i prav i kriv 250 eura zijan

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
- ако имаш пари ќе се осигуриш каско :toe:
- ако си тенок со пари кога возиш ќе отвориш 6 очи, ко пајакот :vozbud:
- ако си голтар, форд табанус, точак или градски автобус :baeh:
.. туку никој не напиша што ако другиот учесник не е регистриран, нема дозвола,тапа пијан, избега или е со бугарски табли, кој ги плаќа 500 (250 евра )???:nesum:
Погоди кој плаќа? Знам дека можеш/
А да погодам дека никој од вас не го прочитал мојот пост од погоре?
 
T

Tetro

Гостин
А да погодам дека никој од вас не го прочитал мојот пост од погоре?
прочитав, златен. И сум бил у таква ситуација, па моравме да вртиме тоа телефоните за некој да донесе Европски извештај за да потполниме. Поука за другпат, секогаш носете си го во кола.
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487
.. туку никој не напиша што ако другиот учесник не е регистриран, нема дозвола,тапа пијан, избега или е со бугарски табли, кој ги плаќа 500 (250 евра )???:nesum:
Погоди кој плаќа? Знам дека можеш/
Во тој случај никој не плаќа, напротив тогаш законски си обврзан да повикаш полиција.
За да се разјаснат работите, еве ги членовите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата во РМ:

Член 225
(1) Возачите - учесници во сообраќајна незгода во која е предизвикана мала материјална штета, се должни веднаш да ги отстранат возилата од коловозот, да овозможат непречено одвивање на сообраќајот и да го пополнат и потпишат Европскиот извештај за сообраќајна незгода.
(2) Европскиот извештај за сообраќајна незгода од ставот (1) на овој член возачите- учесници во сообраќајната незгода го пополнуваат и потпишуваат кога се согласни за начинот на кој се случила сообраќајната незгода.
(3) Европскиот извештај за сообраќајна незгода не се пополнува и потпишува во случај на сообраќајна незгода во која има повредени или загинати лица.
(4) Европскиот извештај за сообраќајна незгода од ставот (1) на овој член го прави достапен за учесниците во сообраќајот Националното биро за осигурување на Република Македонија.
(5) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот- учесник во сообраќајна незгода кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Член 226
Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи се должни да излезат на местото на сообраќајната незгода во која е предизвикана мала материјална штета, ако тоа го бара едниот од учесниците во сообраќајната незгода и тоа во случаи, кога:
- едно од возилата нема регистарски таблици или истото не е осигурано,
- едно од возилата има странска регистарска таблица,
- еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции,
- еден од возачите не поседува соодветна возачка дозвола,
- возачите не можат да ги усогласат мислењата во врска со начинот и околностите под кои се случила сообраќајната незгода,
- еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци, односно податоците за возилото или
- еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода.
:salut:
 
C

cige

Гостин
Европски извештај за сообраќајни незгоди
Во сите Together салони бесплатно можете да го подигнете Европскиот извештај за сообраќајни незгоди.

Европскиот извештај е формулар што се користи при сообраќајната незгода со мала материјална штета. При сообраќајната незгода се пополнува без да се вика полиција на увид.

Европскиот извештај служи за утврдување на фактичка состојба и не значи дека помеѓу возачите е постигната согласност за вината на сообраќајната незгода ниту дека со потписот се признава вина.

Тој е задолжителен и мора да се издава при осигурување на возилата со секоја регистрација.

При сообраќајна незгода со мала материјална штета, формуларот се пополнува и се разменуваат полисите за осигурување. Но ако возилата не ги отстраните од местото на несреќата и повикате полиција при тоа инсистирате да ви направи увид, полицијата ќе ве казни со 250 евра.

При сообраќајна незгода, веднаш на лице место треба да повикате полиција, освен во следниве случаи при кои се пополнува Европски извештај:

-кога се работи за мала материјална штета односно кога е настаната штета на објекти и возила на кои не им се оштетени виталните делови за управување и запирање, а возилата можат самостојно да се движат по патот.

Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи се должни да излезат на местото на сообраќајната незгода во која е предизвикана мала материјлна штета, доколку тоа го бара едниот од учесниците во сообраќјната незгода и тоа во случаи, кога:

кога има повредени лица
едно од возилата нема регистарски таблици или истото не е осигурано
едно од возилата има странски регистарски таблици
еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции
еден од возачите не поседува ссодветна возачка дозвола
еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци, односно потадоците за возилото
еден од возачите го напуштил местото на сообрќајната незгода

извор
Еве како ме закачи еден тип, ама не го потполнив извештајот затоа што видов дека беше еден стар и сиромав човек и одма се исплаши. Тој беше со едно југо и му се откорна браникот а цела задница му беше рѓосана и од сожалување само му реков "бегај". Дали згрешив? Колку пари ќе ме чини оаа корекција?

ferdzo(hacker) :)

Македонче
Член од
19 април 2013
Мислења
115
Поени од реакции
14

Евтинко до кај 200 евра
 
C

cige

Гостин
Евтинко до кај 200 евра
За што 200 евра? Нова задница да не треба да купувам? Си имал некогаш работа со автолакер? Ќорав си? Или така ден губиш на форумов?

Админи дај поштедете го форумов од вакви дебили.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Еве како ме закачи еден тип, ама не го потполнив извештајот затоа што видов дека беше еден стар и сиромав човек и одма се исплаши. Тој беше со едно југо и му се откорна браникот а цела задница му беше рѓосана и од сожалување само му реков "бегај". Дали згрешив? Колку пари ќе ме чини оаа корекција?

Ќе си купиш од бензинска 2-3 литри безоловен бензин,убава мека 100% памучна крпа и полир паста соодветна со бојата.
Откако ке го измиеш крилото и браникот со вода нежно крпата натопена со бензин неколку пати ќе пребришаш.
Кога ќе се избришат белите линии и откако ќе се исуши убаво со друга памучна крпа ќе премачкаш со полир паста.
Откако ќе се исуши полир пастата со друга памучна крпа ќе вртиш мали кругови околу гребаниците.
Постапкиве треба да ги повториш најмалку 3-5 пати
 
Нели сите бензини се безоловни?
 
ferdzo(hacker) :)

Македонче
Член од
19 април 2013
Мислења
115
Поени од реакции
14
За што 200 евра? Нова задница да не треба да купувам? Си имал некогаш работа со автолакер? Ќорав си? Или така ден губиш на форумов?

Админи дај поштедете го форумов од вакви дебили.
Не сфаќаш мајтап.

До 1000ка отприлика. Ќе исчистиш ко шо ти кажа Fringe и средено.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.715
Има друга работа со Европскиот записник...Не се одредува од самите учесници кој е виновен туку само фактите да ги потврдат, позиција на возилата , слика со мобилен а компаниите треба да одредат кое возило е виновно. Има и други работи со Европски записник, една наша осигурителна компанија има тужено двајца и ги одра, ем не им призна ем дебели судски трошоци ( скапи вештачења). Најверојатно едниот имал каско или едниот имал многу скапа кола, па тужени се дека инсценирале судар со мала брзина а направиле огромна штета, наводно тој напред имал кука ( незаконски) а по удесот ја извадил. По вештачењето е докажано дека главната голема штета не е од удар со таа брзина туку имало кука или слично а кое е демонтирано при увид во осигурателната компанија.
А најново читав во Хрватска дека почнаа и каско да не плаќаат ако си бил непрописно паркиран ??
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Еве како ме закачи еден тип, ама не го потполнив извештајот затоа што видов дека беше еден стар и сиромав човек и одма се исплаши. Тој беше со едно југо и му се откорна браникот а цела задница му беше рѓосана и од сожалување само му реков "бегај". Дали згрешив? Колку пари ќе ме чини оаа корекција?

Шо кола е ова, и од кој град си?
 
C

cige

Гостин
Има друга работа со Европскиот записник...Не се одредува од самите учесници кој е виновен туку само фактите да ги потврдат, позиција на возилата , слика со мобилен а компаниите треба да одредат кое возило е виновно. Има и други работи со Европски записник, една наша осигурителна компанија има тужено двајца и ги одра, ем не им призна ем дебели судски трошоци ( скапи вештачења). Најверојатно едниот имал каско или едниот имал многу скапа кола, па тужени се дека инсценирале судар со мала брзина а направиле огромна штета, наводно тој напред имал кука ( незаконски) а по удесот ја извадил. По вештачењето е докажано дека главната голема штета не е од удар со таа брзина туку имало кука или слично а кое е демонтирано при увид во осигурателната компанија.
А најново читав во Хрватска дека почнаа и каско да не плаќаат ако си бил непрописно паркиран ??
Куката мора да биде извадена ако не ја користиш во моментот. Сум видел таков случај каде што на другото возило имаше топка отцртана и јасно беше дека е од кука. Не ме чуди случајов, лесно се препознава во вештачење со колкава брзина може да се направи колкава штета.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Еве како ме закачи еден тип, ама не го потполнив извештајот затоа што видов дека беше еден стар и сиромав човек и одма се исплаши. Тој беше со едно југо и му се откорна браникот а цела задница му беше рѓосана и од сожалување само му реков "бегај". Дали згрешив? Колку пари ќе ме чини оаа корекција?

Абе ако е стар и сиромав нема он да ја плати штетата, доколку нормално му е регистрирана и осигурана. Мене ме удри еден одејќи во рикверц и ми се скршија фарот и трепкачот. Со европски се договоривмо даде изјава на нотар дека е крив и неговото осигурање ми плати не он. Така да немал ода го оштетиш човекот а би зел најмалку 3 до 4 илјади зависно од тоа колку вештакот ќе ти процени.
Во мојот случај ми исплатија и за работна рака е сега фарот и трепкачот сам си ги заменив и тие пари останаа за мене ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom