i prav i kriv 250 eura zijan

Член од
20 април 2009
Мислења
33
Поени од реакции
0
Denovive bev taka reci ,,iznenaden,, od sluckata na eden moj prijatel, koj imal udes t.e. sobrajcajka so ne tolku golema steta no bil potpolno vo pravo. I sega posto drugava strana negira (sto znaci idi uvidna policija) pri sto im kazuva deka so najnovite izmeni na zakonot dvete strani se obvrzani da platat po 250e.:nesvest: Zosto? Pa taka velel zakonot demek so najverovatno i ako e vistina go ima sostavuvano nekoj tezok birokratskomoronski visoko politicki aktiven ,,lizac,, koj izgleda da gi posdeti nasive organi pri MVR izdava vakov akt. I mozebi nekade cudno no kaj nas normalno se obiduvam da najdam logika vo sevo ova no bezuspesno. Pa zatoa molam do forumov ako nekoj mozi da mi pomogni da go svatam ova t.e. dokolku nekoj imal iskustvo so sl. situacija
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.356
Поени од реакции
621
500евра е наводно трошокот за да дојдат на увид ...
ако е потешка сообраќајна незгода со повреди или голема оштета на некое од возилото не е проблем ..
ама ако ги викнале и плус закочиле сообраќај за мала незгода тогаш треба да одат во Осигурувањето (на колата) да им ги покрие трошоците .. кај оној кој е крив .. ако не направат така у секој случај си го плаќаат увидот 500евра по пола :)

овака нешто мислам дека е .. ама не сум сигурен ..
и мене ме буни што ако еден од двајцата се буни и несака да прифати ...
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.507
Дај бе не зезај, полицијата не е приватна. Данокот за што го плаќаме !?

Ако ова е вистина, тогаш да ти ебам (нека стои ова ебам) државата глупа.
 

Apokalipto

(М)
Член од
4 март 2007
Мислења
15.578
Поени од реакции
2.573
Дај бе не зезај, полицијата не е приватна. Данокот за што го плаќаме !?

Ако ова е вистина, тогаш да ти ебам (нека стои ова ебам) државата глупа.
Па со новите измени т.е воведувањето на Европскиот Извештај како задолжителен за секое возило, полицијата наплаќа дебели суми ако е повикана при мали оштетувања (оштетувања при кои возилата може без проблеми да се движат во сообраќајот), за секоја ситница возачите пополнуваат Европски Извештај и со нив подоцна осигурањето им исплаќа.

п.с полицијата ја плаќа оној кој ја повикал
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
486
Да, за штета помала од 45.000 денари (не сум 100% сигурен за сумава) не смее да се повикува полиција.
За мала штета, полиција се повикува само доколку се работи за сообраќајка со возило со странски таблички, доколку возачот нема дозвола или пак истиот е под дејство на алкохол/дрога.

Јас лично за малку вака ќе налепев. За обична гребнатинка и штета помала од 10еура сакаа да се повика полиција. Само ги известив за измените и им реков дека доколку викнат полиција, јас немам намера да плаќам 250еура глоба. Се се среди со европскиот извештај без проблем.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.507
Па со новите измени т.е воведувањето на Европскиот Извештај како задолжителен за секое возило, полицијата наплаќа дебели суми ако е повикана при мали оштетувања (оштетувања при кои возилата може без проблеми да се движат во сообраќајот), за секоја ситница возачите пополнуваат Европски Извештај и со нив подоцна осигурањето им исплаќа.

п.с полицијата ја плаќа оној кој ја повикал
Ајдееее... е ова не го знаев. Работава ќе почнат да се караат кој да не се јави во полиција. Се нешто европско воведуваат, а платине уште пакистански...цц.ц.ц.

Од нигде некаде добив инспирација за мала преработка на нашата позната „Т`га за југ“:

Печалбарска

Дајте ми зелена карта од тука да си летнам
И негде во асална земја да си прелетнам.
Да видам дали и таму,
Законите се глупави како и ваму.

Ако `ко ваму глупави закони ме сретнат,
Барем со асална плата нека ме просветлат.
Ќе работам ако треба и прекувремено,
Само платата да стигне навремено.

Тука е за нигде и смрди на партија,
И во свој дом се чуствуваш `ко под кирија.
Доколку немаш книшка со тапија,
Подобро главата ти наведни ја.

Не јас не можам тука да живеам,
Не јас не можам тука да работам,
Цел месец ко црнец р`мбам,
За на крај од платата да се срамам.

Затоа в туѓина ќе си одам,
Каде платата со радост ќе ја чекам.
И кога кредит од банка ќе земам,
Не мора душата под наем да ја дадам.

Таму и закони да царуваат,
Со големи плати, сите ќе ги почитуваат.​
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
3.993
Поени од реакции
2.363
Ебати европскиот извештај, кај го има ова бе да ти наплаќа полиција за увид? Па како да земам пари од осигурување ако немам полициски записник? Плаќаме осигурување, технички преглед, изградба на нови патишта и уште 15-сетина давачки при регистрација на возило. После иде да плаќаме патарина за користење на автопат, иако е истата веќе наплатена при регистрација, плаќаме акциза на нафтени деривати... и сега полицијата нема пари па ќе работи како приватна компанија?! Не шишаат како овци!!

Ако се плаќаат општествените услуги на државните институции, зошто тогаш плаќам јас 18% ддв, данок на имот и слични срања?
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
486
Па како да земам пари од осигурување ако немам полициски записник?
Нема полициски записник, ама затоа го имаш европскиот извештај. На лице место двата учесници го пополнуваат, потпишуваат, а убаво е ако може со мобилен или сл. да се направи некоја слика. Кажав јас претходно, имав едно вакво искуство и осигурувањето не правеше никаков проблем со европскиот извештај.

Јас се сложувам да не се повикува полиција за банални прекршоци. Пр.за обична гребнатинка на браникот, штетата е незначителна ,а двете возила треба да седат и да го блокираат патот, па полицијата да направи уште поголема гужва кога ќе дојде...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.738
Поени од реакции
7.275
Е тоа го викаме ние ебал неебал се брои.
 

Apokalipto

(М)
Член од
4 март 2007
Мислења
15.578
Поени од реакции
2.573
Европски извештај за сообраќајни незгоди
Во сите Together салони бесплатно можете да го подигнете Европскиот извештај за сообраќајни незгоди.

Европскиот извештај е формулар што се користи при сообраќајната незгода со мала материјална штета. При сообраќајната незгода се пополнува без да се вика полиција на увид.

Европскиот извештај служи за утврдување на фактичка состојба и не значи дека помеѓу возачите е постигната согласност за вината на сообраќајната незгода ниту дека со потписот се признава вина.

Тој е задолжителен и мора да се издава при осигурување на возилата со секоја регистрација.

При сообраќајна незгода со мала материјална штета, формуларот се пополнува и се разменуваат полисите за осигурување. Но ако возилата не ги отстраните од местото на несреќата и повикате полиција при тоа инсистирате да ви направи увид, полицијата ќе ве казни со 250 евра.

При сообраќајна незгода, веднаш на лице место треба да повикате полиција, освен во следниве случаи при кои се пополнува Европски извештај:

-кога се работи за мала материјална штета односно кога е настаната штета на објекти и возила на кои не им се оштетени виталните делови за управување и запирање, а возилата можат самостојно да се движат по патот.

Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи се должни да излезат на местото на сообраќајната незгода во која е предизвикана мала материјлна штета, доколку тоа го бара едниот од учесниците во сообраќјната незгода и тоа во случаи, кога:

кога има повредени лица
едно од возилата нема регистарски таблици или истото не е осигурано
едно од возилата има странски регистарски таблици
еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции
еден од возачите не поседува ссодветна возачка дозвола
еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци, односно потадоците за возилото
еден од возачите го напуштил местото на сообрќајната незгода

извор
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.224
Поени од реакции
704
Значи си минувам на зелено и некој што минува на црвено ме бапне здраво.Повикам полиција ни крив ни должен 250 евра.
Ме интересира дали овие 250 евра може да се повратат односно да ги покрие осигурувањето или виновникот или ти се чиста загуба.
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
486
Значи си минувам на зелено и некој што минува на црвено ме бапне здраво.Повикам полиција ни крив ни должен 250 евра.
Ме интересира дали овие 250 евра може да се повратат односно да ги покрие осигурувањето или виновникот или ти се чиста загуба.
Ќе си повикаш полиција. Во таков случај, поминување на црвено и “здраво бапнување“, штетата сигурно нема да биде минимална а плус ако има некој повреден ЗАДОЛЖИТЕЛНО мора да се повика.
Колку што сум јас запознаен, осигурувањето не ги покрива тие 250 евра.
 

антонија

модел
Член од
22 август 2010
Мислења
144
Поени од реакции
6
Denovive bev taka reci ,,iznenaden,, od sluckata na eden moj prijatel, koj imal udes t.e. sobrajcajka so ne tolku golema steta no bil potpolno vo pravo. I sega posto drugava strana negira (sto znaci idi uvidna policija) pri sto im kazuva deka so najnovite izmeni na zakonot dvete strani se obvrzani da platat po 250e.:nesvest: Zosto? Pa taka velel zakonot demek so najverovatno i ako e vistina go ima sostavuvano nekoj tezok birokratskomoronski visoko politicki aktiven ,,lizac,, koj izgleda da gi posdeti nasive organi pri MVR izdava vakov akt. I mozebi nekade cudno no kaj nas normalno se obiduvam da najdam logika vo sevo ova no bezuspesno. Pa zatoa molam do forumov ako nekoj mozi da mi pomogni da go svatam ova t.e. dokolku nekoj imal iskustvo so sl. situacija
дедо ми го удрија од позади со кола а тој беше на мотор за срека само му беше напукната раката и гребнатинки.
Оде во суд нели полицијата тера постапка.тој нормално се бранеше и испадна дека дедо ми си правел финти со моторот си шетал од едната страна на патот до другата (верувам дека и судијата не би поверувал дека тоа би го направил 70 годишен човек) и му стигна на дедо да плате 500 евра штета и 100 евра судски трошок
п.с другар ти мозел да помине и со 500 евра го фанал потанкиот крај.СО ЕДЕН ЗБОР СУДСВОТО Е ОЧАЈНО БЕГАЈ ОД ТАМУ.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
11.652
Поени од реакции
5.489
- ако имаш пари ќе се осигуриш каско :toe:
- ако си тенок со пари кога возиш ќе отвориш 6 очи, ко пајакот :vozbud:
- ако си голтар, форд табанус, точак или градски автобус :baeh:
.. туку никој не напиша што ако другиот учесник не е регистриран, нема дозвола,тапа пијан, избега или е со бугарски табли, кој ги плаќа 500 (250 евра )???:nesum:
 
T

Tetro

Гостин
.. туку никој не напиша што ако другиот учесник не е регистриран, нема дозвола,тапа пијан, избега или е со бугарски табли, кој ги плаќа 500 (250 евра )???:nesum:
Погоди кој плаќа? Знам дека можеш/
 
На врв Bottom