Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Најава за инвестиција од 200 милиони евра во Џумајлија
15 Декември 2012
Нова инвестиција од 200 милиони евра, која ќе се остварува преку продажба на комплексот Џумајлија, најави премиерот на Никола Груевски. Инвеститорот најавил и изградба на голема фабрика за производство на сточка храна и млекарница, како и одгледување на 20.000 грла добиток.
Оваа инвестиција ќе донесе нови 2000 вработувања во наредните три години, и според премиерот Груевски е од големо значење за граѓаните во регионот на Овчеполието, но и за самата држава.
Компанијата ќе произведува млеко и млечни производи, а дел од производите ќе се извезуваат и надвор од Македонија. Компанијата инвеститор е фирма-ќерка на една мултинационална компанија од една поголема земја, со која имаме две историски личности што не поврзуваат, изјави Груевски.

Димовски ја кани Мицубиши да инвестира во земјоделството
15 ноември 2012
Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, вчера се сретна со генералниот директор на Мицубиши за Европа, Азија и Средниот Исток, Хирохару Окамото, кој изразил интерес за вложување во земјоделскиот сектор.
Претставници на Мицубиши се дојдени во Македонија за поблиску да се запознаат со условите за инвестирање во млечната индустрија, откупно-дистрибутивните центри, преработувачката индустрија, центрите за сушење, сечење и брзо замрзнување земјоделски производи.Министерот Димовски на средбата истакна дека Македонија е солиден производител на земјоделски производи и бележи континуиран пораст на производството и на извозот на земјоделски производи. „Во последните години активно работиме на подигнување на преработувачкиот сектор, кој претставува катализатор за вишокот земјоделски производи, а исто така и на отворање нови откупно-дистрибутивни центри, кои се потребни кај нас затоа што во Македонија земјоделските стопанства во просек се мали и немаат доволни количина за сами да излезат на пазарот. Затоа, Владата и Министерството за земјоделство канат компании кои би отвориле откупно-дистрибутивни центри, а тоа е добро и за самите фармери, бидејки ќе можат да го договорат и да го продадат своето производство“, вели Димовски.
Корпорацијата Мицубиши претставува глобална компанија која развива и работи бизниси во речиси секоја индустрија, вклучувајќи индустриски финансии, енергија, метали, машини, хемикалии, храна и бизниси кои вклучуваат заштита на животната средина. Со повеќе од 200 канцеларии и филијали во околу 90 земји во светот и мрежа од над 500 компании од групата, Мицубиши вработува мултинационална работна сила од околу 60.000 луѓе.
 
Милион евра инвестирани во млекарница во Свети Николе. За почеток ќе откупува 20 т кравјо млеко

Сабота, 22 Декември 2012 19:29

Напишано од makedonka

Над еден милион евра се инвестирани во проширување на капацитетот на светиниколската млекара Николови. Во иднина , оваа млекарница ќе откупува 20 т. сирово млеко, што е за 8 пати повеќе во однос на сегашните капацитети на млекарницата.
Поголемиот капациет, автоматски ќе значи и повеќе нови вработувања.
Мартин Николов, сопственик на Млекара „Николови“ вели дека со новата инвестиција индирекно ќе обезбеди 200 нови вработувања во Овчеполијата.
Новата млекарница значи и поголем авторитет на државата во областа на млекопроизводството.
Дејан Рунтевски, директор на Агенција за храна и ветеринарство вели дека со новата инвестиција ќе се обезбеди поголемо домашно производство на млеко и млечни производи кои се и најдобри.
Ова секако е важно, но многу поважни се други работи.
Зоран Ставревски, министер за финансии им честита на Николови за храброста да влезат во ова инвестиција.
Инаку, во источниот регион на државата има околу 20.000 крави од кои дневно се добиваат приближно 160 т.
 
У сител нема за ова
Само 50,6 милиони евра странски инвестиции до ноември годинава
Датум: 31.12.201

Само 50,6 милиони евра има на салдото на странски инвестиции заклучно со октомври годинава, објави Народната банка. Според најновите податоци, во октомври е регистриран прилив на странски капитал од 16,4 милиони евра. Карактеристично за оваа година, што се однесува до странските инвестиции е што беше забележително одлевањето на капиталот од земјава во странство. Според изјавите на гувернерот, само кон Грција се одлеале над 70 милиони евра.
Според очекувањата на Владата, годинава требаше во земјава да влезат над 350 милиони евра од странските инвеститори. Во владината програма пишува дека во 2013, приливот ќе биде поголем од 400 милиони евра, но засега не се најавуваат поголеми инвестиции.
 
Немој вака, па се е супер кај нас, инвестиции пукаат, народот е среќен, невработеноста падна под 30% (да е жива и здрава администраицијата) хехеххе.
 
И ќе кажат на Сител дека не биле тие виновни туку кризата во Еврозоната и дека од нивна страна се било ко што треба.
Лажги без опашки
 
При толку странски инвестиции, не гледам дека воопшто мрдаме напред. А што е најжално нонстоп си се задолжуваме да би исплатиле плати на администрации, пензии, субвенции. Па владо наша каде ти одат парите бе? Како сакаш некој да ти верува?
 
У сител нема за ова
Само 50,6 милиони евра странски инвестиции до ноември годинава
Датум: 31.12.201

Само 50,6 милиони евра има на салдото на странски инвестиции заклучно со октомври годинава, објави Народната банка. Според најновите податоци, во октомври е регистриран прилив на странски капитал од 16,4 милиони евра. Карактеристично за оваа година, што се однесува до странските инвестиции е што беше забележително одлевањето на капиталот од земјава во странство. Според изјавите на гувернерот, само кон Грција се одлеале над 70 милиони евра.
Според очекувањата на Владата, годинава требаше во земјава да влезат над 350 милиони евра од странските инвеститори. Во владината програма пишува дека во 2013, приливот ќе биде поголем од 400 милиони евра, но засега не се најавуваат поголеми инвестиции.

Па го имаш одговорот со болдираното што не ти е јасно??Кризата си го направи своето и ако погледнеш и во соседтството драстично се намалени странските инвестиции.
 
Јас живеам и работам во Мк, моите деца исто ќе работат во Мк, не во соседните земји. Инаку мене ми е јасно дека не ја бива работата, се работи за неуспеси кои никако да се признаат и да сопрат.
Не е ништо страшно да се изјаснат дека згрешиле во проценките, потфрлиле оваа година и дека ќе намалат од рекламите, лавовите, партиските вработувања, горивото, лаптопите,... и барокот, тогаш пеки. Ама некои се понашаат како да живеат со норвешка економија.
Jan-Oct FDI in Macedonia plunges - table

December 31, 2012 11:04 CET
SKOPJE (Macedonia), December 31 (SeeNews) – Net foreign direct investment (FDI) in Macedonia plunged to a preliminary 50.6 million euro ($66.7 million) in the ten months through October from a revised 264.1 million euro in the same period a year earlier, central bank data indicated.
Following are details posted on the central bank's website (in millions of euro):
Jan-Oct’12 Oct'12 Jan-Oct’11* Oct’11*
Net FDI 50.6 16.4 264.1 32.9
*revised
In 2011, net FDI in Macedonia doubled to a revised 336.8 million euro.
($=0.7585 euro)
 
Знаеш што се 50 милиони евра на ниво на држава?

Н И Ш Т О!

Исто како некој од надвор да инвестира 1.500 денари во тебе а си очекувал мин 11.000 ден.

Да бидеме среќни што Македонија има еден куп гастербајтери па тие носат доста пари од надвор (околу милијарда евра годишно) иначе црно ни се пишува. А некои инвестиции што ги пишат како "странски" уствари се нашинци со странски пасош што отвараат компании тука за да се слика владата
 
Бројките за растот на БДП и СДИ намерно се грешат, бидејќи во приходите во буџетот се вметнува и овој раст.
А бидејќи е напумпана бројката за приходи тогаш лесно е да се напумпа бројката за расходите, под изговор дека приходите ќе се зголемуваат и ќе ги покриваат.
Сега кога се увидува фактичката состојба наместо да се скрати од расходите се оди со другото решение, енормно задолжување на домашниот и странскиот пазар. Тоа моментално го решава проблемот, ама создава проблеми за во иднина.

Заклучок, бројките намерно се пумпаат за да се има алиби за задолжувањата што се случуваат.

ОТ: Кај ни е Лавот?
 
Јас живеам и работам во Мк, моите деца исто ќе работат во Мк, не во соседните земји. Инаку мене ми е јасно дека не ја бива работата, се работи за неуспеси кои никако да се признаат и да сопрат.
Не е ништо страшно да се изјаснат дека згрешиле во проценките, потфрлиле оваа година и дека ќе намалат од рекламите, лавовите, партиските вработувања, горивото, лаптопите,... и барокот, тогаш пеки. Ама некои се понашаат како да живеат со норвешка економија.
Jan-Oct FDI in Macedonia plunges - table

December 31, 2012 11:04 CET
SKOPJE (Macedonia), December 31 (SeeNews) – Net foreign direct investment (FDI) in Macedonia plunged to a preliminary 50.6 million euro ($66.7 million) in the ten months through October from a revised 264.1 million euro in the same period a year earlier, central bank data indicated.
Following are details posted on the central bank's website (in millions of euro):
Jan-Oct’12 Oct'12 Jan-Oct’11* Oct’11*
Net FDI 50.6 16.4 264.1 32.9
*revised
In 2011, net FDI in Macedonia doubled to a revised 336.8 million euro.
($=0.7585 euro)

Добро и ти и твоите деца работите И??Кажи ми кои се тие неуспеси за кои збориш??Отвори си НБРМ и ќе ги видиш реалните проценки за секоја наредна година што мора да веруваш на секој новинар што ќе напише.Имаш голем одлив на капиталот,имаш економска криза,имаш намалени инвестиции во цела Европа што очекуваше ти 1 милијарда странски инвестиции??

Знаеш што се 50 милиони евра на ниво на држава?

Н И Ш Т О!

Исто како некој од надвор да инвестира 1.500 денари во тебе а си очекувал мин 11.000 ден.

Да бидеме среќни што Македонија има еден куп гастербајтери па тие носат доста пари од надвор (околу милијарда евра годишно) иначе црно ни се пишува. А некои инвестиции што ги пишат како "странски" уствари се нашинци со странски пасош што отвараат компании тука за да се слика владата
Па ете има и среќни сме и како што гледам не ни се пишува црно.Кои се тие инвестиции од нашинци со странски пасоши дај појасни??Ако големиве странски корпорации што имаат инвестирано и во околните земји т.е нашите соседи ги сметаш за нашинци со странски пасош незнам стварно што да ти кажам.Од каде бе се појавивте одеднаш толку економисти по темиве не ми е јасно :cautious:
 
Добро и ...??
Да напишев и за внуците ...се сфаќаш буквално. Ќе-е клучниот збор, значи иднината. Не ме интересира сосед или криза. И кога ќе се појават вакви поразителни показатели никако да излезат со информација...наместо да трошат како да сме Норвешка. Врз која основа е правена проекција од 260 милиони сди ако никој не вложува и ако е криза? Или се работи за погрешни проекции за кои некој треба да одговори или за намерно конструирани лиферувани информации во јавност за кои пак некој треба да одговори. А никој не одговара, се е "нормално"
Еве уште една информација. Новинарите кога пишуваат за Бум и успеси, се е ок. Кога пишуваат за порази и падови, поим немаат, ништо не разбираат

Во Македонија влегле 44 милиони евра странски инвестиции
Заклучно со септември годинава во Македонија влегле 44,2 милиони евра странски директни инвестиции, покажуваат податоците на Народна банка. Забележително е што во првите девет месеци од годинава има одлив на десетици милиони евра акционерски капитал, како и на парични средства од постојните странски компании во земјава, што е најголемата причина што статистиката регистрира толку ниско ниво на странски директни инвестиции.
 
Добро и ти и твоите деца работите И??Кажи ми кои се тие неуспеси за кои збориш??Отвори си НБРМ и ќе ги видиш реалните проценки за секоја наредна година што мора да веруваш на секој новинар што ќе напише.Имаш голем одлив на капиталот,имаш економска криза,имаш намалени инвестиции во цела Европа што очекуваше ти 1 милијарда странски инвестиции??

Па ете има и среќни сме и како што гледам не ни се пишува црно.Кои се тие инвестиции од нашинци со странски пасоши дај појасни??Ако големиве странски корпорации што имаат инвестирано и во околните земји т.е нашите соседи ги сметаш за нашинци со странски пасош незнам стварно што да ти кажам.Од каде бе се појавивте одеднаш толку економисти по темиве не ми е јасно :cautious:
Што сте запнале со тоа екониомска криза е, само како податок, порше фабриката отвори нова фарбара во Германија која вреди 500м евра ние неможеме цела година да собереме ебани 50м евра инвестиции.

Немој да ме јебеш со овие партиски пропаганди, бар до толку разбираме
 
Да напишев и за внуците ...се сфаќаш буквално. Ќе-е клучниот збор, значи иднината. Не ме интересира сосед или криза. И кога ќе се појават вакви поразителни показатели никако да излезат со информација...наместо да трошат како да сме Норвешка. Врз која основа е правена проекција од 260 милиони сди ако никој не вложува и ако е криза? Или се работи за погрешни проекции за кои некој треба да одговори или за намерно конструирани лиферувани информации во јавност за кои пак некој треба да одговори. А никој не одговара, се е "нормално"
Еве уште една информација. Новинарите кога пишуваат за Бум и успеси, се е ок. Кога пишуваат за порази и падови, поим немаат, ништо не разбираат.

Во Македонија влегле 44 милиони евра странски инвестиции
Заклучно со септември годинава во Македонија влегле 44,2 милиони евра странски директни инвестиции, покажуваат податоците на Народна банка. Забележително е што во првите девет месеци од годинава има одлив на десетици милиони евра акционерски капитал, како и на парични средства од постојните странски компании во земјава, што е најголемата причина што статистиката регистрира толку ниско ниво на странски директни инвестиции.

А кој треба да те интересира ако не соседите?Грција е најголем инвеститор во Македонија од кога знам за себе.Гледаш сега каде е Грција??Ти се разјасни малце од малце?Проекцијата е правена ако не се лажам според 4 годишна програма.Е сега ако стегне криза никој не ти гарантира дека ќе го исполниш тоа што си го предвидел.Па ете бе читаш дека има одлив на странски капитал од земјава кој е поголем сигурно пута три од странскиве инвестиции.

Што сте запнале со тоа екониомска криза е, само како податок, порше фабриката отвори нова фарбара во Германија која вреди 500м евра ние неможеме цела година да собереме ебани 50м евра инвестиции.

Немој да ме јебеш со овие партиски пропаганди, бар до толку разбираме
И Емиратите инвестираат во стадион среде пустина кој кошта 900 мил.долари и ангажираат цела машинерија луѓе.Мислам споредбиве ти се катастрофа.Абе гледај малце тука локално далеку сме ние од Германија и западот..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom