку од еден милион евра странски директни инвестиции, а единстевно позитивен е првиот квартал односно почетокот на годината кога имало 71, 7 милиони евра.
 
Ако ги земеме во предвид и најавените инвестиции за 2013, можеме слободно да кажеме дека владава работи, а не дреме. И не мислам да расправам за политики, само се произнесов на темата.
 
Ако ги земеме во предвид и најавените инвестиции за 2013, можеме слободно да кажеме дека владава работи, а не дреме. И не мислам да расправам за политики, само се произнесов на темата.

Секоја година најавуваат големи инвестиции, ама ептен споро доаѓаат. Еве што ни најавуваа лани ова време:

ЗА 2012 ГОДИНА

Најавени 10 нови странски инвестиции

Десет странски компании се заинтересирани да инвестираат во Македонија годинава. Во текот на минатите два месеца тие до надлежните во Владата испратиле неофицијални известувања дека донеселе интерни одлуки за отпочнување инвестициски проекти во Македонија.
 
Ако ги земеме во предвид и најавените инвестиции за 2013, можеме слободно да кажеме дека владава работи, а не дреме. И не мислам да расправам за политики, само се произнесов на темата.
И доколку на тоа ги додадеме и подароците што ќе ги разнесува Дедо Мраз во периодот 2013-2018 дефинитивно може да заклучиме дека доживуваме период на хуманизам и ренесанса.
 
Што ќе биде од тој плоштад Македонија....одлично место за криенка и жмурки:pos:
Го наццкаа како никаде,ми се :place: кога ќе го видам.
Те споменици,те згради....само не простор за дишење:unsure:
 
Владате нема допирни точки ни со финансиите ни со проектот.Сите финансии ако не си прочитал ете и самиот наслов кажува ги обезбедува приватно лице.
 
luge neli gledate pred sekoja nova investicija ima edno golemo . . .. . . .. ЌЕ
ЌЕ ЌЕ ЌЕ
ЌЕ
ЌЕ
ЌЕ
ЌЕ
ЌЕ
ЌЕ
ЌЕ
ЌЕ ЌЕ
ЌЕ
ЌЕ. . .. .
па до кога бе Ќе раниме волци . . мајку ви лоповску ,
 
Ке имало нова рунда от роуд-шоуа и лов на ДСИ

Новите роуд-шоуа ќе стартуваат по локалните избори, односно од крајот на април, дознава „Утрински весник“. Први на листата за посета се двeте најголеми јужноамерикански земји Бразил и Аргентина, а делегацијата ќе биде предводена веројатно од премиерот Никола Груевски, пишува весникот.
Ако ова се случи тогаш единствен непосетен континент од македонскиот премиер во потрага по странски инвестиции ќе остане само Африка, откако Груевски веќе беше на чело на делегациите кои беа во потрага по странски инвестиции во Европа, Северна Америка, Азија и во Австралија. Лани во периодот од август до декември, Груевски двапати беше во САД.
За споредба, ниеден друг премиер на Балканот не бил во посета на толку многу континенти во потрага по странски инвестиции. За проект вреден 12 милијарди евра, како што е каналот Дунав-Морава-Вардар, српската влада деновиве во Кина го прати тамошниот министер за природни ресурси, Милан Бачевиќ.
По Бразил и Аргентина, во мај следните патувања се планирани за Франција, Швајцарија и Германија. А, по Европа, повторно на списокот е истокот. Како дестинации се таргетирани Кувајт и Оман. Во јуни на ред доаѓаат Естонија, Латвија и Русија, во септември повторно Америка, а агендата завршува со Дубаи и Абу Даби, чија посета е предвидена за октомври.
Лани во јануари, по седница на Комитетот за странски инвестиции, владата извести дека десет нови меѓународни компании неофицијално имаат испратено известување дека се донесени интерни одлуки за отпочнување инвестициски проекти во Република Македонија во текот на 2012 година, а додаде и дека уште десет други компании се блиску до носење таква одлука. Но, од ова на крајот ништо не бидна и бројот на компании кои лани донесоа конечна инвестициска одлука беше далеку помал. Исто така, нивото на странски директни инвестиции падна за над 80 отсто споредено со 2011 и тоа до нивото од само 50 милиони евра.
http://www.plusinfo.mk/vest/77511/Gruevski-i-godinava-na-pat-okolu-svetot-
 
LUGE znaete li deka vo istocna Makedonija ima firmi koi na vrabotenite i davaat po 5000-6000 den . mesecno . .
od Kocani i selata , Probistip. Makedonska Kamenica , Istibanja , Delcevo ,,,

vo nekoi firmi rabotat od 7 - 3 , pa odat na pauza 2 sati doma i posle pak gi teraat da rabotat od 5 do 7.30. ..
toa e katastrofa , nacekale nevini , nezastiteni luge ,( pretezno zeni i ),i se izivuvaat ...

TIE SE NEPRIJATELITE NA MAKEDONIJA i narodot

se ista sema , nema zakon , nema pravda .. uslovi za rabota - isto kako na ulica , greenje ne postoi..
ima li nekoj normalen koj moze da gi dovede vo red , ne znam
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom