Епизодата дефинитивно ми ја исполни потребата за добар дијалог и пејсинг, дури ме изненади на позитивен начин и е 100 пати подобра од 1-вата премиерна епизода ( подобра и од целата 7-ма сезона искрено ). Епизодава е исполнета со емоции, ме наврати на првите сезони кога се заљубив во светот на ГОТ, направи огромна тензија пред борбата со смртта како и што треба да биде. Додека ја гледав епизодата се внесов тотално и сочуствував со карактерите, за прв пат по 6-тата сезона, и се надевам ја исправи сезоната на добар правец. За прв пат не бев фокусиран на лошите аспекти на шоуто од кога снема материјал од книгите, едноставно уживав и дури се расплакав кога Џејми ја најтна Бриен, се наежив кога Најтс Воч 3ка стоеја над ѕидот на Винтерфел со нивната бекграунд тема, реунион на Тион Санса перфектно претставено со емоции, Ариа и Хаунд и нивната хемија, се насмеав солидно кога Сандор му се потресе на тупењето на Берик со Лорд оф Лајт и седенката со Тирион, Џејми, Под, Бриен, Тормунд и Давос преубаво изиграна, напишана и изпејсирана, се чувствува The Impending Doom со кој се соочуваат ликовите. Перфектна пенултимејт епизода за Битката исполнета со дијалог и карактерни моменти. Едноставно преубава епизода, breath of fresh air за вистинските фанови кој ја сакаат серијата и покрај сите маани во последните сезони.
Рејтинг 10/10 и доаѓа од гледач кој е критичен на последните сезони , кој е огромен фан на ГРРМ стил на story-telling, но воедно верува и сака шоуто да заврши на високо ниво, сепак продукцијата една декада се посветила на светот од ГОТ и милион фанови кој се инвестирале во него (не верувам дека ние гледачи ке се инвестираме вака во едно шоу како во ГОТ)
Salute до David Nutter (одличен директинг), Bryan Cogman (подценет автор на шоуто, се гледа дека е голем фан на ASOIAF и GRRM) и секако до Кастот (врвна глума, па ке речам можеби и најдобра до сега во шоуто). 100 посто сум сигурен сега дека Џејми ми е најомилен карактер, каков лик, каков девелопмент!!, се радувам на секоја негова сцена.
Шоуто влегува во својот крај, и се става во ефект, така да мојот совет до гледачите од форумот, само уживајте и не се фокусирајте на негативното затоа што самите си го уништувате доживувањето, сум бил и јас низ тоа. Следната епизода ке биде
EPIC !!!!!!!!!