Тоа и ја го помисилив, ако сакаа да го утепаат Џон, зошто го пуштија преку ѕид со еден куп дивјаци, сега ако се побунат дивјаците и почнат да тепаат се а Џон не е тука да ги смири?
Веројатно планирале ликвидација уште пред да тргне Џон за Хардхоум, само чекале да видат дали воошто ќе се врати жив од таму, очекуваа дивјаците сами да го утепаат, затоа и беше оној муабет на џубренцето Оли со Сем, дали да донесе правилна одлука.
Конспирацијата постоела и претходно, уште кога умре Аемон, Алистер го предупеди Сем дека се помалце пријатели има, дури и логично ми изгледа сега нападот на Гили и Сем од „браќата“, се беше со цел да се испровоцира Сем да си отиде, во што и успеаа, Џон остана сосем сам без ниеден лојален брат (освен Ед, кој не го видов со конспираторите, поправете ме ако грешам за овој дел). Но повторно, заради ограничената минутажа, целиот билдап за последната сцена беше убрзан, без некој конкретен повод или настан што би ги испровоцирал браќата да се свртат до тој степен против својот командант.