House of the Dragon

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

За кој тим сте во војната наречена „Танц на змејовите“?

  • Тимот на ЦРНИТЕ - Кралицата Ренира I

  • Тимот на ЗЕЛЕНИТЕ - Кралот Егон II

  • Неопределен

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Зашо сите црнци не ги напраиле?

расисти...
Јас иам прашање .....

Шо кур толку вложиле во волку графика во оваа серија а претходно Game of thrones плачеше да добие денарче екстра ,а кога доби, малку у последна сезона,посраа сфе :LOL:
 
Судејки од трејлерот за втора сезона има две сцени кои се интересни најважната е со круната на Ренира како паѓа на земја што значи оваа сезона она умира и втора сцена со Демон како гледа кон тронот тоа е истата визија/сон која ја имаше и Денерис но знаеме како заврши.
 
Ја репризирав цела прва сезона. Многу работи имав заборавено, а и дефинитивно има поголем импакт со бинџање отколку да чекаш недела за недела како првиот пат кога ја гледав. Сега едвај чекам да пројдат 5 дена!
 
Ауу која емоција пренесе... адекватен збор би бил ужас или престрашеност.Глумата и беше врв.
GQZyngDawAA_6z_
 
Мислам разликата меѓу оваа серија и ГоТ е тоа што имаме премногу спојлери, т.е не спојлери туку тоа што веќе сите ја знаат приказната од освојувањето на Егон I па се до крајот на династијата Таргериен и настаните од ГоТ.

Просто може да отвориш на интернет и да прочиташ мал милион работи за тој период од 300 години епска фантазија.

Работите се сведуваат на тоа да има добра глума, добар тек, јаки кадри, борба со змејови, тука-таму некои изненадувања и тоа е.
Прогресираше серијата во однос на стартот, ама хајпот некако мене не ми го исполнува.
 
Се ова, и плус огромна разлика е што тука дејството тече некако полинеарно, пофокусирано е, односно се следат два табори само, и ако не сме во Кингс Лендинг, сме во Дрифтмарк или Драгонстон. Во GoT го имавме цел Вестерос: една сцена во една куќа, друга во друга, трета во трета и завршила епизодата. Имаше дешавки за кои епилогот го дознававме по неколку епизоди или дури по неколку сезони, а за некои дури никогаш и не го дознавме. И плус временски дејството не течеше со исто темпо секаде што често водеше до заблуди. А инаку - спојлери имаше и таму, мене за црвената свадба ме спојлнаа многу пред неа. Освен за крајните сезони кога веројатно ни креаторите на шоуто не знаеа како ќе заврши.

Инаку, огромен дел од дејството тука, во HotD го знаеме од самата GoT, што и не може да се смета за спојлер. Мене искрено, не ми смета што знам што ќе се случи. Сум гледал и други серии во кои од старт сум знаел што ќе се случи, па сепак ми биле одлични. Еве прва на која ми текнува: The Crown.
 
Fire & Blood е 700 страни книга во која е раскажана историјата а серијата обработува само дел од таа книга, прајме муабет за 2 сезони од 300 страни книга без дијалози. Не се споредува со материјалот кој го имаше ГОТ. Како шо рече глумата ќе ја дефинира оваа серија, ме бендиса лично тоа што не се фаворизира никој табор, според мене тоа треба да се форсира дека и двете страни се лоши и гледачот да бира помало зло. Засега добро оди во таа насока.

Како одат епизодите? Во недела на ТВ и понеделник на платформата?
 
Последно уредено:

Мислам во недела према понеделник во 3 сабајле е епизодата.
 
Супер почна со првата сезонава, ама не продолжи баш најсјајно во втора епизода. Некако џабе траеше 76 минути кога беше апла филер цела сезона. Ниту се случи нешто суштински, ниту се ставија некои процеси in motion кои би резултирале со нешто огтомно во наредните епизоди.

Само надевам само дека одлукиве кои некои од карактерите ги направија оваа сезона, поготово оние глупи одлуки, ќе имаат некакви репрекусии врз нив, како што беше во првите 4 сезони од Game of Thrones.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom