Јас сум нов на форумов па случајно ја видов темава , јас можам да кажам дека имам преголемо искуство со голем дел од генерациите на голф и слободно можам да кажам дека навистина се работи за извонредни машини , да не бидам погрешно сватен сум имал и други модели на коли кои не се од VW ili poprecizno sum imal opel isto i BMW 316ka , ама џабе не се рекло голф си е голф и ке нагласам зашто тоа е така , значи вака сум имал голф 2 1,6 обичен дизел , голф 2 1,6 турбо дизел . голф 2 гти дополнително мофифициран 1,8 16 вентили со 135 кс , голф 3 1,9 тд и голф 4 1,9 тди со 101кс единствено од сиве голфови само 3ката сум ја возел најмалку а сто се однесува до другите модели сум имал долгодишно искуство и можам само позитивни работи да наведам 5 страни од темава , 2ката обичниот дизел бес турбо е многу економичен мотор со тој мотор мозиш буквално 1 милион километри да поминиш ко на шала единствена мана што ја има голфот 2ката е што зглобовите многу лесно пајгаат , односно не е до зглобот како елемент што се сипи проблемот е во заштитната гумица која многу лесно се кини од каде потоа навлегува нечистотија во зглобот и доаѓа до негово оштетување , 2ката со 1,6 турбо за разлика од обичниот дизел без турбо е побрз мотор ама има и поголема потрошувачка некаде со 0,5 до 1 л на 100 км инаку воглавно е истиот мотор , а 2ката со гти мотор навистина е ѕвер машина интересна работа што ми се случи со овај голф е то што го имав запнато на капакот од багашникот на приколица од камион гребаницата беше некде од 7 до 8 см должина и 1 см дебелина бојата беше буквално изгребана и се гледаше лимот кој имаше сребрена боја , па некаде околу година дена го возев на секакви временски погоди и непогоди а лимот не ни потемна а да не зборувам за јавување на корозија изгледаше како пред 1 ден да беше оштетен но сепак овај модел на голф не би му го препорачал на никого и покрај одличната кросерија моторот има енормна потрошувачка а и има доста проблеми со механичкиот инџекшен систем на гориво , 3ката како што кажав не ја возев долго време исто се работи за доста економична машина , како совет можи да наведам сите што го имаат овај модел на голф со овај мотор 1,9 тд со 74 кс да ја пунктираат ременицата од радилицата зошто фабричка мана му е да ја прошлајфова кајлата на ременицата и да направи доста голема штета инаку моторот е извонреден на -20 степени пали како бензинец единствена мана му е кајлата на ременицата од радилицата моментално ја имам 4ката која е многу економична машина на отворено троши 4,4 л на 100 км според борд компјутерот а градска вајга некаде 6 - 6,4 л на 100 км , а што се однесува од опел сум имал вектра а модел со 1,7 исузу мотор и модел б 1,6 16 вентели ама повејке опел никогаш нема да земам , лимот му е катастрофа многу неквалитетн а бензинецот троши како ненормален 9 литри на 100 км комбинирано .