House M.D

  • Креатор на темата Креатор на темата John McClane
  • Време на започнување Време на започнување
Сега прашање за напредни конзумирачи на серијава.
Вреди третава сезона да ја гледам или да ја скокнам па да одам директно на четвртата?
Скокни четврта и пета, а третава...пааа, може да ја изгледаш (нишо битно различно од прва и втора сезона нема да видиш).

Инаку, у вези темава...Ја гледам серијата, уживам у тоа и си мотам нејзини цитати у глава, али да бидеме објективни...Идентичната формула за дејствието у секоја епизода станува заморно (особено у 5-та сезона која е и ептен досадна на места), Хаус некако ко да заебаа ко лик, го убија хуморот...понекад ми се чини дека серијава се претвора у пародија сама на себе (ваљда тоа е данокот на масовната хистерија која се крена околу Хаус)

Али, и поред све ова, едвај чекам да дојде 21-ви септември. Јбг, кул е некако:pipi: (исто како шо, најново, си глеам чак и Two Guys and a Girl...едноставно, симпатичен ми е sitcom-от:kesa:)

А, ако веќе збориме за серии кои имаат и, објективно, уметничка вредност, онда Тhe Sopranos (ненадминати ми се), MadMan, The Office, Oz...тоа се све серии кои немаат само по некој кул, занимљив лик и catchy phrases, него целокупно вредат, повеќеслојни и комплексни се.
 
Се согласувам. А ако зборуваме за интелегенција, ела да го видам Хаус со Шерлок Холмс.

Читај на линкот посебно делот References to Sherlock Holmes и плачи. Во суштина ликот на Хаус е самиот Шерлок Холмс во модерно време. Барем ти како голем стручњак за филмови и серии би требало да знаеш да побараш по интернет и да не се брукаш на форумов.

Овај пост го напишав со намера да ти кажам дека од мајсторот има помајстор и затоа не го напаѓај Хаус во тема за Хаус.

Онтопик: Уште четири денови и ќе стигне најновата доза, да видиме дали ќе дрма како претходните.:vozbud:
 
Сфатив сега.

Ти си во оние луѓе кои имаат добар вкус, не си во мнозинството, знаеш што е добро.
Односно, експерт си. :)

Еве и тебе ќе ти кажам, како на дечките во музика - ти тоа што го гледаш е најдобро, ние ова што го глеаме е срање. Биди горд, напрај транспарент, спиј мирно. Ама немој да го сереш Хаус во Хаус тема. Бар не повеќе, мислам си кажа што имаш...ние ти кажавме, не не сфати, така да простор за дискусија повеќе нема.
До вкусот е, ама ти имаш добар, истенчен и експертски.

Грешно си сфатил. Јас само реков дека општо важи „Не секогаш најгледаната серија е одлична“, а потоа реков „Не е секогаш мнозинството во право“ во смисла првиот израз наследува од овај израз. Значи општо. Признавам, не се изразив најдобро.
Навистина се зависи од вкусови, и кога се зборува за филм, музика, уметности, за вкус на храна итн. се е субјективно. Или поопшто, се е релативно. Така и моите мислења за оваа ТВ серија.
Инаку за филм барем знам што да кажам. Не сум некој ептен експерт, ама знам да оценам филм колку толку.


Чим ја гледаат толку многу луѓе, не можи да биди лоша колку што јас пробав да ја оцрнам. Сепак немам доволно гледано за да кажам некое пообјектино мислење.



Некои серијава почнаа дирекно да ја споредуваат со 24, затоа што јас сум сум прв направил директна споредба. Не, јас реков дека во времина кога повеќето серии не ми се допаѓаат има и такви кои ми се допаѓаат, и како пример ја дадов 24.
Тука се создаде и мала забуна која некои, по што и следеа навреди. Еве јас, јавно му се извинувам на wot за мојата навреда кон него која следеше после неговата, и барам тој да се извини за неговата.


Читај на линкот посебно делот References to Sherlock Holmes и плачи. Во суштина ликот на Хаус е самиот Шерлок Холмс во модерно време. Барем ти како голем стручњак за филмови и серии би требало да знаеш да побараш по интернет и да не се брукаш на форумов.

Овај пост го напишав со намера да ти кажам дека од мајсторот има помајстор и затоа не го напаѓај Хаус во тема за Хаус.

Шерлок си е Шерлок, Хаус си е Хаус. Разлчини ликови. Авторот имал инспирација од Шерлок Холмес, и да има некои сличности (не ми текна не Холмс туку така кога го напишав тоа - инаку го немав прочитано тоа од википедија тогаш), но ако беа премногу слични, Хаус немаше да биде оригинален, ќе беше плагијат. Хаус е оригинален лик. Ама за мене, помеѓу двајцата, си го бирам Шерлок. (ако ништо друго, повеќе сакам детективски приказни, тв серии...)


Дирекно @drle. Дали го имаш читано Шерлок Холмес и гледано нешто од тв серијата. Види ги двајцата малце, па сакај го тој што ќе ти биде поарен. Па немој и ти наслепо, „Читај и плачи, од мајстор има помајстор“


Инаку ова е последно мое мислење во темава. Како што рече Mac)), не се противи на нешто во тема која не е наменета за тоа (ова форумџиски кажано)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Дирекно @drle. Дали го имаш читано Шерлок Холмес и гледано нешто од тв серијата. Види ги двајцата малце, па сакај го тој што ќе ти биде поарен. Па немој и ти наслепо, „Читај и плачи, од мајстор има помајстор“

Го имам гледано Шерлок Холмс и тоа не нешто од тв серијата, туку многу епизоди и реално гледано нема многу голема разлика во самите ликови. Така да според мене и двата се најдобрите ликови кои што воопшто се појавиле на тв екраните.
А тоа „Читај и плачи, од мајстор има помајстор“ беше поради тоа што си зеде за право да го критикуваш Хаус во тема за Хаус, а јас како голем обожавател на Хаус морав да изреагирам.:smir:
 
За вкусовите не се дискутира, ама постојат неспорни квалитетни брендови кои се општо прифатени како такви (Кока кола можеби на некому не му е вкусна- но глупо е да се каже на база на индивидуално искуство дека кока-кола не е добар пијалок, можеби некој не се сложува со информациите во ЊуЈорк Тајмс- но тој сепак е најдобар весник во светот, можеби некој ја презира Барселона- но таа е освои се што можеше да се освои во фудбалскиот свет :wink:, можеби некој кашла од Марлборо- сепак тоа не ги прави лоша марка на цигари).
Истото се случува во светот на филмот, некои луѓе едноставно имаат негативно мислење за филмски џинови од типот на Кум, Шиндлерова листа, Таксист, Беше еднаш во Америка... или за актери од типот на Николсон, Хофман, Брандо, Њуман, Пачино, Дениро, Хопкинс... И не велам дека тоа е лоша работа (тоа е нивен вкус), но тоа не ги прави истите- лоши филмови/актери.
Лошо станува кога тие типови (кои се сретнуваат по кафулиња, на работа, во училишта, автобуси, форуми...насекаде со еден збор) почнуваат тврдоглаво да го бранат своето мислење со ирационални, необјективни и идиотски аргументи. Истиот што смета дека Kум е досаден филм ќе каже дека ужива додека го гледа "Борновиот идентитет" или "Војна на световите" или "Матрикс". И тоа е во ред, не се лутам што на таквите не им се допаѓа Кум или што преферираат други жанрови, но целиот нивен вкус паѓа во вода кога ќе кажат дека Кум е досаден, бавен, неинтелигентен, предвидлив, лош филм. Сум сретнал луѓе кои повеќе го ценат Тарантино или Нолан од Хичкок или Кјубрик (карактеризирајќи ги филмовите на овие два великана како обични филмови со бавно темпо каде ништо не се случува...)
I rest my case

Ајде да се вратам на темата. Некој го сака, некој го мрази, некој не го гледа но мора да се признае дека Д.Р. Хаус е една од најдобрите, најбрилијантни и најинтелигентни серии кои се појавиле во новиов век, и тоа е поткрепено со рејтинзите, финансиските добивки и наградите за ТВ серии/драми.
Медицината најпосле е најмалку важна во целата серија, тука се испреплетени морални, психолошки, емотивни, религиозни, духовни, карактерни, образовни, статусни теми кои се анализираат и се презентираат од повеќе страни и кои имплицираат еден not so happy end.
Точно е дека сите пациенти преживуваат со чудесено просветлување на Хаус и дека некои работи се предвидливи и шаблонизирани но тоа го имало од секогаш и понатаму ќе го има (Џек Бауер секогаш ги победува непријателите- без оглед на безизлезната ситуација, Мајкл Скофилд постојано наоѓа начин да ја сврти ситуацијата во негова полза, Џек Шепард скоро секогаш херојски победува во секоја епизода, Мајкл Стоун постојано успева во своите измами и грабежи а Хорацио Крејн задоволно ги брише очилата по секоја епизода на решен случај... а кога сме кај постарите серии и Шерлок Холмс секогаш ги решава своите детективски случаи исто како и Херкул Поаро, Досие Х постојано се справува успешно со паранормалните појави, Недопирливите ја победуваат мафијата....).
Хаус нема физичка сила (напротив оди со бастун) ниту супер моќ (ако го исклучиме познавањето во многу области) туку поинаков поглед на животот, рационално расудување и тврд личен етички кодекс. Хаус не е најпаметниот, ниту најнепогрешливиот доктор на светот, но тоа што серијата не учи (а кое погрешно се толкува-дека е кул да навредуваш, деградираш или омаловажуваш) е дека треба цврсто да си ги браниме своите ставови, да имаме исправна етика и да не се плашиме од грешки- бидејќи ако не пробаш никогаш нема да успееш во тоа). Токму затоа Хаус пркоси на целиот свет, администрацијата и неговата шефица, сметајќи дека ја прави вистинската работа наместо да чека додека пациентот умира. Се бори за тоа секој да биде еднакво третиран, да направи добро дело, "да решава загатки". Ароганцијата и понекогаш вулгарноста треба да се толкуваат како "демаскирање" а не како потсмевање на општеството. Всушност иако на прв поглед изгледа како да не му е грижа, напротив тој е човекот кој е најмногу заинтересиран за неговиот пациент да продолжи да живее.
Ако интелектуално се загребе под површината на оваа серија, ќе се свати дека Хаус е утопистички профил на личност која доколку би се однесувала како него и фактички би била блиску до непогрешливост во својата област. (За жал на светот му е многу полесно да лаже, заташкува и симулира знаење/професионалност отколку нивните спротивности кои се секогаш подобра опција).
Хаус не е најдобра серија која се појавила на ТВ, но која е? Хаус е добра идеја која повторно се врти околу хероите на етиката со една прилично оригинална атмосфера. Хаус е извонреден карактер кој е впрочем епицентарот на серијата, и токму тоа ја издвојува серијата од стотиците слични на неа.
Така да, ако критички сакате да ја анализирате серијата, не гледајте само во цитатите и шегите на Хаус, туку малку подлабоко во нејзината поента...
На крај да истакнам дека во последниве 10-тина години само 3 ТВ серии (жанр-драми) успеале да го задржат моето внимание и кои за мене имаат поголема уметничка и образовна вредност: OZ, The Sopranos и House M.D
 
Торент некој да не има од новата епизода?
 
Dr. House се откажува од улогата?! 21.09.2009.
Hugh Laurie (50) најверојатно ќе ја напушти главната улога во хит серијата “Dr. House“.


Во серијата, неговиот лик постојано куца, па сега и во вистинскиот живот почна да има проблеми со одењето.

house-555.jpg


- Снимањето на серијата ќе потрае уште седум-осум години. Јас тоа не го знам. Но, не сум сигурен дека ќе продолжам да глумам, бидејќи поради улогата почна да имам проблеми со колената.

Тоа е премногу куцање за мене. Потребна ми е јога“ - изјави популарниот “Dr. House“. Инаку, глумецот Hugh Laurie три години по ред е номиниран за наградата Emmy, а серијата се прикажува во 66 земји...
 
Aj и на мене по иста постапка.
Иначе, гледа ли ти? Малце сподели импресии. :)

Една од најдобрите епизоди до сега.

Dr. House се откажува од улогата?! 21.09.2009.
Hugh Laurie (50) најверојатно ќе ја напушти главната улога во хит серијата “Dr. House“.


Во серијата, неговиот лик постојано куца, па сега и во вистинскиот живот почна да има проблеми со одењето.

house-555.jpg


- Снимањето на серијата ќе потрае уште седум-осум години. Јас тоа не го знам. Но, не сум сигурен дека ќе продолжам да глумам, бидејќи поради улогата почна да имам проблеми со колената.

Тоа е премногу куцање за мене. Потребна ми е јога“ - изјави популарниот “Dr. House“. Инаку, глумецот Hugh Laurie три години по ред е номиниран за наградата Emmy, а серијата се прикажува во 66 земји...

Сака повеќе пари.
 
Aj и на мене по иста постапка.
Иначе, гледа ли ти? Малце сподели импресии. :)

Ја догледав епизодата. Нема да откривам спојлери. И тажни и среќни моменти, и шмекерски и разочарувачки.

House is actualy sane! :icon_lol: А завршетокот убија.
 
Ја догледав епизодата. Нема да откривам спојлери. И тажни и среќни моменти, и шмекерски и разочарувачки.

House is actualy sane! :icon_lol: А завршетокот убија.

Иако недостига малку сарказмот, океј го има ама мали количини, сепак кон интересн правец ја насочија серијата. Колку да се разбие монотонијата од 4та и 5та сезона. Сепак една висока оцена од мене. И клањање.

10 & :cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom