Најава за инвестиција од 200 милиони евра во Џумајлија
15 Декември 2012
Нова инвестиција од 200 милиони евра, која ќе се остварува преку продажба на комплексот Џумајлија, најави премиерот на Никола Груевски. Инвеститорот најавил и изградба на голема фабрика за производство на сточка храна и млекарница, како и одгледување на 20.000 грла добиток.
Оваа инвестиција ќе донесе нови 2000 вработувања во наредните три години, и според премиерот Груевски е од големо значење за граѓаните во регионот на Овчеполието, но и за самата држава.
Компанијата ќе произведува млеко и млечни производи, а дел од производите ќе се извезуваат и надвор од Македонија. Компанијата инвеститор е фирма-ќерка на една мултинационална компанија од една поголема земја, со која имаме две историски личности што не поврзуваат, изјави Груевски.
Димовски ја кани Мицубиши да инвестира во земјоделството
15 ноември 2012
Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, вчера се сретна со генералниот директор на Мицубиши за Европа, Азија и Средниот Исток, Хирохару Окамото, кој изразил интерес за вложување во земјоделскиот сектор.
Претставници на Мицубиши се дојдени во Македонија за поблиску да се запознаат со условите за инвестирање во млечната индустрија, откупно-дистрибутивните центри, преработувачката индустрија, центрите за сушење, сечење и брзо замрзнување земјоделски производи.Министерот Димовски на средбата истакна дека Македонија е солиден производител на земјоделски производи и бележи континуиран пораст на производството и на извозот на земјоделски производи. „Во последните години активно работиме на подигнување на преработувачкиот сектор, кој претставува катализатор за вишокот земјоделски производи, а исто така и на отворање нови откупно-дистрибутивни центри, кои се потребни кај нас затоа што во Македонија земјоделските стопанства во просек се мали и немаат доволни количина за сами да излезат на пазарот. Затоа, Владата и Министерството за земјоделство канат компании кои би отвориле откупно-дистрибутивни центри, а тоа е добро и за самите фармери, бидејки ќе можат да го договорат и да го продадат своето производство“, вели Димовски.
Корпорацијата Мицубиши претставува глобална компанија која развива и работи бизниси во речиси секоја индустрија, вклучувајќи индустриски финансии, енергија, метали, машини, хемикалии, храна и бизниси кои вклучуваат заштита на животната средина. Со повеќе од 200 канцеларии и филијали во околу 90 земји во светот и мрежа од над 500 компании од групата, Мицубиши вработува мултинационална работна сила од околу 60.000 луѓе.