Едно пријатно изненадување од продуцентите и сценаристите на Д.Р. Хаус.
Интересна, трогателна, (помалку шаблонски холивудска) и несекојдневна приказна барем што се однесува до оваа серија.
Одличен филмски почеток на сезона 6 кој е направен за да може да го погледнат и гледачи кои не следат или не се запознати со со оваа серија.
Интересна промена која колку-толку ја освежува серијата (и која секако привлекува нови следбеници на Хаус пред ТВ екраните, што впрочем е и поентата на оваа дупла-епизода) и дава едно поинакво светло за брилијантниот доктор и не толку внимателната личност на Хаус. Кога и не би постоела серијата, ова би бил еден над-просечен холивудски филм кој ќе ве насмее, растажи, ќе ве натера да преиспитате некои постапки и кој ќе ви покаже дека секој може да се промени ако добие добар мотив за тоа.
Добра глума, интересни ликови, доволно хаус-изми и вовед на нова и по се изгледа возбудлива сезона во која со нетрпение ќе го чекаме секој нов пациент во Принстон Плеинсбороу болницата.
Нормално дека "ваквиот" Хаус е чуден и помалку енигматичен, но тоа е тој вистински Хаус- надвор од неговиот дијагностички центар, каде што е ранлив и каде што ги нема сите асови во ракавот. Сигурен сум дека Хаус нема да се промени кога ќе се врати на медицината и својот тим, но во секој случај научи нова лекција во животот, и најпосле се откажа од Викодин-от.
Морам да кажам дека срцето ми застана кога детето со "супер-моќ" скокна од зградата... и иако се потоа беше по "холивудскиот шаблон" во кое се добро завршува, некако... ми се допадна
.
Исто така слатко се смеев на рапувањето на Хаус...
Уште еден прекрасен soundtrack со микс помеѓу класичната музика и рок-от која допринесе многу за топлата атмосфера која ја имаше оваа серија... Браво.
Сега со нетрпение го чекаме неговото соочување со медицинскиот тим во кое, сигурен сум, ќе има добри Хаус-моменти на кои добро ќе се забавуваме.
П.С. На оние на кои им се допаѓаше оваа епизода-филм им препорачувам да го погледнат (ако не го гледале) феноменалниот оскаровец one flew over the cuckoo's nest на Милош Форман со Џек Николсон во главната улога на кој оваа епизода неодоливо ме потсети.
П.С Да не знае некој кога ќе се прикажува наредната епизода, на imdb не пишува датум?
Следната епизода е на 28 септември