Еден скалп зеаме,или од Словенија или Исланд.
А и Шпанците како шо играат не се ништо посебно,ама ништо,никогаш не биле послаби.
Толку години ги следам од оваа година никогаш не извадиле "поскромен"состав,без ниеден класичен пуцач во екипа,иако имаат солидни нови деца,како Гоби,Балагуер,ете и Коралес полека влегува во шема,сеуште ја имаат таа сила во голманите,јаката одбрана со Виран Морос и Гвардиола на средина и брзите крила.
Не го користат доволно Алекс,шо е голема грешка,иако и Гурбиндо е сосема ок бек,далеку покорисен во напад од да речиме еден Македа на времето.
Имаат БЛЕКДАУНИ,и со Исланд во прво,и вчера со Тунис се изгубија во второ,ама на крај пак рутински,ќе видиме ама не смее да се предваат предвреме.
Но да се оди со ред,да видиме сеа со Словенците како ќе оди.
И тие вчера не беа сјајни,ама ете се извадија на крај,индивидуално се многу јаки,во игра еден на еден,сите бекови знаат да играат на тој начин,јак и брз прв чекор,брза промена на правец и имаат или влез и шут во зона меѓу 9и6 или пак некоја асистенција до крила или пикер зошто со тој пробив прават доста простор,или пак пенал.
Така добија вчера,на индивидуален квалитет на
Марко Безјак пред се,ги уништи,многу јак играч,не е многу висок,на прв поглед делува и тромаво и нетипично за плеј,ама е страшен техничар и има опасен преглед на игра,и пред се дуел игра,овде како шо неаме РВАЧИ во одбрана ќе имаме страшни маки аргатски,не само со Безјак,и со
Кавтичник,и овај е како од ГУМА,многу незгоден играч за чување,брз чекор,промена на правец,игра на сите можни позиции,ол раунд ракометар.
Не гледам играчи кај нас кои би можеле да се носат со овие двајца во одбрана,освен Жути,ако се роди некој нов јунак од мајка роден ќе мора да го уфрлиме во игра,ќе ни треба.
Сеа и без Велко циркус ќе е одбраната,имаат 3 јаки пикери Словенците кои можат големи бељи да ни направат.
Доленец вчера беше дупка,0/4 шут,го седна на клупа Вујо,овај е најлесен за чување во споредба со Безјак и Кавтичник,ама е пак најопасен шутер,има шут од место,од трк,нема некој скок шут,ама затоа знае со влезови да користи дефицит во скочност и висина,плус многу топки дава на крило и пикер.
И уште еден играч на кој ќе мора да се обрати сериозно внимание
,МИХА ГЛУВЧЕТО ЗАРАБЕЦ,овај Хрчак е многу опасен играч,како некој од филмовите на Џет Ли е,не можиш да го следиш,за онаа хобитска висина има страшен шут и преглед на игра,и овај ќе ни напрај голема беља.
Другите два бека,и
Мачковшек и Хингеман не се страшни,тие се многу предвидливи и се во споредба со овие 4ца претходно спомнати НАЈЗАТУЦАНИ,тие гледаат само да се кренат на шут и да шутираат,овде е најлесно да се најди против игра за нив,само треба добро излегување на нив и секако голманите,ваљда ги проучиле на снимките каде и како шутираат.
За крилата не вреди да коментирам,Јанц,Маргуч сите ги знаеме,а и Цингесар е страшно корисен играч,пред се во одбрана.
Значи таа
ИГРА НА СРЕДИНА ИМ Е СИЛАТА,односно,
СРЕДЕН БЕК+ДЕСЕН БЕК+БЛОК ОД ПИКЕР ЗА ВЛЕЗ ВО ЗОНА НА ТИЕ БЕКОВИ ШО ГИ СПОМНАВ,ИЛИ ПАК ПАС ДО ПИКЕР или пак
ПРОДОЛЖЕНА ТОПКА ДО КРИЛА.
Ова им е ЦЕЛАТА ФИЛОЗОФИЈА НА ИГРА,ДУЕЛ ИГРА,ТЕХНИЧКИ МАКСИМАЛНО СПРЕМНА во напад и страшно дисциплинирана екипа која знае да ја искористи секоја дупка во одбраната на противникот, и ЈАКА ОДБРАНА,за ова доктор е Вујо.
Ако не ги спречиме овде,
НА СРЕДИНА ВО НАШАТА ОДБРАНА ПОДОБРО ДА НЕ ИЗЛЕГУВАМЕ НА ТЕРЕН,ако нема прекини на игра,ако нема ситни фаули,ако нема густина во одбрана НИШТО НЕ НЕ ВАДИ,ако сака и со 8 да играме во напад џабе е.
Исланд баш со груба и јака игра во одбрана ги спречи,ама пак се извадија,баш заради тој квалитет на тие техничари.
За жал ние освен Жути неаме ниеден играч кој има дуел игра,ама баш ниеден,што знае со топка да влези во 6,овде ќе имаме огромна мака во напад,посебно зошто Вујо знае и тоа како да игра на резултат и да намести одбрана.
Не знам како ќе изгледа сето ова на терен ама ќе ни треба многу,
ДАЛЕКУ ПОВЕЌЕ ОД ОНА ШО ГО ДАДОВМЕ СО ТУНИС.
А дека имаме шанси имаме,ранливи се,и тоа како,само дали ќе искористиме големо прашање.
Дека ќе се вратиме од некоја солена негатива и со Словенците како со Тунис многу тешко,посебно не при крај на меч,ќе мора добро да ја поделиме минутажата и да го одбериме тајмингот кога да испукаме со најдоброто шо го иаме,да се знае кога да се притисне,реално немаме екипа за да се натрчуваме со нив 60 минути,тие ја имаат предноста во ростерот,па ќе мора да се изигра стратешки,паметно,без многу залетување,за ова мајстор е Лино,пред се психички да го нападниме противникот,и Словенците се губат под притисок,посебно Вујо,ако тргни колата низ брдо на тајм аут ќе почни
ПА ШТА РАДИТЕ,ПА НИСМО СЕ ОВАКО ДОГОВОРИЛИ,ПА НИСТЕ МАНГУПИ,ДАЈ БРЕ МАЛО ЖАРА ШТА ВАМ ЈЕ
,само треба да им ја погодиме
СЛАБАТА ТОЧКА 
Ќе мора чиката да ги штеди играчите,да се искористи цел потенцијал.
Огромна грешка беше вчера шо играше 50 минути со Киро,со Жути,мораше тие да добијат повеќе поштеда,да влезат и другите во шема,макар и сме тепале со 3 разлика.
Вака само непотребно се потрошија а не добивме некој од тие млади шутери како Талески,Нелоски,да добијат самодоверба,да се окуражат малце,да добијат сигурност,мора некој да проработи од тие леви бекови,иначе џабе е.
Пак ќе кажам
ОЧАЈНО НИ ФАЛИ КУЗМАНОВСКИ,или пак некој како
Обрадовиќ,како шо се шушкаше дека сакале да го натурализираат ќе ни беше кец на десетка,ама тоа е јебига,ќе одиме со она шо го иаме на лагер.
Играта со играч плус во напад ако ја тераме преку цел меч мислам дека ќе имаме БУМЕРАНГ НЕГАТИВЕН ЕФЕКТ,освен во одреден дел,ама преку цел меч тешко дека нема да примиме доста голови на CLEAN SHEET,и нема да има некоја полезност многу,шо ако сме дале 4.5 гола заради таа игра со играч плус во напад ако примиш 5 гола без никаков отпор.
Ваква игра само како против одговор на евентуален фластер над Киро,или пак ако немаме игра за пикер или простор за шут а бековите,или пак бркаме негатива.
Ќе видиме како ќе оди,ако изиграме паметно и пред се добро во одбрана ќе имаме шанси.