За вкусовите не се дискутира, ама постојат неспорни квалитетни брендови кои се општо прифатени како такви (Кока кола можеби на некому не му е вкусна- но глупо е да се каже на база на индивидуално искуство дека кока-кола не е добар пијалок, можеби некој не се сложува со информациите во ЊуЈорк Тајмс- но тој сепак е најдобар весник во светот, можеби некој ја презира Барселона- но таа е освои се што можеше да се освои во фудбалскиот свет :wink:, можеби некој кашла од Марлборо- сепак тоа не ги прави лоша марка на цигари).
Истото се случува во светот на филмот, некои луѓе едноставно имаат негативно мислење за филмски џинови од типот на Кум, Шиндлерова листа, Таксист, Беше еднаш во Америка... или за актери од типот на Николсон, Хофман, Брандо, Њуман, Пачино, Дениро, Хопкинс... И не велам дека тоа е лоша работа (тоа е нивен вкус), но тоа не ги прави истите- лоши филмови/актери.
Лошо станува кога тие типови (кои се сретнуваат по кафулиња, на работа, во училишта, автобуси, форуми...насекаде со еден збор) почнуваат тврдоглаво да го бранат своето мислење со ирационални, необјективни и идиотски аргументи. Истиот што смета дека Kум е досаден филм ќе каже дека ужива додека го гледа "Борновиот идентитет" или "Војна на световите" или "Матрикс". И тоа е во ред, не се лутам што на таквите не им се допаѓа Кум или што преферираат други жанрови, но целиот нивен вкус паѓа во вода кога ќе кажат дека Кум е досаден, бавен, неинтелигентен, предвидлив, лош филм. Сум сретнал луѓе кои повеќе го ценат Тарантино или Нолан од Хичкок или Кјубрик (карактеризирајќи ги филмовите на овие два великана како обични филмови со бавно темпо каде ништо не се случува...)
I rest my case
Ајде да се вратам на темата. Некој го сака, некој го мрази, некој не го гледа но мора да се признае дека Д.Р. Хаус е една од најдобрите, најбрилијантни и најинтелигентни серии кои се појавиле во новиов век, и тоа е поткрепено со рејтинзите, финансиските добивки и наградите за ТВ серии/драми.
Медицината најпосле е најмалку важна во целата серија, тука се испреплетени морални, психолошки, емотивни, религиозни, духовни, карактерни, образовни, статусни теми кои се анализираат и се презентираат од повеќе страни и кои имплицираат еден not so happy end.
Точно е дека сите пациенти преживуваат со чудесено просветлување на Хаус и дека некои работи се предвидливи и шаблонизирани но тоа го имало од секогаш и понатаму ќе го има (Џек Бауер секогаш ги победува непријателите- без оглед на безизлезната ситуација, Мајкл Скофилд постојано наоѓа начин да ја сврти ситуацијата во негова полза, Џек Шепард скоро секогаш херојски победува во секоја епизода, Мајкл Стоун постојано успева во своите измами и грабежи а Хорацио Крејн задоволно ги брише очилата по секоја епизода на решен случај... а кога сме кај постарите серии и Шерлок Холмс секогаш ги решава своите детективски случаи исто како и Херкул Поаро, Досие Х постојано се справува успешно со паранормалните појави, Недопирливите ја победуваат мафијата....).
Хаус нема физичка сила (напротив оди со бастун) ниту супер моќ (ако го исклучиме познавањето во многу области) туку поинаков поглед на животот, рационално расудување и тврд личен етички кодекс. Хаус не е најпаметниот, ниту најнепогрешливиот доктор на светот, но тоа што серијата не учи (а кое погрешно се толкува-дека е кул да навредуваш, деградираш или омаловажуваш) е дека треба цврсто да си ги браниме своите ставови, да имаме исправна етика и да не се плашиме од грешки- бидејќи ако не пробаш никогаш нема да успееш во тоа). Токму затоа Хаус пркоси на целиот свет, администрацијата и неговата шефица, сметајќи дека ја прави вистинската работа наместо да чека додека пациентот умира. Се бори за тоа секој да биде еднакво третиран, да направи добро дело, "да решава загатки". Ароганцијата и понекогаш вулгарноста треба да се толкуваат како "демаскирање" а не како потсмевање на општеството. Всушност иако на прв поглед изгледа како да не му е грижа, напротив тој е човекот кој е најмногу заинтересиран за неговиот пациент да продолжи да живее.
Ако интелектуално се загребе под површината на оваа серија, ќе се свати дека Хаус е утопистички профил на личност која доколку би се однесувала како него и фактички би била блиску до непогрешливост во својата област. (За жал на светот му е многу полесно да лаже, заташкува и симулира знаење/професионалност отколку нивните спротивности кои се секогаш подобра опција).
Хаус не е најдобра серија која се појавила на ТВ, но која е? Хаус е добра идеја која повторно се врти околу хероите на етиката со една прилично оригинална атмосфера. Хаус е извонреден карактер кој е впрочем епицентарот на серијата, и токму тоа ја издвојува серијата од стотиците слични на неа.
Така да, ако критички сакате да ја анализирате серијата, не гледајте само во цитатите и шегите на Хаус, туку малку подлабоко во нејзината поента...
На крај да истакнам дека во последниве 10-тина години само 3 ТВ серии (жанр-драми) успеале да го задржат моето внимание и кои за мене имаат поголема уметничка и образовна вредност: OZ, The Sopranos и House M.D