Gotham

  • Креатор на темата Hurin
  • Време на започнување
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
Добро е не сум бил единствениот на кој му здосадила серијава, ако не се оправат до крај на 2ра сезона ќе ја баталам ... :)
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Баш сакав да дискутирам за Готам а гледам замрела дискусијата. Јас само што ја завршив првата сезона, а сум хардкор Бетмен фан, имам читано и стрипови и се.

Мене ми е сега за сега ок, има позитивни работи, јас очекував дека може да испадне многу полошо. Пингвинот е врв, ова е најдобра претстава на тој лик до сега. И актерот глуми одлично. Девојчето што ја игра Селина е срцка, и очигледно ја бирале да личи на Мишел Фајфер. Ради тоа нема да мрчам зошто Селина не е црнка туку плавуша. Во стриповите Селина секаде е со црна коса. Приказната на Нигма се надевам дека во иднина ќе биде подобра разработена, и Ридлер заслужува да го видиме во добро светло.

Не ми се допаѓа тоа што сакаат набрзина да ги пикнат сите негативци уште сега. Немаше потреба од Харви Дент, и нема логика да е толку стар, треба да е близу по возраст со Брус Вејн. Ајви не е толку интересна и немаше зошто да ја гледаме повеќе од една епизода. Слушам во втора сезона ги убациле и Фриз и Хуго Стрејнџ, ќе видам како тоа изгледа. Џокер нема логика да го има во серијава, колку и да го сакаме тоа. Џокер е мотивиран да стане тоа што е поради Бетмен, во The Dark Knight тоа е добро прикажано, и нема поента Џокер да го видиме уште кога Бетмен е дете. Јас би сакал да има повеќе негативци како Фиш Муни, кои ги нема во стриповите, и кои би се соочиле со Гордон и Булок. Не може Гордон да чека со години за Бетмен да ги фати сите.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Колку цајкани има во Готам бе, 10 души вработија, само во последнава епизода преку 10 испозагинаа...
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Јас па си мислев серијава ''is not worthy enough'' за тема на кајгана :D:D

Првата сезона комси-комса, влечејќи повеќе кон лоша. Кум серијал, со Бетмен негативци, ликови и истер-егови + со едно 10ина филер епизоди. Реално во 15 епизоди можаа да ја спакуват. Мех. Готов бев да ја откажам, ама другарка ме наговори да ја продолжам и почнам втората .. And she was right! :icon_mrgr:
Втората сезона kicks some serious ass. Иако не ми пречеше фокусот врз Гордон во првата сезона, сега во втората кога се свртеа повеќе кон развој на негативците - WOW. Talk about a villains club:vozbud:. И така ги обожавам грото ДЦ негативци/ одметници/ анти-херои, па вторава сезона дојде како ќец на десет. Пингвинот посебно, лудница е актерот како го тера ликот. Многу моќно. Кул е и што го флипнаа Ридлерот уште од сега (y), и баш ме интересира во кој правец ќе одат со него. Исто многу добар е и Харли Булок, свака чаС за кастингот и перформансот на глумецот - classic dirty Gotham cop.

Сума сумарум, о-кеј серија. Далеку е од нивото на некои други стриповски адаптирани серии, ама битно се гледа прогрес во квалитетот. Плус жар на сезонава дава тоа што развиваат ''Court Of Owls'' приказна и засега добро ја тераат.


Две ствари само ме нервираат до сега:
- Тоа што Catwoman не ја користат ниту доволно, ниту пак паметно. Ај што се појавува еднаш во три епизоди е едно, ама па и во тие што се појавува се глупираат со неа. Посебно тоа што ја претворија во потрчко на Пингвинот гррррррррррр :mad::mad::mad::mad: .. Тоа е плукање во фаца на стриповите (па и филмовите) во кои што ''Catwoman лекција-1'' е дека тие двајца органски не можат да се поднесат, а башка и ДЦ неодамна извадија одличен арк за нив, како влегуваат во војна. Ова ми е косење со здрав разум и ме иритира најмногу.
-
Штета ако ја килнат Барбара :place::place:. Јас ја гледав како Харли Квин во Готам откако флипна иии ќе изгуби серијава на квалитет ако се отарасат од неа. Патем и глумицата беше добра ..

ПС - Знаеш иначе дека се работи за шејди серија, кога во првите две епизди ќе ги чуеш термините patsy, turf & fence .. :icon_lol::icon_lol:
 
Последно уредено:
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Гледа уште некој Gotham? Има простор за дискусија? Само што го изгледав финалето на втора сезона, баш ми се прави муабет со други фанови.... :)
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Јас прекинав да го гледам ал ќе продужам денојве зош нема што да се гледа па ќе ти се придружам ;)
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Јас ја гледам сеуште, ама ептен се разочарав со тоа како одминуваше сезонава. Интересно почна, дури и подобра од првата ми беше, ама како одминуваше времето се повеќе паѓаше на квалитет. Мртви враќаат во живот, ги контролираат, добиваат моќи .. едноставно глупости, па и сега третата којзнае што ќе биде после оние сите "проекти" кои излегоа на слобода. Се мислев и да ја прекинам едно време, ама ја догледав заради што речиси сите серии ми беа на пауза, па немав што да гледам. Ама како што ми се чини, ќе ја откажам.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Претераа со ова враќањево во живот на карактери, макар шо Фиш Муни из бек, за тоа не можам да се пожалам. Интересна беше сезонава, ама стварно ја претераа со Галаван, на крај излезе дека го вратија во живот само за да умре капетанот на полицијата и сега Булок да сте главен таму.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Мене ми беше одлична оваа сезона негде до пред крајот. Последните 5-6 епизоди малку забегаа со проектите на Стрејнџ и со враќањето на мртвите ликови. Јас лично како Бетмен фан секогаш сум сакал повеќе да гледам приказни каде нема натприродни негативци, се надевав дека оваа серија нема да оди по тој пат, ама ништо, изгледа ќе гледаат да ги вметнат некаде сите негативци од стриповите. Е сега има и кул натприродни негативци, како Фриз или Килер Крок (сигурен сум дека ќе биде во оние што избегаа од автобусот), па ќе видиме како ќе испадне.

Инаку за Фиш, мене ми беше доста кул лик во првата сезона, ама не ми се допаѓа што се врати вака. Мислам дека како лик нема што да понуди ново. Исто беше и со Галаван, но тука им симнувам капа што второто убиство на Галаван го надмина првото. Сцената кога го разнесоа со базука ми е една од најјаките сцени што сум ги гледал во последно време. Која фаца е само Пингвинот тука. :)

Ќе ја чекам со нетрпение третата сезона, пак ќе речам, голем фан сум на Бетмен и сакам да ја истераат серијава како што треба до крај. Најмногу ме интересира како ќе се одвива приказната со Тајниот совет што го води Готам и кој е воопшто детето со долга коса што го видовме во последната сцена. Се надевам само нема Gotham да стане новиот Arrow. :D
 
B

beaverknight

Гостин
Fish е најглупа ствар што и се десила на серијава, се израдував, викам ајде втора сезона без неа, коа ја вратија на крај...
Не сум расист иначе, ама што знам, можда потсвесно сум. :D
П.С. Не добивајте впечаток дека ја хејтам серијата, интересна е, само без Fish. :D
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Poison Ivy, FINALLY !! (y)(y)(y)
dsaasddsaasddas.png

Моќен кастинг у пм, свака чаС. Малава е ко ќец на десет за улогата .. :love::love::гик::гик::гик::гик::гик::гик::гик::гик::cuc:
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.144
Поени од реакции
23.251
Моќен кастинг, небаре оскаровка зеле.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
WTF? Ајви ја има во серијата уште од прва епизода.... Да не одат случајно неколку години напред со приказната па бараат нешто повозрасни актери за детските улоги?

Инаку за во трета сезона се потврдени Mad Hatter и Соломон Гранди (третокласни негативци според мене, мада и двајцата веќе беа тизнати во втората сезона). А и Џером Валеска е многу веројатно дека ќе се врати, фановите го барале назад. Brace yourself, Joker theories are coming.... :)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
@Sawyer88 нема да го чепкаат тајмлајнот, ааа тоа дека веќе ја има Појзн Ајви во Готам е дискутабилно. Бледото џинџерче шо ја толкуваше Ајви Пепер (не е тоа правото име на ликот), иако даваше хинтови кон познатата Бетмен негативка со црвената коса и афинитетот кон билките, далеку беше од тој карактер. Во официјалниот рапорт е наведено ова:
"Following an encounter with a monster from Indian Hill, Ivy Pepper finds herself reborn, and one step closer to the DC villain she is destined to become: Poison Ivy. Now a 19-year-old woman who’s harnessed the full power of her charms, she sets her sights on Bruce Wayne (David Mazouz).

Од ова, клучен е мислам зборот препородена. Откако ќе и' се деси куршлусот по кој што ќе и' се активираат моќите, физички и психички таа ќе отвори очи како нов човек (можеби и со сериозно нарушена меморија), по што како таква нова особа ќе си го земе новото и леџит име - Памела Ајзли, ќе почне озбилно да се занимава со ботаники и хемии иии полека ќе се оформува во Појзн Ајви.
Иначе мејк-оуверот и застарувањето, иако звучат бизарно, се уствари добро ;) кон стриповите. Таму е добро познато дека Ајви подлежи и манипулира со ''посебни'' природни закони, бидејќи е во контакт со Green Force-от. Јас сум задоволен од веста дека Ајви конечно ќе ја видиме во право издание. Уште подобро што е со ривемп на ликот, глумицата им е одбрана 5ка нема шо. До сега беше повуци-потегни работата со помалото девојче ..


Иначе кога сме кај новите кастинзи ..
Џејмс Карпинело ќе биде Марио Фалкон (син на Кармајн Фалкон)


Џејми Чунг ќе биде Валери Вејл (репортерка која брка приказна околу Индијан Хил)



ПС - Валери, Ајви, Ли, Табита, Барбара .. Јаки џенцки се накотија во серијава па па пааа
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Интересно. Фала за инфото. Ајви мене лично никогаш не ми била меѓу омилените негативци, освен што е пресекси. ;) Малечкото девојче што до сега ја играше ич не ми се бендисуваше. Освен во првата епизода кога го убија татко и, секоја друга сцена со неа ми изгледаше непотребна. Ќе видиме што ќе испадне од целата работа. Малце ме плаши што ептен ќе внесат supernatural елементи, се надевам нема да ја израсипат серијата...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom