Homeland

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.704
Поени од реакции
59.926
wot, шо прајме со малиов? Арно Continuum шо не ја чекаш со душа :pos:

Шала настрана, добра е серијава, ама потребен ни си на теми каде дискутираме вистински серии. :)
Ех...беа тоа времиња кога можев да гледам по 5 серии симултано. Како и да е, ако Хоумленд не влегува во вистински серии тогаш не знам која влегува... Арно што ме потсети за Континуум :) ќе шкртнам нешто и во таа тема, а на темана за споредба на серии кога ќе влезам со камења ќе мавам...
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Се изначекаме, ама конечно дојде крајот на Септември.​
Останува уште еден ден до враќањето на нашата омилена шпионска драма. Втората сезона ја има својата премиера во недела, по премиерата на седмата сезона од Dexter.​
Дотогаш, еве ѕирнете го трејлерот за втората сезона.​
Да не ја оставама пак да изумре темава. Ај да се потсетиме на ланската сезона. Кои ви беа омилени сцени, ликови, омилени WTF моменти?​
Можи звучам како расипана касета, ама морам пак да повторам. Homeland заслужено ги доби 3-те Emmy награди.​
Мене омилен лик ми е Carrie. Claire Danes беше многу птценета глумица која конечно најде breakthrough улога. Потполно ме придобиј со нејзината глума, беше перфектна во секоја епизода, во секоја сцена.​
Истото важи и за Damien Lewis. Не ми е гајле дали Вrody е терорист или конгресмен, тој е еден од најдобрите ликови шо ги имам гледано на TV во последно време.​
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Оти уште не е излезена? Јас си реков како се прибирам, право да ја гледам:notworthy:
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
I know... :confused:

Станвам сабајле за на училиште, си велам да да најдам торент да ја спуштам, ама ништо нема...

После отворам на телефон Pirate Bay и 3 торенти имаше.

Еве сега ја спуштам и одма ја гледам.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Дури сега најдов време да ја изгледам.

Супер епизода! (y)

Многу ми се допадна. Имаше доволно драма, а и доволно напнатост, посебно во приказната на Кери.

Само едно не разбрав. Што сакаш Назир од сефот на Естез? Видов нешто препишваше Броди, ама не ми текнува за шо...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.704
Поени од реакции
59.926
Не сум сигурен... не знам што е ова "I'm not a terrorist" bulshit. Во прва сезона бевме „на работ“ зошто Броди имаше сосема поинаква мисија. Сега што, треба да се секираме дека ќе стане потпрецедник? Нив Chicken Little им беше прецедник па никому ништо. How bad could it be?

Енивеј, добра беше епизодата, загрижен сум замо за правецот кој ќе го фатат. Клер и понатаму растура со глумата.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Не ми се верува дека ќе стане потпрецедник. Медиумите ќе го растргнат за изгубените осум години, а за нас гледачите ќе испадне ептен ефтино бидејќи е малку веројатно некогашен воен затвореник да стане вториот најмоќен човек на светот. Најверојатно ќе можеме да го видиме процесот како Броди се соочува со јавноста, а кога-тогаш Кери повторно ќе почне да му дише в врат.

Што се тиче правецот на серијата, претходната сезона главното прашање беше дали Броди е терорист и дали работи за Ал Каеда. Оваа сезона претпоставувам дека ќе му ја тестираат верноста пред нас и ќе разглобуваат до каде може да оди. Дали фамилијата ќе ја стави пред Абу Назир, или обратно.

И да, одлична епизода. Ми недостасуваше тензијата.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.704
Поени од реакции
59.926
Мене тоа грижата на совест што почнува да го јаде Бродија ме загрижува. Не може брате си преминал на другата страна па ќе дигнеше толкуа народ во воздух па сега „јас не сум терорист“. Не беше пред да стиснеш на копчето сега еби се. Така да сега очекувам да иде all in да прави што ќе му речат и да не јаде многу бурек.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Мене тоа грижата на совест што почнува да го јаде Бродија ме загрижува. Не може брате си преминал на другата страна па ќе дигнеше толкуа народ во воздух па сега „јас не сум терорист“. Не беше пред да стиснеш на копчето сега еби се. Така да сега очекувам да иде all in да прави што ќе му речат и да не јаде многу бурек.
Да, може сега да оди до крај, ама тука има друг фактор кој игра улога, а тоа е фамилијата. Финтата е што колку повеќе време поминува со жена му и децата, толку повеќе би се оддалечувал од каузата на Назир. Затоа очекувам дека му престојат тешки одлуки, војни со самиот себе си, несогласувања со семејството и проблеми со Илана & co. И ова, тероризмот, политиката, опасностите за Америка, е само дел од сложувалката. Серијата има и други делови кои ја прават толку добра. Тука е односот помеѓу Броди и Кери, превирањата во фамилијата, самата Кери како лик. Очекувам многу од серијата и сметам дека нема да зафркнат работа сезонава бидејќи има уште многу полиња за истражување. Велам сезонава, за натаму ќе видиме, зашто секогаш постои можност да ја отупат со по 6,7,8 сезони. Како Dexter.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom