Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво. Ако има некој линк за преземање на книгите (ако е можно) да ми прати пошо преголема е дискусијава за да барам страна по страна... :)
 
Ја изгледов од ново борбата помеѓу Оберин и Планината, пак се изнервирав како првиот пат...
А да, деветтата епизода од четвртата сезона и битката на Ѕидот е дефинитивно една од најдобрите епизоди во историјата на сериите.

Таа и Hardhome се двете најдобри епизоди досега од серијава. Да, битката на копилињата беше најочекувана и најизвикана, али мене ми го немаше истиот шмек ко овие две.
 
Ете ја минутажата на епизодите
gotinsider~1552328785~1997401077108352918_1535909859.jpg

Разочарана сум, рекоја дека последните две ќе траат колку еден долгометражен филм, не знам хбо што подразбираат под тоа ама за мене се 2 и пол часа :D
Како и да е, имаме скоро 7 часа да се разреши се :unsure:
 
до 6та сезона стигнав со ревач, уште малку и почнуваме со долго очекуваната 8ма (некој дури и заборавиа како беше да се чека епизода за епизода) :)
 
Јас пред некој ден завршив со четврта сезона, и баш размислував дали е тоа и најдобрата сезона. Од почеток до крај беше одлична и немаше некои безвезе моменти. Првата епизода одлична, втората уште подобра со смртта на Џофри. Го запознаваме Оберин кој перфектно влага во серијата и можеби за него ми е најкриво што го нема подолго во серијата. Арја созрева и почнува безмилосно да убива, за на крај да тргне кон Бравос (да се спомне и смеењето кога сфати дека и тетката и е мртва). Дознаваме дека сите главни случувања во серијата уште од почеток се некако предизвикани од Литлфингер, со помош на Лајза. Тука е и трансформацијата и (до негде) созревањето на Санса по убиството на Лајза. Судењето на Тирион и монологот што го има на крај, дијалозите со Џејми, Оберин и Брон во келијата. Па потоа борбата помеѓу Оберин и Планината. Го видовме за прв пат (ако не се лажам) и Бравос, каде Станис отиде по помош. За деветата епизода со битката на ѕидот нема што да се каже, исто перфектна од почеток до крај. И за крај одлично финале кое го достигнува врвот со ослободувањето на Тирион и убиствата на Шеј и Тајвин.
Прејако :cuc:
 
Вака кога ќе ја прегледаш последните две сезони не изгледаат толку полоши од првите 3-4. Шестата си е ок, во седмата веќе забрзувањето е огромно и нема некои квалитетни муабети, али да веруваме дека спремаа тло за осма сезона.
Не ми смета тоа брзањето, али дефинитивно најглупа работа што се кочи со логика е Џејми и спасувањето од езерцето.
 
Ја репризирав и јас, претходно ги прочитав и книгите.

Првиот пат првите 5 сезони ги изгледав наеднаш па 6та и 7ма ги гледов епизода по епизода. Првиот пат 6та и 7ма сезона ми изгледаа доста послаби од првите 5 но на второто гледање 6та воопшто не е послаба, го држи квалитетот.
Е 7мата за жал е. Побрзо темпо, доста послаби дијалози, па и глумата на актерите не беше на исто ниво ми се чини.
Глупоста да се оди зад ѕидот да фатат вајт вокер и бесмислениот собир во кингс лендинг ми беа без веза. Праќањето порака до Драгонстоун од ѕидот и пристигањето на Дени да им помогне за неколку часа немаше смисла. Сцената со Џејми во реката исто немаше логика.

Како и да е уживав во секоја сезона и возбуден сум за новата, последна сезона. Штета што не направија 1-2 сезони повеќе.
 
Дечки има ли веќе епозоди од новата сеозна (и заборавив која беше последна сезона) за симињане?
 
Серсеи со нов аутфит и изглед во задњата сезона, а и Џејми се има пролепшано.
56435241_2134392716654060_4092207198535417856_n.jpg
 
Како што можев да забележам, го видов беџот на Тирион, столчето на Бран, раката на Џејми и мечот на Џон ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom