- Член од
- 22 јули 2010
- Мислења
- 32.528
- Поени од реакции
- 81.967
Ама зошто упорно правите компарација со книгите кога и најмало дете знае дека секогаш книга > серија. Нејсе, доколку не ви се допаѓа нешто поради одредена причина (ете, во книгите е подобро), останете на книгите или изгледајте го серијалот чисто колку да си направите компарација, за себе, не за останатиот свет.Тоа со пикселите, според мене, е безвезно цепидлачење.
Али телепортите се нешто што ја нарушува реалистичноста на серијата. Книгите и серијата станаа популарни генерално, заради својата реалистичност несвојствена за жанрот епска фантастика, кој според јавниот наратив "треба да" црпи форми од митовите и еповите, па се идеализираат ликови и настани. Во бајките, еповите и митовите, реалното и реалистичното се на минимум, заради икс причини.
Никој не бара да биде серијата реална. Кога би била реална не би ја ни гледал, ниту би ги прочитал книгите. Реално и епска фантастика, не идат заедно, ниту пак реално и било каква фантастика.
Но реалистичноста е уникатна карактеристика на Мартин. Толкин не е реалистичен. Штета што серијата не се труди тоа да го почитува до крај. Го почитува до одредена мера, но не до крај.
Пример, ако се наоѓам во свет на вампирска апокалипса и слушам сомнително шушкање у некоја дупка крај патот, соема нереалистично е, да идам да видам што се случува. Реалистичниот филм би направил ликот, во таа ситуација да изреагира како што секој нормален тоа би го направил - да кидне, но во нереалистичните филмови (како што е серијата Стреин), ликот ќе скршне од патот да види што шушка и ќе биде изеден.
Инаку, самата поставка на вампирска апокалипса е нереална и никој не ни бара да биде.
Мене филм со најголем број забелешки ми е LOTR, а воедно и еден од најдобрите, ако не и најдобар филм. Исто ми е и за GOT.
Не знам како може филм кој ти е еден од најдобри да му даваш и најмногу забелешки, најискрено. Колку забелешки тогаш би му дал на филм кој ти е чисто срање?