Група Б (Шпа, Сло, МКД, Анг, Тун, Исл)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 4 екипи ќе ја поминат групата?

  • Шпанија

    Гласови: 132 83,0%
  • Словенија

    Гласови: 131 82,4%
  • Исланд

    Гласови: 106 66,7%
  • Тунис

    Гласови: 49 30,8%
  • Ангола

    Гласови: 11 6,9%
  • Македонија

    Гласови: 143 89,9%

  • Вкупно гласачи
    159
Статус
Затворена за нови мислења.
Па некогаш и мора да шутира сам, секако со неговиот удар има подобра шанса да погоди него ли некој од другите.

Башка денеска растури со асистенции. Многу е јако кога имаш ете и поддршка, па противниците ќе играат фластер врз Кире а тоа може да е искористи за проигрување со другите. Ова на пример со Словенија го очекувам каде што мора некој друг да има епска партија. Дали Столе дали Манасков дали Миркуловски не знам ама таму ќе се бара шансата

Не знам колку шанси ќе имаме со Словенија пошо стварно имаат спремна екипа а тука е и дуелот Червар vs Вујо па очекувам многу тежок меч.
 
Не знам колку шанси ќе имаме со Словенија пошо стварно имаат спремна екипа а тука е и дуелот Червар vs Вујо па очекувам многу тежок меч.
Имаме шанса, фала богу дека имаме ама очекувам да изгубиме. Реално подобар тим имаат Словенциве за on the long run подобра шанса имаат од нас. Не гледав Исланд-Словенија денеска ама според резултатот очекувам нешто слично и против нас гол разлика да не победат или ете можеби нерешено можеме да извадиме. Тешко за победа ама ете зошто да не...
 
Гледај на РТС или ХРТ :)
Абе сеа можеме да се правиме смешни до бесконечно ама факт е дека телевизијата е за никаде, не сакам да гледам Топ Шоп на тајмаут, сакам да го гледам тајмаутот макар и да ќутеле играчите и тренерот. Тоа што нив им се отворил шупакот за пари не ме интересира мене, на крај краева постои стрим, кој ги врти овие џабе само ќе се докажуваме.
 
Не знам колку шанси ќе имаме со Словенија пошо стварно имаат спремна екипа а тука е и дуелот Червар vs Вујо па очекувам многу тежок меч.
Ocekuvam vujo 90% od vremeto so flaster na kiro.. opasen e vujo znae kaj da udri..
 
Македонија - Ангола во рамки на очекувањата. Сигурна победа, со стандардни нервози и делови од играта кои не нервираат против вакви противници. Реално под ниво одиграа дечките, но победа си е победа.

Неколку аспекти кои ми оставија впечаток:
- Додека игравме 6на6 првите 15-20 минути имавме доста проблеми во нападот и не можевме да се одвоиме од Ангола (иако голем удел тука имаат и нереализираните зицери во првите 5-6 минути. Штом се префрли тимот на 7на6 нападот веднаш профнкционира и се одлепивме.
- Штета е што на ваков натпревар не се ослобоција помладите. И Талески и Нелоски и Дрогришки имаа релативно слаби натпревари. Ќе бидат и тоа како потребни во следните 3, и се плашам дека сеуште не се искористија првите два натпревари против афричките селекции за да влезат во ритам.
- Голманите засега дури би рекол и над очекувањата. За разлика од против Тунис, Колев беше подобар против Ангола (имаше преку 40% одбрани) но и Трајковски повторно беше солиден. Ќе видиме како ќе им оди против европјаните.
- Најголем минус оди кај Червар во распределбата на минутите. Мораше да ги одмара Миркуловски и особено Стоилов многу повеќе. Ако веќе може без проблем да прават по 2 измени на секој натпревар, немаше никаква потреба да се форсира незаздравениот Велко и Столе кој ќе ни биде многу потребен понатаму и против Ангола можеше да се оди со Арнаудовски и Пешевски. Се плашам дека огромната минутажа кај Стоилов и Миркуловски може да ни се удри од глава кога ќе биде најпотребно (против Исланд кога имаме само ден одмор и здравје боже во евентулното осминафинале).

Денес во 14:45 се игра веројатно клучниот меч кој ќе одлучува околу патниците во осминафиналето од оваа група Исланд-Тунис. После него многу работи ќе бидат попознати. Која екипа загуби ќе биде во многу тешка позиција (особено ако тоа е Тунис, кој би имал мечеви против Словенија и Ангола до крај и порази во директните дуели со Македонија и Исланд).
 
Еден скалп зеаме,или од Словенија или Исланд.
А и Шпанците како шо играат не се ништо посебно,ама ништо,никогаш не биле послаби.
Толку години ги следам од оваа година никогаш не извадиле "поскромен"состав,без ниеден класичен пуцач во екипа,иако имаат солидни нови деца,како Гоби,Балагуер,ете и Коралес полека влегува во шема,сеуште ја имаат таа сила во голманите,јаката одбрана со Виран Морос и Гвардиола на средина и брзите крила.
Не го користат доволно Алекс,шо е голема грешка,иако и Гурбиндо е сосема ок бек,далеку покорисен во напад од да речиме еден Македа на времето.
Имаат БЛЕКДАУНИ,и со Исланд во прво,и вчера со Тунис се изгубија во второ,ама на крај пак рутински,ќе видиме ама не смее да се предваат предвреме.
Но да се оди со ред,да видиме сеа со Словенците како ќе оди.
И тие вчера не беа сјајни,ама ете се извадија на крај,индивидуално се многу јаки,во игра еден на еден,сите бекови знаат да играат на тој начин,јак и брз прв чекор,брза промена на правец и имаат или влез и шут во зона меѓу 9и6 или пак некоја асистенција до крила или пикер зошто со тој пробив прават доста простор,или пак пенал.
Така добија вчера,на индивидуален квалитет на Марко Безјак пред се,ги уништи,многу јак играч,не е многу висок,на прв поглед делува и тромаво и нетипично за плеј,ама е страшен техничар и има опасен преглед на игра,и пред се дуел игра,овде како шо неаме РВАЧИ во одбрана ќе имаме страшни маки аргатски,не само со Безјак,и со Кавтичник,и овај е како од ГУМА,многу незгоден играч за чување,брз чекор,промена на правец,игра на сите можни позиции,ол раунд ракометар.
Не гледам играчи кај нас кои би можеле да се носат со овие двајца во одбрана,освен Жути,ако се роди некој нов јунак од мајка роден ќе мора да го уфрлиме во игра,ќе ни треба.
Сеа и без Велко циркус ќе е одбраната,имаат 3 јаки пикери Словенците кои можат големи бељи да ни направат.
Доленец вчера беше дупка,0/4 шут,го седна на клупа Вујо,овај е најлесен за чување во споредба со Безјак и Кавтичник,ама е пак најопасен шутер,има шут од место,од трк,нема некој скок шут,ама затоа знае со влезови да користи дефицит во скочност и висина,плус многу топки дава на крило и пикер.
И уште еден играч на кој ќе мора да се обрати сериозно внимание,МИХА ГЛУВЧЕТО ЗАРАБЕЦ,овај Хрчак е многу опасен играч,како некој од филмовите на Џет Ли е,не можиш да го следиш,за онаа хобитска висина има страшен шут и преглед на игра,и овај ќе ни напрај голема беља.
Другите два бека,и Мачковшек и Хингеман не се страшни,тие се многу предвидливи и се во споредба со овие 4ца претходно спомнати НАЈЗАТУЦАНИ,тие гледаат само да се кренат на шут и да шутираат,овде е најлесно да се најди против игра за нив,само треба добро излегување на нив и секако голманите,ваљда ги проучиле на снимките каде и како шутираат.
За крилата не вреди да коментирам,Јанц,Маргуч сите ги знаеме,а и Цингесар е страшно корисен играч,пред се во одбрана.
Значи таа ИГРА НА СРЕДИНА ИМ Е СИЛАТА,односно,СРЕДЕН БЕК+ДЕСЕН БЕК+БЛОК ОД ПИКЕР ЗА ВЛЕЗ ВО ЗОНА НА ТИЕ БЕКОВИ ШО ГИ СПОМНАВ,ИЛИ ПАК ПАС ДО ПИКЕР или пак ПРОДОЛЖЕНА ТОПКА ДО КРИЛА.
Ова им е ЦЕЛАТА ФИЛОЗОФИЈА НА ИГРА,ДУЕЛ ИГРА,ТЕХНИЧКИ МАКСИМАЛНО СПРЕМНА во напад и страшно дисциплинирана екипа која знае да ја искористи секоја дупка во одбраната на противникот, и ЈАКА ОДБРАНА,за ова доктор е Вујо.
Ако не ги спречиме овде,НА СРЕДИНА ВО НАШАТА ОДБРАНА ПОДОБРО ДА НЕ ИЗЛЕГУВАМЕ НА ТЕРЕН,ако нема прекини на игра,ако нема ситни фаули,ако нема густина во одбрана НИШТО НЕ НЕ ВАДИ,ако сака и со 8 да играме во напад џабе е.
Исланд баш со груба и јака игра во одбрана ги спречи,ама пак се извадија,баш заради тој квалитет на тие техничари.
За жал ние освен Жути неаме ниеден играч кој има дуел игра,ама баш ниеден,што знае со топка да влези во 6,овде ќе имаме огромна мака во напад,посебно зошто Вујо знае и тоа како да игра на резултат и да намести одбрана.
Не знам како ќе изгледа сето ова на терен ама ќе ни треба многу,ДАЛЕКУ ПОВЕЌЕ ОД ОНА ШО ГО ДАДОВМЕ СО ТУНИС.
А дека имаме шанси имаме,ранливи се,и тоа како,само дали ќе искористиме големо прашање.
Дека ќе се вратиме од некоја солена негатива и со Словенците како со Тунис многу тешко,посебно не при крај на меч,ќе мора добро да ја поделиме минутажата и да го одбериме тајмингот кога да испукаме со најдоброто шо го иаме,да се знае кога да се притисне,реално немаме екипа за да се натрчуваме со нив 60 минути,тие ја имаат предноста во ростерот,па ќе мора да се изигра стратешки,паметно,без многу залетување,за ова мајстор е Лино,пред се психички да го нападниме противникот,и Словенците се губат под притисок,посебно Вујо,ако тргни колата низ брдо на тајм аут ќе почни ПА ШТА РАДИТЕ,ПА НИСМО СЕ ОВАКО ДОГОВОРИЛИ,ПА НИСТЕ МАНГУПИ,ДАЈ БРЕ МАЛО ЖАРА ШТА ВАМ ЈЕ:anco:,само треба да им ја погодиме СЛАБАТА ТОЧКА :pistoldz:
Ќе мора чиката да ги штеди играчите,да се искористи цел потенцијал.
Огромна грешка беше вчера шо играше 50 минути со Киро,со Жути,мораше тие да добијат повеќе поштеда,да влезат и другите во шема,макар и сме тепале со 3 разлика.
Вака само непотребно се потрошија а не добивме некој од тие млади шутери како Талески,Нелоски,да добијат самодоверба,да се окуражат малце,да добијат сигурност,мора некој да проработи од тие леви бекови,иначе џабе е.
Пак ќе кажам ОЧАЈНО НИ ФАЛИ КУЗМАНОВСКИ,или пак некој како Обрадовиќ,како шо се шушкаше дека сакале да го натурализираат ќе ни беше кец на десетка,ама тоа е јебига,ќе одиме со она шо го иаме на лагер.
Играта со играч плус во напад ако ја тераме преку цел меч мислам дека ќе имаме БУМЕРАНГ НЕГАТИВЕН ЕФЕКТ,освен во одреден дел,ама преку цел меч тешко дека нема да примиме доста голови на CLEAN SHEET,и нема да има некоја полезност многу,шо ако сме дале 4.5 гола заради таа игра со играч плус во напад ако примиш 5 гола без никаков отпор.
Ваква игра само како против одговор на евентуален фластер над Киро,или пак ако немаме игра за пикер или простор за шут а бековите,или пак бркаме негатива.
Ќе видиме како ќе оди,ако изиграме паметно и пред се добро во одбрана ќе имаме шанси.
 
Како ни тргна, на добар пат сме:D Искрено јас бев повеќе задоволен од утакмицата Македонија - Ангола од онаа Македонија - Тунис, но во секој случај добро е тоа што до сега немаме изгубено. Очекувам тешка борба со Шпанија и Словенија, но да се надеваме дека ќе победиме.

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!:oeoeoe:
 
ова е за тема Ракомет општо, ама тука пишувам бидејќи е тазе од вчера..... со уведување на играта со празен гол, се отвара старата болка на ракометот... кога ќе се стопира играта ??? Овака многу ќе зависи од судијата, како ќе се тргнува по примен гол ?
Има и друго, не ги знам добро правилата, ама ако не е прецизирано колку е просторот на теренот позади гол, тогаш ако е поголем просторот не може така бргу да ја земе топката од позади гол голманот и да даде гол на празен гол, како вториот гол на Трајковски...
не видовме ситуација со играч повеќе да се игра напад со празен гол, очекувам и таква работа... а треба и тоа да се увежбува, посебно што ние едно време бевме многу слаби со играч +, се сеќавам дека некогаш губевме кога имавме играч плус, многумина викаа боље седмерец од 2минути за противникот... но се е менливо, време ќе покаже..
 
Гледај на РТС или ХРТ :)[/quoteНа тие две телевизии не се емитува мундијалот. За Србија ниедна телевизија ги немала откупено правата за СП. А за Хрватска RTL. Ама и они ги емитуваат само мечевите на нивната репрезентација.
 
Само ќе кажам дека со нашава игра 7 на 6 Филип Лазаров е боље опција и од Талески и од Нелоски во напад. :)
 
Само ќе кажам дека со нашава игра 7 на 6 Филип Лазаров е боље опција и од Талески и од Нелоски во напад. :)
Он е џокерот на Лино за следните натпревари. ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom