Европски извештај за сообраќајни незгоди
Во сите Together салони бесплатно можете да го подигнете Европскиот извештај за сообраќајни незгоди.
Европскиот извештај е формулар што се користи при сообраќајната незгода со мала материјална штета. При сообраќајната незгода се пополнува без да се вика полиција на увид.
Европскиот извештај служи за утврдување на фактичка состојба и не значи дека помеѓу возачите е постигната согласност за вината на сообраќајната незгода ниту дека со потписот се признава вина.
Тој е задолжителен и мора да се издава при осигурување на возилата со секоја регистрација.
При сообраќајна незгода со мала материјална штета, формуларот се пополнува и се разменуваат полисите за осигурување. Но ако возилата не ги отстраните од местото на несреќата и повикате полиција при тоа инсистирате да ви направи увид, полицијата ќе ве казни со 250 евра.
При сообраќајна незгода, веднаш на лице место треба да повикате полиција, освен во следниве случаи при кои се пополнува Европски извештај:
-кога се работи за мала материјална штета односно кога е настаната штета на објекти и возила на кои не им се оштетени виталните делови за управување и запирање, а возилата можат самостојно да се движат по патот.
Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи се должни да излезат на местото на сообраќајната незгода во која е предизвикана мала материјлна штета, доколку тоа го бара едниот од учесниците во сообраќјната незгода и тоа во случаи, кога:
кога има повредени лица
едно од возилата нема регистарски таблици или истото не е осигурано
едно од возилата има странски регистарски таблици
еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции
еден од возачите не поседува ссодветна возачка дозвола
еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци, односно потадоците за возилото
еден од возачите го напуштил местото на сообрќајната незгода
извор