HBO, Cinemax и HBO Маx - Филмски тв пакет канали и стриминг платформа за гледање филмови и серии

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте претплатени на HBO каналите ?

  • Вкупно гласачи
    109
Како неспоредливо? Во која смисла? Јас не гледам некоја огромна разлика, освен ребрендирањето и боите.
Ни содржините не верувам да се различни. Тоа што го имало на GO и сега на Макс го има, така?
 
Ни содржините не верувам да се различни. Тоа што го имало на GO и сега на Макс го има, така?
Да, истото од GO се префрла на Макс.

Од ова што можев да видам до сега, нема нешто повеќе понудено од предходно. Има но не многу. Ќе видиме со тек на време.
 
Како неспоредливо? Во која смисла? Јас не гледам некоја огромна разлика, освен ребрендирањето и боите.
Во функции. HBO Go немаше многу опции за подесување титлови, немаше правење профили, мислам дека немаше опција да си менуваш mail на кој си регистриран, немаше 4К на некој од содржините..

Сега со купување акаунти oд странски веб сајтови (Али Експрес и слични) имаше коментари на IT.MK форумот дека работи HBO Max, а со менување VPN држава каде што е достапна услугата добиваш различна содржина филмови и серии.
 
Последно уредено:
Ни содржините не верувам да се различни. Тоа што го имало на GO и сега на Макс го има, така?
Па сега не дека нешто којзнае колку го користев GO-то, ама од тоа што гледав, гледам дека истото го има и на Max. Хари Потер филмовите ги имаше и таму и таму, Warner Bros исто, DC исто, Lord of the Rings исто. За HBO и Max originals - нормално, исто. Јас сега за сега не најдов нешто што има на Max а го немало на GO. Дури и поновите филмови кои ги ставија: King Richard, Dune... и тие ги имаше на GO.
 
Известуваше НВО дека на почеток некој содржини нема да се достапни.
 
опции за подесување титлови
Тотално непотребно. Имаше македонски превод и на GO. Можеше да го смениш во англиски или да го исклучиш. Сосема доволно. Не ми треба да ми светкаат буквите или да се губат каскадно.
немаше правење профили
Е ова е единствена функционалност која прави некаква разлика, ама ако имаш андроид телевизор на кој ќе гледаат твоите, па да не ти се мешаат во штипки, и да не ти се појави некоја турска сапуница во recommended, само зашто жена ти гледала нешто слично. Ама дека не може да се користи и без профилите - далеку од тоа.
мислам дека немаше опција да си менуваш mail на кој си регистриран
Што ќе ми е да го менувам mail-от?
немаше 4К на некој од содржините
Ни сега нема 4К на некои од содржините. Само Warner Bros се со 4K сите. :)

Значи пак ќе речам - добивме само ребрендинг, сменети бои и ништо повеќе од тоа. А беше најавувано нешто помпезно.
 
Добро ние регионов Македонија, Србија, Хрватска, Босна, Црна Гора кога е прашање вакви работи сме последна дупка во шупелката па ќе добиваме не толку богат избор содржини.

Но и ова не е лошо.
 
Добро ние регионов Македонија, Србија, Хрватска, Босна, Црна Гора кога е прашање вакви работи сме последна дупка во шупелката па ќе добиваме не толку богат избор содржини.

Но и ова не е лошо.
Не сфаќаш што ти викаат. Буквално истата содржина ја добиваш под друг назив. Ништо ново содржински нема, а никој не се претплатува ради опциите за промена на имејл, подесување титлови или креирање профили, туку поради содржината која е иста ко и претходно!
 
Јас нешто многу и не гледав на HBO Go така да има работи што не ми се гледани.
 
Two and a half men ја има на Max а на GO ја немаше [emoji23]
 
Преку оператор не може да се користи надвор од Македонија. Така и Телеком ми одговорија што е логично.
 
Преку оператор не може да се користи надвор од Македонија. Така и Телеком ми одговорија што е логично.
Глупости, јас го користам преку оператор еве сега вклучив ВПН и гледам ЛШ преку Мексички ХБО.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom