Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа со пикселите, според мене, е безвезно цепидлачење.
Али телепортите се нешто што ја нарушува реалистичноста на серијата. Книгите и серијата станаа популарни генерално, заради својата реалистичност несвојствена за жанрот епска фантастика, кој според јавниот наратив "треба да" црпи форми од митовите и еповите, па се идеализираат ликови и настани. Во бајките, еповите и митовите, реалното и реалистичното се на минимум, заради икс причини.
Никој не бара да биде серијата реална. Кога би била реална не би ја ни гледал, ниту би ги прочитал книгите. Реално и епска фантастика, не идат заедно, ниту пак реално и било каква фантастика.
Но реалистичноста е уникатна карактеристика на Мартин. Толкин не е реалистичен. Штета што серијата не се труди тоа да го почитува до крај. Го почитува до одредена мера, но не до крај.
Пример, ако се наоѓам во свет на вампирска апокалипса и слушам сомнително шушкање у некоја дупка крај патот, соема нереалистично е, да идам да видам што се случува. Реалистичниот филм би направил ликот, во таа ситуација да изреагира како што секој нормален тоа би го направил - да кидне, но во нереалистичните филмови (како што е серијата Стреин), ликот ќе скршне од патот да види што шушка и ќе биде изеден.
Инаку, самата поставка на вампирска апокалипса е нереална и никој не ни бара да биде.

Мене филм со најголем број забелешки ми е LOTR, а воедно и еден од најдобрите, ако не и најдобар филм. Исто ми е и за GOT.

Ама зошто упорно правите компарација со книгите кога и најмало дете знае дека секогаш книга > серија. Нејсе, доколку не ви се допаѓа нешто поради одредена причина (ете, во книгите е подобро), останете на книгите или изгледајте го серијалот чисто колку да си направите компарација, за себе, не за останатиот свет.

Не знам како може филм кој ти е еден од најдобри да му даваш и најмногу забелешки, најискрено. Колку забелешки тогаш би му дал на филм кој ти е чисто срање?
 
Прилично фундаментална работа е тоа, дали е реалистична или не, како книгата. Тоа е, како што реков во предходниот пост, нешто што му дава на делото прилично битна отскочна даска во натпреварот со другите дела, од кои го дистинцира. Една од работите поради кои GOT e популарен, ако не и најбитна.

Не знам како може филм кој ти е еден од најдобри да му даваш и најмногу забелешки, најискрено. Колку забелешки тогаш би му дал на филм кој ти е чисто срање?
Скроз може. Тоа многу зависи од карактерот на забелешките, а не од квантитетот. Исто така зависи од добрите страни и нивниот карактер и квантитет.[DOUBLEPOST=1551873360][/DOUBLEPOST]
Како патуваат од точка А до точка Б во една епизода, не е возможно, не ни остареле ликовите, за тој пат им треба 3 години bla bla bla треба да се развлече дејствието, истиот тој лик, абееееееее ајде што е ова ја одолговлекуваат серијава, требаше порано да ја завршат вака само ја направија срање, се искомерцијализира hhhhhhhhhhhhhhhhh bla bla
Зашто уопште да патуваат? Нека се телепортираат, како Мелисандра кај Гендри, Дени со змајот до ѕид од Драгонстоун или пак како сестра му на Теон, која за да стигне до Дредфут го забиколи цел ебан континент ин ноу тајм.
 
Прилично фундаментална работа е тоа, дали е реалистична или не, како книгата. Тоа е, како што реков во предходниот пост, нешто што му дава на делото прилично битна отскочна даска во натпреварот со другите дела, од кои го дистинцира. Една од работите поради кои GOT e популарен, ако не и најбитна.

Никој не негира дека ГоТ е популарна најмногу поради книгите но темава конкретно е во подфорум кој не е поврзан со книгите, туку со серијалот. Затоа, споредби со книги, и носење заклучоци поради компарација на книга/серија не се во ред, во оваа тема. Јас затоа и искоментирав за оваа тема, во оваа тема, не отидов на фб да пишувам статуси и да мудрувам.

Скроз може. Тоа многу зависи од карактерот на забелешките, а не од квантитетот. Исто така зависи од добрите страни и нивниот карактер и квантитет.

Стварно не знам, не ми е јасно како е можно нешто да ти е најдобро а да ти има најмногу мани. Пример, имам девојка, сакам да ми биде жена, најдобра ми е ама ќе и најдам најмногу маани :D
 
Стварно не знам, не ми е јасно како е можно нешто да ти е најдобро а да ти има најмногу мани. Пример, имам девојка, сакам да ми биде жена, најдобра ми е ама ќе и најдам најмногу маани :D
Ти реков дека квалитетот на маните е битен. На пример, кај оваа кола ми смета тоа што и фалат раткапни, едната сијаличка на жмигавец позади не работи, нема брисач и штофот на едното седиште и е поткинат. Кај другана кола ми смета тоа што нема мотор.[DOUBLEPOST=1551897514][/DOUBLEPOST]
Никој не негира дека ГоТ е популарна најмногу поради книгите но темава конкретно е во подфорум кој не е поврзан со книгите, туку со серијалот. Затоа, споредби со книги, и носење заклучоци поради компарација на книга/серија не се во ред, во оваа тема. Јас затоа и искоментирав за оваа тема, во оваа тема, не отидов на фб да пишувам статуси и да мудрувам.
Реалистичноста е трејд марк и на серијата, таква е цело време и одеднаш се дешава телепорт и ред други глупости, кои повеќето се гледа дека се резултат на мрзлив сценарист.[DOUBLEPOST=1551897585][/DOUBLEPOST]
Sekoja godina istite gluposti.
Ne ja tupete tolku, serija e pobogu. Ako ne uzivate vo nejze, ne ja gledajte. Bar jas taka praam so raboti koi ne mi se po kejf.
Може ли да уживаме во неа и многуте добри страни кои ги има, без да се преправаме дека нема глупости, од време на време?
 
Ти реков дека квалитетот на маните е битен. На пример, кај оваа кола ми смета тоа што и фалат раткапни, едната сијаличка на жмигавец позади не работи, нема брисач и штофот на едното седиште и е поткинат. Кај другана кола ми смета тоа што нема мотор.

Ти фали раткапна и и левата сијаличка на регистрација позади не ти свети ама ќе кукаме секој ден за тоа и покрај тоа што возиме МЛ Мерцедес од 100.000 евра?
Јас стварно не знам која ви е логиката.
 
Дај направете анкета кој ке биде на тронот на крајот.
Јас уште стојам на тоа дека Сем ќе биде :D

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
53669224_3058274710864793_2187957452702482432_o.jpg

Стрикленд и Златната Чета.
 
Јас сум на мислење дека нема да постои тронот, ќе биде стопен или сите царства ќе бидат уништени :D
 
Јас ја прелистувам трета сезона, до свадбата сум. Мислев дека Ремзи покасно се има појавено, не знам зошто, али ене го сече Тион дел по дел. Отсекогаш ми била симпатична Санса ко лик, спротивно на мислењето на многумина дека е глуперда, напротив, многу фаци не ги преживеаја Џофри и Ремзи.

Порано мислев дека ќе биде кул да тепат Вокерите и да изумрат жививе. Али на толку комплицирана приказна, на толку ликови, на толку фама за серијава, ќе бидам разочарана ако излезе нешто толку едноставно. Сакам некој заплеткан, мајндфак крај.
 
Не спремаат илуминатите со серијава за во реален живот :icon_lol:. Зимата иди и ја најдов оваа теорија за Мини Ледено Доба која што ни следува, значи глобално заладување :icon_lol:.

Ја изгледов од ново борбата помеѓу Оберин и Планината, пак се изнервирав како првиот пат...
А да, деветтата епизода од четвртата сезона и битката на Ѕидот е дефинитивно една од најдобрите епизоди во историјата на сериите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom