GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.047
Dodeka kazuvame zbogum na najlosoto nesto sto mu se slucilo na forumot (pritoa ne mislejki na Dzontra!), vreme e da ja osvezime temata.

Annihilation (2018)

Saka nekoj da pocne? Kako go tolkuvate krajot? Moze da pocneme i leko, zaso vi se svigjal ili ne
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.771
Поени од реакции
36.704
Филмот е подложен на многу интерпретации. Прво што ми падна на ум е односот креација-деструкција, и колку е мала границата меѓу двата процеса. Она што за вонземското битие беше креација на еден нов, веројатно поубав свет за него, значеше деструкција, веројатно несвесно за вонземјанинот, на нашиот, постоечки. Потоа читав стотици други теории, психоаналитички, феминистички, читав за несвесното и потсвесното, за подвоеноста на мислите, за тоа како сите личности се биполарни, што беше претставено преку соодносот на herself и shimer-self на ликот на Натали... За на крај, @Anon да ми посочи дека филмов може да се толкува и како метафора за деструктивната природа на ракот (и тука го има моето прво толкување за односот креација-деструкција и цикличната природа на светот, но мене на ракот не ми текна, искрено). Може многу да се зборува тука, мнооооогу!
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Туморот е метафора на човештвото, кое секогаш го одбира патот на самоуништувањето, без оглед дали се работи за пороци, неверства, самоубиства, односот кон природата во која живееме и од која зависиме, како што и повеќето од женските ликови беа со таков бекграунд. The Shimmer од друга страна предизвкува мутации, промени што не значи дека под дифолт би биле лоши, можеби би биле и еволуција, ко што една од ликовите кажа вие сакате да се борите и да го убиете, ја не сакам ниедна од тие две работи и ја снема, мислам почнаа цветови да и растат од рацете или така нешто. Што е уште еден показател за тоа кон што се целело, а тоа е дека човекот ко вид е дефектен и е потребно да се направи нова, подобра копија/верзија од сите нас.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.047
Destruction is a form of creation nali...

Jas mislam deka glavnata paralela e pomegu mutacijata sto se slucuvase i rakot iako nedovolno akcentiran. Tivkata asimilacija odvnatre i nasata borba so toa. Razorna invazija vrz nas (zemja/telo) od zaseda, hence naslovot. Krajot sakam povtorno da go izgledam bidejki koga se sretnaa i dvajcata bea druga verzija od niv, iako portman se borese protiv toa a maz i go imase veke prifateno. Samo sto edniot bese klonot, a Portman zaso imase isto zolto u oci? Bidejki site go zdobivaat uste pri vleguvanje u shimmer-ot? I kako rezultirase kaj Portman? Kaj taa so rakot evaporirase promenata na dnk, drugata stana mecka, tretata stanuvase drvce... neli zavisno cija/kakva dnk ke se pomesa. Zaso ona bese imuna? Dali radi toa sakaa da ja kopiraat? Ne sledev najvnimatelno, mora odnovo da go pustam.

Inaku Ex Machina e prethodniot film na reziserov, taka da ide u blisku pazenje na sto ke izvadi sledno. Sfakam zaso Tarkovsky, ali mene vizuelno mnogu me potseti ne Enter the Void so cudnosta na Under the Skin. Mozebi da ne bese netflix content i da izgledase nekad ko film od scifi kanalot, ke bese mnogu podobar. Prviot del od filmot e premnogu textbook i dosaden, baska Natalie zaso glumese olku loso ne znam... ali smesno duri bese.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.771
Поени од реакции
36.704
Zaso ona bese imuna? Dali radi toa sakaa da ja kopiraat? Ne sledev najvnimatelno, mora odnovo da go pustam.
Мислам дека не беше имуна, и кај нејзе имаше промени, само веројатно побавно отколку кај другите. Е сега, зошто побавно, не знам, ама и ракот не се шири секаде со иста брзина, нели? И баш таа светлина во очите во последната сцена покажа дека всушност и она излезе променета од shimer-от, како и секој кој влегол внатре.

И таа другата не се претвори во мечка, туку тоа суштеството (мечка веројатно) и го изеде грлото, па веројатно нејзините гласни жици сраснаа со суштеството. Затоа тоа го испушташе нејзиниот глас.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.451
Поени од реакции
17.890
Треба уште еднаш внимателно да се изгледа. Мене ми беше интересен и сакам филмови да ги размислувам.

На прва би кажал дека се нафрлани космички принципи, како што се промена, прогрес, еволуција, борба. Уствари човекот е резултат на се тоа. Крајот не знам како да го толкувам, очигледно двајцата беа променети после излегувањето, и уствари се првиот пар, би рекол пандан на Адам и Ева. Шимерот ми е нешто како Еденовата градина, мене ми е очигледна тенденцијата да се направи паралела. Само што го изглеав, мора да ми легне, и уште барем еднаш да го глеам.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Малце ме потсеќаше на The Thing.
Лежерен филм што го прави и малце досаден на моменти и запаѓа во монотонија, посебно со тие флешбековите. Динамично и интересно ми беше само кога беа внатре во Shimmer-от и кога откриваа и истражуваа.
Ликовите ептен беа тивки спрема ликот на Портман, планирани биле ваљда да бидат скоро и незаприметливи спрема неа ама не ми е баш за оваа улога, многу е ситна, нежна и незаприметлива, сосема утната за ваков силен лик. Другите женски си беа ок.
Од друга страна па ефектите ми го направија филмот ок, посебно Shimmer ми беше ко мал рај и мутираните жители во него скоро па реални.

За крајот откако ве прочитав блиц малце сега за ракот ептен има логика и ако се враќам назад на се што се деси, дефинитивно е тоа, мада можеш да си правиш сценарија со секаква можна причина што ќе ти текне и пак да бидеш во право и тоа е една од предностите на филмов од кој очекував премногу и малце ме разочара и сепак како кривец за се тоа ќе ја земам Портман. Го уништи филмот. 6/10
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Филмов е толку очигледно алегорија за развој на рак, колку што Mother! беше болно очигледна алегорија на Библијата. Ги затераа алегорииве, што не е тоа толку лошо искрено, фалат блокбастери со суштина во Холивуд и со секој следен се подобруваат. Јас праев некои паралели со Лајф најмногу заради таа замешаност на биолошки процеси во двата, овој далеку подобар од Лајф, ама пак не ми остави некој преголем впечаток, барем не колку што добива praise од некои членови. Најмногу во филмов ми се свиѓаше сцената со Натали Портман кога се бореше со нејзинава копија, и тоа зашто многу јасно беше таму таа алегорија прикажана, Анон веројатно знае, меѓутоа таа сцена ако ја гледате и ги замислите Портман и копијата како две клетки во едно ткиво, едната здрава, другата мутирана, ќе имате доста реален приказ на тоа како туморозните клетки ги напаѓаат здравите. Крајот, односно очите што вика вот, ме изнервира, прво што хејтам отворени краеви, и второ што ми се смачени со тие песимистички, негативни завршници. Јас го интерпретирав како тоа дека Наоми има излезено мутирана од таму, што и не е победа над Шимерот, туку вируленција. Односно за мене во филмот ракот победи и преку Наоми ќе се рашири повторно.

Депресија жива.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Леле сеа исклучиво заради темава ќе мора да го гледам :(
А не сакам, не сакам! :place:
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.483
Поени од реакции
7.306
Не дека беше wow али далеку од лош и катастрофичен.
Драма/романса/мјузикл.. музиката беше доста добра и одлично испеано од Гага.
Глума исто доста добра.
Ја не видов никаков проблем како е монтиран и снимен и тука солиден ми беше..
Приказната позната, љубов против его и алкохолизам и севкупно ок беше преставена. Шо се однесуе до мојата внесеност, ме држеше солидно до кај пола негде ваљда, а после ко да ми се изгуби филмот ми стана flat али доби на крај некој плус поен со песнава Купер шо ја пееше.
Хемија си имаше меѓу Гага и Купер..
Севкупно, технички добар, музика пеење одлично, да се потсетиме мјузикл е, романсата добра, едино драмата т.е. делот кај шо треба да ми предизвика емпатија/симпатија и да ме натера да плачам беше просечен.. вкупно солидно 7че, нормално далеку од нешто невидено и најдобар филм за годината.


Инаку дента го глеав со Џуди Гарланд, и тој слично ко овој само што во сите сегменти за малку боље ми беше(освен пеењето, против Гага тешко), имаше и по некоја вишок сцена, али коа дојде крајот, последните 30тина минути почна да тресе за да со последната сцена успее да ме скрши.


Не ги пратам тие листи Злате шо ги прати, али ко шо го сфатив моментално му е прв на таа негова листа за оскари и ако стварно прерасне во еден од фаворитите за најдобар филм тогаш (n)
 
Последно уредено:
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.764
Поени од реакции
11.753
Мене Гага ми го напраи филмот добар, типка што никад не сум можел да ја смислам, ептен ме изненади. (y)

Што знам, отидов со мислење дека ќе биде крш, ама напротив излегов задоволен. Неам глеано ниеден од приквелите и ми задржа поише внимание од Бохемиан Рапсоди пример, а очекував многу повеќе од вториот.
Музиката и глумата беа супер, ќе се сложам дека не е ништо невидено и како гранде се надевам дека нема да земе најдобар филм годинава, ама за овој жанр мислам дека е сосема солиден. Знам дека коа ќе го изглеам дома уште еднаш ќе му стаам помала оценка, според мене најреална е 3.5 (7). Ради еуфорија у кино и друштвото околу мене секад им ставам поголема оценка од што треба. :D

И да, ќе се сложам дека е оскар бејт, ама барем е нешто различно од бејтовите минатите 2 години со угнетуваните црнци и слично.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.771
Поени од реакции
36.704
Прв и најголем проблем што филмов го имаше, е што би рекол @wot , што не знаеше кај тера. На почетокот, никаков заплет немаше - се запознаваат, љубов на прв поглед, 2 вечери после тоа, одма ја носи на концерт овој, во центарот на случувањата, при што ја пејат Shallow, песна која Гага ја смисли дур седеа на паркингот и за која наеднаш Купер смислил аранжман, и иако Гага никогаш го немаше слушнато, сепак совршено испадна дуетот, ко да вежбале со месеци. Технички, притоа, ќе се сложам дека се беше на место, ама монтажата на звук беше ужасна - се приметуваше дека не пејат во живо, и дека Бредли не свири - многу лош lip-sync. После тоа, филмот цело време пропагираше оригиналност, а самиот е четврт римејк на истиот филм и милионити take на истата тема (!!!) - што имаше оригинално тука? (Мора да признаам, притоа, дека ова не беше моја идеја, ја прочитав, но не можам да не се согласам). Трето - цело време очајно се труди да пренесе нешто важно, нешто со големо значење, и потфрла во тоа - филмот е pointless од почеток до крај. Не знаеше кај вози во однос на тоа што сакаше да ни го каже: зборува за оригиналност, притоа на некој начин плукајќи по денешната современа поп музика, а потоа истовремено ја цени, прифаќа, поддржува... Четврто, не донесе трошка емпатија кон ни еден лик. Буквално, не ми беше гајле за никој. Ликовите не беа ни да ги сакаш, ни да ги мразиш. Никакви емоции не ме врзуваа кон никој. А филм кој не носи емоции, нема душа. Па Бредли се рокна себеси, for God sake, а јас ем го очекував тоа (предвидливо до бесвест), ем и самиот момент не ми побуди никакви емоции - ни тагував за загубата, ни се радував што и го олесни животот на Гага. И петто: хуморот многу ме нервираше. Сцените на кои некои од гледачите во салата се смееја, јас си мавав facepalm-и. Едвај издржав до крај, со други зборови.

Кога зборуваме за перформансите - ликот на Гага многу ми пречеше, и мислам дека повеќе беше лошо напишан, одошто лошо одглумен, ама сепак никако не можам да се сложам дека е перформанс за Оскар. Бредли и кучето беа топ! За нив не можам да кажам ништо лошо, Бредли убаво си го донесе ликот. Тоа е една од трите работи кои ми се допаднаа во филмот: другите две - музиката, нормално, и нешто кое во ваков филм последно би требало да ми се допадне - кинематографијата. Имаше многу убави кадри, особено во сцените со концертите. Многу убава игра со светлата, рефлекторите, навистина убаво и интересно беше за око.

Кога сме кај оригиналноста, ги немам гледано другите филмови, но убеден сум дека во нив немало транџи и реплики: "потпиши ми се на цицките". Вметнале нешто оригинално, аплаузи!

И за крај, само уште за оскар бејтот кој го спомнав: не само дека ради Гага, туку и ради политичките коректности. Морале да стават транџи и црнци, за да не се лутат едните и другите, и за да гласаат таквите при Оскарите. Единствено му фалеше само еден говор против политиките на Трамп, за впечатокот да биде комплетен.[DOUBLEPOST=1541843908][/DOUBLEPOST]
Не ги пратам тие листи Злате шо ги прати, али ко шо го сфатив моментално му е прв на таа негова листа за оскари и ако стварно прерасне во еден од фаворитите за најдобар филм тогаш (n)
Од осумте сајтови кои прават предвидувања за Оскар, на 7 им е на прво место. Поубедлив фаворит немало години уназад. Тој осмиот сајт, уште нема објавено предвидување.
 
Последно уредено:

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.483
Поени од реакции
7.306
монтажата на звук беше ужасна - се приметуваше дека не пејат во живо, и дека Бредли не свири - многу лош lip-sync.
Баш вчера глеав Конан со Купер ко гостин, рече дека комплетното пеењето е во живо, од сите, а дека не свири он на гитара... искрено мене баш ми делуеше дека пеењето е во живо.

А за оскар мамци и други тракатанци не ми беше ни важно ниту па знаев дека е фаворит (пред некој ден ти ја видов листата). Мене ми беше јака сцената во тој транс барот коа дознава уствари кај влегол и коа пееше Гага.. не толку после коа се собраа сите и почнаа да гракаат да им се потпише на цицките.

Важно не е дека немаше цел, целта и темелот беше љубовта меѓу двајцава, е сеа колку успеа секој индивидуално да го допре тоа е друго. Ко шо реков кај мене до некаде функционираше во првиот дел и тоа делчето на крај, али филмов ми се извади на се' останато
 

Kajgana Shop

На врв Bottom