House M.D

  • Креатор на темата Креатор на темата John McClane
  • Време на започнување Време на започнување
Последната епизода од петтава сезона е кулминација!
Го повлекувам тоа што го реков пред неколку страни, дека се разлигавел.
Се извинувам, House almighty!
Am I forgiven? :se_ molam

Кој ќе чека сега до септември за шеста сезона. :nesum:
 
До при крајот на 2 сезона сум, поточно до епизодата House vs. God. Која карма човече. :helou: Наскоро ве стигнувам. :) Инаку глеав рејтинзи, во 5 сезона гледаноста значително намалена, како и рејтингот. Подоле од Грејс сме. Пф.
 
До при крајот на 2 сезона сум, поточно до епизодата House vs. God. Која карма човече. :helou: Наскоро ве стигнувам. :) Инаку глеав рејтинзи, во 5 сезона гледаноста значително намалена, како и рејтингот. Подоле од Грејс сме. Пф.

Според ова, House е на прво место.

Еве on.net го превеле текстот:

Светот навлечен на дијагнози
Најгледаното телевизиско шоу на светот за минатата година, прикажува британски актер кој глуми американски намќор доктор зависник од тешки лекарства заглавен во Њу Џерси.
654B773D3385994A99EC38F66D9D638F.jpg

Американската драма "Хаус," со Хју Лори во улогата на генијалниот доктор Грегори Хаус, е најгледаното телевизиско шоу на светот.

Според податоците на агенцијата за мерење рејтинзи Eurodata TV Worldwide, Хаус и неговиот тим на дијагностичари минатата година собрале 81,8 милиони гледачи во 66 земји во светот.

Ова е далеку повеќе од гледаноста со која во 2006-та и 2007-ма, победија "ЦСИ: Лас Вегас" и неговата филијала "Цси: Мајами," кои годинава се најдоа на второто и третото место во категоријата тв драми, зад "Хаус."

Во категоријата телевизиски комедии, "Очајни домаќинки" со 65,3 милиони гледачи, втора година по ред го победија "Монк" и "Грдата Бети."

"The Bold and the Beautiful" со 24,5 милиони гледачи втора година по ред е прогласена за најгледана сапунска опера, победувајќи ја мексиканската теленовела "Марина" и американскиот конкурент ""The Young And The Restless."
 
Човече каков крај на 5 сезона.:vozbud: Останав без зборови едно 15 мин од ко ја догледав и последната епизода. Таман си помислив дека серијата некако влегува во рутина, монотонија, кога како гром од ведро небо ме мана последната епизода. Lost и House M.D. беа одлична конкуренција за најдобра серија според мене, но House M.D. со последната сезона се издвои далеку напред. Со нетрпение го очекувам септември новата сезона.
 
Уф, ја обожавам серијава. Најинтересен лик од сите серии кои ги имам гледано ми е Хаус. Интересен, луд човек:)
 
Никогаш не сум чекал толку страствено Септември да дојде. :nesum:
 
Ги изгледав сите сезони, крајот го сетив дека ќе биди таков, интуицијата најверојатно ми беше од читањето на последниве 2 страни, ама навистина прекрасна серија, и секоја сезона е со некој крај кој целосно ја менува содржината на следната сезона. Ќе видиме шестата сезона што ни носи од септември. Едно големо БРАВО за замислата и концептот на серијава.
 
^21 Септември прва епизода од сезона бр.6 ќе се прикаже во Америка
Вкупен број на епизоди -> 24
 
Wake me up, when september ends. :(

I miss him. :(
 
Ги изгледав сите епизоди од серијава.. и мора да кажам дека е предобра.
Ако мора да бирам по сезони,тоа ке биде 4тата,.пошто имаше прилично смешни епизоди но и трагични ситуации..
Како и да е
21 Септември,старт со премиерни 2 епизоди..

Eве ja .. официјалната најава за 6та сезона на HOUSE M.D ..
Едвај Чекам :vozbud:
 
Уф, кој лик го земале :)

Црнецот од Балтимор P.D., или како и да се викаше серијата на A1 што идеше пред 10тина години.
 
Леле не можам да дочекам, ми недостига буквално чоече:D
|
|
|
\/
Следува пост од Mac)) кај шо ме кани за кај него да глеаме во HD :$
 
Имам гледано само неколку епизоди не останува време :(
 
Ајде ајде Септемврииииии! :vozbud::vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom