GOLF 4 TDI

  • Креатор на темата gice
  • Време на започнување
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
А Голф 4 TDI тешко дека ваков ке најдеш да ти испадни на наши табли 6.500 евра затоа што се плака а прашање е дали и ке можеш ваков да најдеш..
Горе што го поставив Golf 4 TDI 130KS е 6,000 евра на наши табли :)
 
Член од
18 август 2007
Мислења
135
Поени од реакции
8
Кратко образложение... радилицата и клиповите наместо да шлапкаат во масло и да се цедат, пливаат. Вртливиот момент создава центрифугална сила и притисокот на маслото во горниот дел на моторот опаѓа. Ризикуваш моторот ќе остане без подмачкување во делот на главата и клипните прстени (кариките) поради намалениот притисок на масло. Од друга страна имаш одвишок на масло во долниот дел на кој делува центрифугална сила. Се на се, очекувај дека има шанса сите симеринзи и диктони на долниот дел да почнат да течат, а има и една цевка која издувните гасови од картерот ги насочува во усисната грана (дишник), и има голема веројатност дека низ неа моторот ќе исфрли дел од одвишокот на масло.

Е сега ако фрли макар и 300 грама (што со сигурност ги фрла по 3-5 минути работа), доаѓаш до моментот дека моторот наместо да компресира воздух, компресира течност која има поголема густина од воздухот. Да не должам многу, поради течноста во делот измеѓу клипот и главата (онаму каде што согорува горивото), клипот не е во можност да ја достигне нултата точка на палење, а клипницата сака да го тукра нагоре, и доаѓаш до делот на искривување на клипницата. Е после иди заебаниот дел, кога едниот цилиндар нема да доаѓа до точката на палење, па имаш ем намалена компресија, ем изместено палење.

Дали се оправа? Јасно, ако промениш клипници. А со нив, ќе промениш и лагери на радилица, диктони, карики, ќе ја израмниш деклата.... да неречам ремонт. Појасно?


едит: заборајв да напоменам, ова погоре не важи за Гољф, пошто тие се извонредни машини и за нив сите закони на физиката неважат. Гарантирано, испробано.
:smir: Фала на деталното образложение, ми помогна ова во некој работи.
:salut:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Да не шитка од вас некој Голф 4 или 5? :) Нека пише ПП.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
me interesira sto vozi g-not dzish
Да го наречиш Џиш господин, ти е исто како да монтираш лифт во штала :)

Инаку засега возам Форд Ескорд 1.8 дизел 92-ра (брат ми вози Опел Кадет, мајками Фиеста, возила што ги иам заедно со Ескордо), а ќе возам Мерцедес 123 240д, само да го спремам за мој мерак. Инаку зошто се интересираш?
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Не ми е јасно како може голфот да е нешто посебно кога истите делови се вградуваат и во дргите коли на фолцваген на ауди и на сеат не ми е јасно. Поготово сеат цели коли се базирани на голф само школка различна другото подвозје мотор ист како кај голфот, ама голфот е закон да го извадиш моторот пак ке тера чудо од кола ама на кој да објаснуваш слушнале муабет и ајдеее сите голф а сеат ако им спомнеш триста мани ке најдат а всушност за истата кола зборат само друга фаца има.
 
B

BooBojan

Гостин
Не ми е јасно како може голфот да е нешто посебно кога истите делови се вградуваат и во дргите коли на фолцваген на ауди и на сеат не ми е јасно. Поготово сеат цели коли се базирани на голф само школка различна другото подвозје мотор ист како кај голфот, ама голфот е закон да го извадиш моторот пак ке тера чудо од кола ама на кој да објаснуваш слушнале муабет и ајдеее сите голф а сеат ако им спомнеш триста мани ке најдат а всушност за истата кола зборат само друга фаца има.
Друже едно прашање за тебе ако може?
Колку Голфови се продадени од првата генерација па до денес?
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Не ми е јасно како може голфот да е нешто посебно кога истите делови се вградуваат и во дргите коли на фолцваген на ауди и на сеат не ми е јасно. Поготово сеат цели коли се базирани на голф само школка различна другото подвозје мотор ист како кај голфот, ама голфот е закон да го извадиш моторот пак ке тера чудо од кола ама на кој да објаснуваш слушнале муабет и ајдеее сите голф а сеат ако им спомнеш триста мани ке најдат а всушност за истата кола зборат само друга фаца има.

одма ке ти појаснам на кратко...

секој производ има ниво и класа на квалитет... така да иако голфот и сеатот а богами и шкодата имаат исти мотори како и голфот, квалитетот на нив е подоле за неколку класи одколку на голфот... секој произведен дел, почнувајки од карика, клип, вентил, штрафче, глава, блок, радилица, брегаста и буквално се во моторот, мењачот, суспензијата, предницата, лагери... се тоа кога се произведува во фабрика иде на скен или по едноставно на ренген да се види како и колку е квалитетно произведено како од надвор така и од внатре.... и после тоа се делат на класи по квалитет... а ги има од А до Е класа или од -1-ва до 5-та класа... и од тука натака се делат на секому по заслуга....
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Не е лош и четворката :)
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
одма ке ти појаснам на кратко...

секој производ има ниво и класа на квалитет... така да иако голфот и сеатот а богами и шкодата имаат исти мотори како и голфот, квалитетот на нив е подоле за неколку класи одколку на голфот... секој произведен дел, почнувајки од карика, клип, вентил, штрафче, глава, блок, радилица, брегаста и буквално се во моторот, мењачот, суспензијата, предницата, лагери... се тоа кога се произведува во фабрика иде на скен или по едноставно на ренген да се види како и колку е квалитетно произведено како од надвор така и од внатре.... и после тоа се делат на класи по квалитет... а ги има од А до Е класа или од -1-ва до 5-та класа... и од тука натака се делат на секому по заслуга....
А што ке кажеш дека сеат леон 1.9 тди 2000 година има помалце дефекти од голф истата година??? и тоа леонот е во сопоственост на еден тркач знае на моменти да откачи со вожња а голфот е во сопственост на татко му кој го чува како очите. Леонот има крута вожња стабилен е а голфот издишан цел ни снага ни ништо е сеа незнам дали ги смешале класите и по грешка пратката ја пратиле кај сеат или што е работата ?? И како е можно FR от да е побрз од голф 5 со ист мотор и да има подобро држење (ова е докажано од експерти) ако е класа подоле делот неможе да има подобри перфоторманси од дел кој е класа погоре со ова теоријата ти паѓа во вода. Немам ништо против голф само многу го велечите ко којзнае што е а всушност е исто срање како и другите и се вади на стара слава :smir:

--- надополнето ---

Друже едно прашање за тебе ако може?
Колку Голфови се продадени од првата генерација па до денес?
Ја незнам колку се продадени ме мрзи да барам статистика а и не ме интересира минатото ме интересира сегашноста а колата што ја гледаш на аватар кај мене има механика од голф а подобри перформанси од голф а издржиловста е тука негде. И уште еднаш ке кажам не ми смета голфот ама не одете на тоа дека голфот е кола која може буквално се да и праите па дури и без уље да ја оставите таа пак ке тера.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Колку го проширивте муабетот тоа чудно едно.

Сите се согласуваме со еден факт.

VW марка е прецената кај нас, а да не зборувам за Mercedes.
И едните и другите се расипуваат. Можам да избројам (особено за VW) по десет маани секој модел што го има, маани кои можат да бидат скапи, а и често се случуваат.
ЕДИНСТВЕН издржлив модел на VW се Бубите, не поради којзнае што скапа технологија, но и Бубата како Буба има маани, ама никој не забележува на тоа оти сите викаат „Добро де од на Хитлер времето е, нормално да не е совршена“, ама во споредба со некои понови коли од тоа време, ите како е подобра.
Голф 1 и фамозната 2-ка имаат катастрофални решенија со атмосферската вода. Малку да пукни пластиката под хауба, директно влегува водата во кабината внатре. Кај ЗАСТАВА имаат многу поелегантни решенија во овој поглед, па и во карбураторските решенија. Механиката на 101/128/Југо (концептуално) е светлосни години подобра од Голф 1 и 2, ама изведбата е друга, пред се мислам на изборот на материјали.
Голф 3 според кажувањата на сопствениците, имаат слабо подвозје (јабучици, ослонување и сл.)
Голф 4 моторот 1.4 до 1999 година цеди масло на високи обртаи (отворете воздушен филтер и ќе видите)
Голф 4 моторот 1.9TDI - 131КС имаат проблеми со дихтонзи за масло, проблеми со мењачи (особено автоматските).
Најдобра комбинација е 1.9TDI со 66KW - 90КС. За овој мотор кој сака нека кажува тука, НЕМА СМРТ, освен ако не заборавите да смените масло :) друго, гарантирам дека нема смрт. Идеално балансиран мотор.
Голф 5 и Голф 6 уште се нови модели и немаат сеуште кажано маани.

Е сега, да се навратиме на темата дека постојат марки Skoda, Seat што ги возат истите мотори и губат на цена.
Е овде е муабетот „Абре Македонче!“.
Сите па и 90% од форумџиите и овие што ќе го читаат овој пост побрзо ќе седнат во Голф отколку во Октавија! Зошто? Заради продавањето имиџ „Голф возам јас“!
Де факто во многу решенија овие два произведувачи вклучително и Audi се надалеку подобри од VW.
Октавијата со 1.4 мотор НИКОГАШ ги немаше проблемите што ги има Голф 1.4! Моторот работи супер и на високи обртаи. Ако се сеќавам добро (не ме држете за збор) заради таа криза со тој мотор, дел од Голфовите од 1999-2000 возеа мотори склопувани во Шкода. А дека производството (стандардите) на Шкода беа изразито добри е фактот што пола Пасат што го гледате на улица е произведен во Чешка. Од багажник, врати, разни елементи итн. Ама браќата се чукаат во гради оти возат VW :)

Сеат, само по статистика се кажува дека се подобри од VW. Јас мислам дека сепак Шкода има најдобар компромис во се!
Сеат нуди дизајн, но со минлив карактер. Шкода е и дизајнерски и квалитативно најдобра од сите.
Да не испадни дека ги фалам само Шкода и тие си имаат мани.
Шкода Октавија прва генерација имаат проблем со петтата врата. Уште од салон се слуша чукање на секоја дупка. Покрај укажувањата на сите корисници на Шкода, Шкода излезе со став дека мора да има некое движење, што сепак ние го слушаме.

Отворете Ауто Билд каде што прават тестирања на 100,000км и читајте.

И на крај

За Ford, Fiat, можам да кажам дека се супер возилца, но проблемот со нив е варијација од модел до модел. Пример Ескортот и Мондеото (старите модели, како на Џиш) се имаат покажано во одредени услови катастрофални особено со заштитата од корозија, но имаме модели како Фиестата со супер заштита од корозија (онај заоблен модел Фиеста 3-ка).

Citoren, Peugeot, Renault како француски произведувачи, мааната им е што нудат високи цени за резервни делови.
Еве за пример вентил за Audi 100 (A6) 2.0 16V е 5 евра, за Renault Laguna 2.0 бензинец 25 евра :)
Peugeot 206 шал табла (цела електроника) 400 евра! (четиристотини евра!)
Peugeot 206 рачен 5 степен менувач за 1100 кубика 600 евра!
За споредба BMW 320 бензинец од 2010 година менувач е 800 евра!

Ова не се цени на памет. Слободно ѕврцнете во Маккар (BMW) и мислам Еуроимпекс ...
Сепак, фан сум на французите и италијанците, така што не плукам (толку) по нив :) а и не би се жалел да бидам сопственик на такво возило :)
 
B

BooBojan

Гостин
Денес едно другарче денес купи голф 4 1.9 ТДИ 66KW 90KS.
1999година со пројдени 186000км со АБС,Серво,Алуминиумски бандаши радио на CD,далечинско заклучување.Без клима.
За 5000евра.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom