Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Цела епизода беше како рикеп на некои разгорови на Арја од претходните епизоди. What do we say to the God of death; муабетот со бојата на очите со Мелисандре, бегањето низ библиотеката е исто како кога се криеше во Red Keep, па и низ улиците на Bravos, ова што ти сметало тебе е исто од прва сезона, кога и го даваат Needle и истово и го викаат, stick em with the pointy end. Овака кога ќе видиш имаше премногу хинтови низ цела епизода кој ќе е главниот лик во епизодава, ама кој да ги примети за време на цела таа акција.
Баш така, набиените емоции во епизодата не доваѓаа од убивањето на зомбија туку од ваквите моменти. Токму тоа го кажуваат и режисерите во нивното објаснување за епизодата.

Најголема грешка кај луѓето е што мислат дека е доволно епизодите ГоТ да се гледаат еднаш и дека ќе успеат да ја доловат убавината на серијата.
 
прво очекував борба меѓу другите ВВ со некого од Винтерфел, а не да бидат статисти цела епизода.
друго, за Дотраките се потенцираше неколку пати дека се најјака армија на отворено, башка не беа малку него огромна армија а беа збришани за 20 секунди, а кај фрозен лејк 5-6 души се бореа со исто толку т.е. милион мртваци и не неа прегазени ко мравки.
 
На страна (за мене) разочарувачкиот исход на крај од епизодата, после второ гледање мора да повторам дека се што водеше до тоа беше можеби перфектно направено. Кога ќе изгледаш и колку труд е вложено во сето тоа, и во какви се услови работеле за да го направат, добива уште поголема тежина.

Моментот со Дотраките беше одличен. Им дадоа надеж со магијата на Мелисандре за многу брзо потоа да ги снема. Кадрите дур сите гледаат како огинот се гаси беа перфекција. Не можеше да има подобар WE ARE FUCKED момент. Да не заборавиме дека на 99.9% од луѓето прв пат ги гледаат мртвите. Перфектно ја долови масивноста на армијата на мртвите, покажувајќи дека и голема коњаница со јаки воини може да проголта како ништо.
Планот на овие никогаш не им беше да ја победат армијата, јасно им беше дека немаат никакви шанси. Планот беше да ги задржат колку што можат, па потоа и да ги сопрат што подолго со огнената ограда, со надеж дека Најт Кинг ќе стигне кај Бран и ќе го убијат на време. Они тоа и чекаа таму на страна со змејовите и не требаше воопшто да се вмешуваат дур не го видат Најт Кинг со змејот како оди кон Бран, ама Денерис не издржа откако виде дека лесно и умира војската.

Музиката беше пак феноменална, ама навикнати сме на тоа веќе.

Имаше многу јаки моменти низ целата епизода, нема што. Ќе ми остане безвезе исходот доколку не се навратат на тоа и ова е стварно крајот за ВВ и Најт Кинг, затоа што ќе испадне дека воопшто не беа вистински битни за се што ќе се случи на крај. Исто и за Бран ако нема убаво објаснување за што прави цело време и која му е вистинската цел него. А од привјуто за наредна епизода, и интервјуата од видеата што ги објавија, ми делува ко да немаат намера да се вратат на мртвите. Останува да видиме.
 
Според мене, нема ни потреба. Сепак е ова игра на тронови, односно, самото име ни кажува дека најголемата битка ќе се води за тронот, доле, со Серси.
 
"Големата битка" беше нешто како "големото финале пред финале"(Барселона -Ливерпул)...т.е. Матип му праве "крвнички клизачи"на Меси, .....Меси во аут...Публиката ќе биде задоволна или не ??
 
Пред да почне сезонава, на fb ми се појави еден спојлер, што беше единствениот спојлер кој го видов за сезонава, фала богу. Бев многу лут, а испадна дека е лажен :pipi: : Арја ќе умрела во втората епизода.
 
прво очекував борба меѓу другите ВВ со некого од Винтерфел, а не да бидат статисти цела епизода.
друго, за Дотраките се потенцираше неколку пати дека се најјака армија на отворено, башка не беа малку него огромна армија а беа збришани за 20 секунди, а кај фрозен лејк 5-6 души се бореа со исто толку т.е. милион мртваци и не неа прегазени ко мравки.

Не се бореа со исто толку мртовци, издржаа неколку минути откако замрзна езерото и беа спасени од змејовите.

Во меѓувреме, Страхил воскресна се што е умрено и закопано во последните неколку илјади години од таму до Винтерфел.

Се цепидлачи многу на темава за банални работи. Се прашуваше некој погоре, како зомбињата лесно го прескокнале ѕидот. Како во WWZ го прескокнаа, тоа им се физички карактеристики, се пентарат еден врз друг, прават мостови, брда, што год им треба да стигнат кај што сакаат.

Се заборава дека Арија имаше тренинг, дека знае да се прикраде без никој да ја забележи, па нека е и Страхил во прашање. Кај пишува дека тој и ВВ имаат суперслух? Целата драма што Бран ја направи со Теон пред да го прати во смрт беше за да ги прелаже дека Теон е последниот кој стои помеѓу нив.

Фанови сте на фантази серија, уклучете си имагинација, некои работи ќе ви бифат оставени сами да си ги одговорите. Еве за мене местото околу дрвото е магично за Старкови и ја сокри Арија од ВВ. Решен проблем. Или да земам крпа и да ја врзам главава и за тоа?

Имаше и други решенија кои можеби ќе беа и подобри. Страхил можеше да умре и од оган во епска битка на змејовите над Винтерфел, нешто што го замислував пред епизодата. Или Винтерфеловци да ги испоубијат ВВ кај тоа дрвото и да остане Страхил против Џон, Тормунд, Бриен, Теон, Арија и два тројца други. Па да скине неколку од нив пред Џон да го убие. Има 100 варијанти кои можеби се подобри од таа, но така се решиле.

Кој умрел, кој преживеал, кој кого убил и кој со кого се онадил... како Династија да коментирате. Тоа всушност и стана ГоТ, една голема Династија со змејови.
 
Главната работа во серијава не е битката со НК и ВВ туку битката за тронот. Серсеи добро ги изигра со тоа што не ја пушти војската на северот да помогнат, туку ги остави да бидат збришани од шетачиве. Е сеа дали има некој џокер во ракавот, со што мислела дека лесно би ги победила НК и ВВ доколку дојдат до Кингслендинг, а уште полесно би ги победила Дени и компанија ќе видиме.
 
Пред да почне сезонава, на fb ми се појави еден спојлер, што беше единствениот спојлер кој го видов за сезонава, фала богу. Бев многу лут, а испадна дека е лажен :pipi: : Арја ќе умрела во втората епизода.
Априлилили шега на Арја кога гостуваше кај Џими Фалон.

 
Според мене, нема ни потреба. Сепак е ова игра на тронови, односно, самото име ни кажува дека најголемата битка ќе се води за тронот, доле, со Серси.
Да, ама и не е баш така кога буквално првата сцена од серијата е за ВВ. Низ цела серија се става некој посебен фокус на секоја сцена со нив. Прикажани се како неизбежниот крај за светот. Цело време чувството е дека кога конечно ќе го поминат ѕидот, целава битка за тронот ќе падне во вода и ќе изгуби секаква важност сето тоа што сме го гледале до сега.
И на крај да не дознаеме ништо за нив ми нема никаква логика. Да остане дека целта му била само да го убие Бран, уште повеќе. Затоа што до сега сите постапки на Најт Кинг си ги објаснував со тоа дека има некаква поголема цел и причина зошто го прави сето тоа што го прави. Па затоа го остави Бран со една девојка и полумртов човек да се врати до ѕидот без проблем и да ја изгуби магијата, затоа не ги убиваше овие на езерото и ја чекаше Денерис со змејовите за да го добие оружјето со кое ќе го сруши ѕидот, и се останато.
А вака ако остане се, ќе испадне дека биле само пропатна приказна која треба да ни направи малце поинтересно дур конечно на крај видиме кој ќе седне на тронот, што мене ќе ми уништи се што мислев до сега за Најт Кинг и ВВ.

Пред да почне сезонава, на fb ми се појави еден спојлер, што беше единствениот спојлер кој го видов за сезонава, фала богу. Бев многу лут, а испадна дека е лажен :pipi: : Арја ќе умрела во втората епизода.
Џабе си бил лут, и овде го имаше видеово претходно :D
 
Перфектно ја долови масивноста на армијата на мртвите, покажувајќи дека и голема коњаница со јаки воини може да проголта како ништо.
И што да се прави?
- Да се испрати коњицата у тоа море.
 
Ако Најткингот и долгата зима се алегорија на климатските промени, тогаш многу било лесно да се справиме со глобалното затоплување/заладување, треба само еден ултра трениран поединец.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom