Група Б (Шпа, Сло, МКД, Анг, Тун, Исл)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 4 екипи ќе ја поминат групата?

  • Шпанија

    Гласови: 132 83,0%
  • Словенија

    Гласови: 131 82,4%
  • Исланд

    Гласови: 106 66,7%
  • Тунис

    Гласови: 49 30,8%
  • Ангола

    Гласови: 11 6,9%
  • Македонија

    Гласови: 143 89,9%

  • Вкупно гласачи
    159
Статус
Затворена за нови мислења.
Тактиката на Лино со 7 во напад е феноменална 21 гол второ полувреме на Тунис и 17 на Ангола е супер.Кире одигра маестрално,тоа што Џомба и Деки промашват зицери можит скапо да не чинит.IMG_0777.JPG
 
За инфаркт ќе бидат утакмициве со Исланд и Словенија. Кент уејт.
 
Со почит на се што направил за Македонија јас мислам дека потегот на првенството е изоставувањето на Борко од составот. Зошто?
Борко има ненадминливи разлики со Лино и не се мирисаат ни на километар. Земањето на Борко и со евентуално седнување на клупа и добро бранење на голманот што ќе го замени ќе почнеше да прави фаци, како што е тежок карактер ќе пренесеше негативна енергија и курац од првенството.
Најмногу му благодарам на Борко што не излезе јавно со мислење за изоставувањето негово зошто ќе се одразеше на атмосферата во тимот и само ќе одмогнеше. Едноставно тоа е тоа, одлука на селекторот и тој сноси одговорност за одлуката.
Од моја лаичка страна гледано најјак потег е викањето на Благојче голманчево во составот.
Човекот зрачи со позитивна енергија преку телевизор. Насмеан, ведар, позитивец до крај.
Такви личности се злато вредни во секој тим.
Добиваме едни од Словенија и Исланд.
Мислам дека виенските коњушари и дрвосечачи ќе го јадат. ;):D
 
Секогаш ми биле интересни квази-аналитичарите и негативците. Фала што постоите во нашето општество. Ама како од инает, две победи имаме.:свиркам::свиркам:
 
Очекувана победа, резултатот си е во ред, ги убивме во второто полувреме, и задоволен сум од прикажаното.
Сега со прокнижани 2 победи се игра по лесно,без поголем притисок,апсолутно поголем мотив и ветер во грб да се оствари што подобар резултат.
Ангола не е никакво мерило, најважното допрва доаѓа, но распоредот ни се погоди ите како, друго е кога влегуваш со 2 победи против конкурент како Словенија, а друго е кога играш под психолошки притисок да мора да издвоиш поволен резултат.
Играта со 7 играчи во напад одлично вродува со плод, се прават акции за крила, доста опасни сме и од пикерска позиција, знаејќи во каква форма е Столе, со оваа тактика ите како му се отвара простор да забива голови. :D
Благојче Трајковски ис он фајр, им стегна и 2 голови.. :pos:
Умира од желба да стои меѓу стативите,квалитетите со кои располага се тие.. баш ме интересира дали ќе успее да се носи добро со престојните противници.
Далеку подобра опција од Торко, ако не друго, барем се залага.
Мора да го споменам отсуството на Кузмановски, колку само очајно фали..
Нелоски не е баш во ритам, утна неколку зицери, многу бледо делува оваа лева бековска позиција, мора Талески да има свој ден, барем на една од трите средби, уште подобро ќе биде ако се разбуди малку и Нелоски.
Ден одмор, добра анализа од чиката, максимално подготвени, и зошто да не ја добиеме и Словенија? :D

Нека е честито победата и нека се множат.
:oeoeoe:
 
Вистинските тестови се со Словенија и Исланд, би сакал барем една од овие две да добиеме па понатака што и да се случи нема шо да им се замери пошо толку се можностите.

Неам зборови за Кирца искрено, најбољи спортист шо некад сме го имале, величина!
 
Кире е Господ. Да не се заборави ова кога кај и да е е ќе почне да утиња многу удари. Тоа може и на првенствово да се случи а може и за пар години. Сепак има 36 години и преголем багаж зад себе. Да не почнеме пак со пцуење како секоја година што има премногу луѓе што го пцујат после некој меч...

Инаку браво за Лино, Си го поштувам ептен од дамн ама не бев ептен сигурен за него на кормилово на нашиве. Ама еве одличен е, ни најмалку не е егоистичен како што мислев. Најдобар тренер што сме го имале ќе биде ако продолжиме вака добро и во следниве мечеви (нели глупо е да го величиме што со афрички екипи се покажал добро ама на прав пат е)
 
Штета што Лино не беше тренер во 2012 или 2013...тогаш кога генерацијата го достигна врвот и можеа сеуште да понудат за разлика од стручњакот Шундовски...

Реално немаме екипа и мислам дека Словенија ќе не шлапни онака пристојно со 3-4 разлика,а со Исланд ќе има бркотници по теренот и очекувам тесен резултат
 
Кире е Господ. Да не се заборави ова кога кај и да е е ќе почне да утиња многу удари. Тоа може и на првенствово да се случи а може и за пар години. Сепак има 36 години и преголем багаж зад себе. Да не почнеме пак со пцуење како секоја година што има премногу луѓе што го пцујат после некој меч...

Инаку браво за Лино, Си го поштувам ептен од дамн ама не бев ептен сигурен за него на кормилово на нашиве. Ама еве одличен е, ни најмалку не е егоистичен како што мислев. Најдобар тренер што сме го имале ќе биде ако продолжиме вака добро и во следниве мечеви (нели глупо е да го величиме што со афрички екипи се покажал добро ама на прав пат е)
Супер си е Кире, и со играта и со годините. Во фазон си е човекот. :)
 
Кире е Господ. Да не се заборави ова кога кај и да е е ќе почне да утиња многу удари. Тоа може и на првенствово да се случи а може и за пар години. Сепак има 36 години и преголем багаж зад себе. Да не почнеме пак со пцуење како секоја година што има премногу луѓе што го пцујат после некој меч...

Има луѓе шо го пцујат и Кире ама не знам како е можно тоа, разбирам дека некад форсира со шутеви од неизградени позиции и се тоа ама се е резултат на немањето асалени соиграчи со кој би проиграл пошо оние шо го глеале во Барса знаат дека Кирца знае феноменално да асистира до пикер или крило.

Ја искрено се надевам дека дел од својот менталитет ќе го наметне во нашиот ракомет и откако ќе ја заврши кариерата, он е дефиниција за успешен спортист, сува класа, играч шо знае шо сака во кариерата и играч на кој никогаш во прв план не му биле кафаните.
 
Па некогаш и мора да шутира сам, секако со неговиот удар има подобра шанса да погоди него ли некој од другите.

Башка денеска растури со асистенции. Многу е јако кога имаш ете и поддршка, па противниците ќе играат фластер врз Кире а тоа може да е искористи за проигрување со другите. Ова на пример со Словенија го очекувам каде што мора некој друг да има епска партија. Дали Столе дали Манасков дали Миркуловски не знам ама таму ќе се бара шансата
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom