Прв и најголем проблем што филмов го имаше, е што би рекол
@wot , што не знаеше кај тера. На почетокот, никаков заплет немаше - се запознаваат, љубов на прв поглед, 2 вечери после тоа, одма ја носи на концерт овој, во центарот на случувањата, при што ја пејат Shallow, песна која Гага ја смисли дур седеа на паркингот и за која наеднаш Купер смислил аранжман, и иако Гага никогаш го немаше слушнато, сепак совршено испадна дуетот, ко да вежбале со месеци. Технички, притоа, ќе се сложам дека се беше на место, ама монтажата на звук беше ужасна - се приметуваше дека не пејат во живо, и дека Бредли не свири - многу лош lip-sync. После тоа, филмот цело време пропагираше оригиналност, а самиот е четврт римејк на истиот филм и милионити take на истата тема (!!!) - што имаше оригинално тука? (Мора да признаам, притоа, дека ова не беше моја идеја, ја прочитав, но не можам да не се согласам). Трето - цело време очајно се труди да пренесе нешто важно, нешто со големо значење, и потфрла во тоа - филмот е pointless од почеток до крај. Не знаеше кај вози во однос на тоа што сакаше да ни го каже: зборува за оригиналност, притоа на некој начин плукајќи по денешната современа поп музика, а потоа истовремено ја цени, прифаќа, поддржува... Четврто, не донесе трошка емпатија кон ни еден лик. Буквално, не ми беше гајле за никој. Ликовите не беа ни да ги сакаш, ни да ги мразиш. Никакви емоции не ме врзуваа кон никој. А филм кој не носи емоции, нема душа. Па Бредли се рокна себеси, for God sake, а јас ем го очекував тоа (предвидливо до бесвест), ем и самиот момент не ми побуди никакви емоции - ни тагував за загубата, ни се радував што и го олесни животот на Гага. И петто: хуморот многу ме нервираше. Сцените на кои некои од гледачите во салата се смееја, јас си мавав facepalm-и. Едвај издржав до крај, со други зборови.
Кога зборуваме за перформансите - ликот на Гага многу ми пречеше, и мислам дека повеќе беше лошо напишан, одошто лошо одглумен, ама сепак никако не можам да се сложам дека е перформанс за Оскар. Бредли и кучето беа топ! За нив не можам да кажам ништо лошо, Бредли убаво си го донесе ликот. Тоа е една од трите работи кои ми се допаднаа во филмот: другите две - музиката, нормално, и нешто кое во ваков филм последно би требало да ми се допадне - кинематографијата. Имаше многу убави кадри, особено во сцените со концертите. Многу убава игра со светлата, рефлекторите, навистина убаво и интересно беше за око.
Кога сме кај оригиналноста, ги немам гледано другите филмови, но убеден сум дека во нив немало транџи и реплики: "потпиши ми се на цицките". Вметнале нешто оригинално, аплаузи!
И за крај, само уште за оскар бејтот кој го спомнав: не само дека ради Гага, туку и ради политичките коректности. Морале да стават транџи и црнци, за да не се лутат едните и другите, и за да гласаат таквите при Оскарите. Единствено му фалеше само еден говор против политиките на Трамп, за впечатокот да биде комплетен.[DOUBLEPOST=1541843908][/DOUBLEPOST]
Не ги пратам тие листи Злате шо ги прати, али ко шо го сфатив моментално му е прв на таа негова листа за оскари и ако стварно прерасне во еден од фаворитите за најдобар филм тогаш
Од осумте сајтови кои прават предвидувања за Оскар, на 7 им е на прво место. Поубедлив фаворит немало години уназад. Тој осмиот сајт, уште нема објавено предвидување.