Немам прочитано ниту еден стрип за Бетмен или Готам воопшто, и според досега што изгледав, серијава е интересна за следење. Сметам дека оценката на ИМДБ е превисока, и фалат на серијава малце повеќе разработени карактери и приказна.
Омилен лик ми е Фиш Муни, опасно глуми типкава и во глобала интересен лик е. После неа иде Пингвинот, многу јасно зошто. Малиов бетмен ми е онака, малце неочекував дека толку рано ќе се впушти во потрага по убицјите и дека Алфред ќе го учи да се бори против криминалнот, затоа што се водам според филмовите на Нолан кои убаво го прикажаа Брус Вејн кој нема никаква врска со тоа дур не отиде во League of Shadows или да патува во странство.
И да, заборавив да пишам, Гордон ми е мех, онака средно жалосно. Булок е каде-каде поинтересен лик.