Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Me интересира нешто повеќе за white walkers да ми објасни некој што знае повеќе (без спојлери нормално). Од каде се, зошто баш сега се активираат и решаваат да ги нападнат луѓето, гледам и кај нив има некоја хиреархија и команда, што значи не се само обична група на зомбиња. И како што разбрав до сега има два вида, оние обичните како зомбиња што се, и овие смрзнативе white walkers.

Па ако не го мрзи некој нека објасни подетално, затоа што настрана сите сплеткарења во кралството, имам чуство дека овие се носечката сила во целиов овој серијал
За нив не се знае апсолутно ништо освен дека доаѓаат од The lands of always winter

BeyondTheWallLowRes-682x1024.jpg


наводно таму температурите биле толку ниски што ниту еден жтел на Вестерос не отишол во земјата и преживеал. Прв пат се појавиле 8000 години пред бунтот на Роберт Баратеон за време на The Long Night, зимата која траела цела генерација, кога убивале се пред себе. Но со помош на dragon glass децата на шумата и првите луѓе ги истерале, по што е изграден ѕидот. Пошто не се појавувале 8000 години луѓето од јужните кралства верувале дека нивното постоење е мит и дека ѕидот уствари е наменет за дивјаците кои заедно со северњаците се потомци на првите луѓе. Она што е можда поинтересно е дали северњаците и дивјаците (бар тие што останаа) доколку ги победат white walkers ќе се обединат против Андалите од останатите кралства, кои 6000 години пред бунтот на Роберт го освојуваат Вестерос, бар јужните и централните делови и ги убиваат и протеруваат децата на шумата (староседелците на Вестерос) и првите луѓе на север.
 
Me интересира нешто повеќе за white walkers да ми објасни некој што знае повеќе (без спојлери нормално). Од каде се, зошто баш сега се активираат и решаваат да ги нападнат луѓето, гледам и кај нив има некоја хиреархија и команда, што значи не се само обична група на зомбиња. И како што разбрав до сега има два вида, оние обичните како зомбиња што се, и овие смрзнативе white walkers.

Па ако не го мрзи некој нека објасни подетално, затоа што настрана сите сплеткарења во кралството, имам чуство дека овие се носечката сила во целиов овој серијал

Еве прочитај http://gameofthrones.wikia.com/wiki/White_Walkers некои работи ке ти се појаснат,а тоа од каде се моментално мислам оти нема кој да ти даде одговор на тоа прашање,последнио пат се имаат појавено на така наречената The Long Night http://gameofthrones.wikia.com/wiki/War_for_the_Dawn
 
Епизодава беше без голотија, а сепак најдобра. Dorne, sand snakes и остали глупости ќе ги заборавиме брзо ако и наредните 2 епизоди се со исто темпо како денешнава.

Џон Сноу таман помислив дека си најде нова љубов и тоа пак wilding...
 
Кога ја изгледав уште еднаш сцената, Џон кога го кикна шетачот забележав дека кога се судрија со мечовите, како изненадно и Џон и шетачот се погледнаа, како и двајцата да не очекуваа дека мечот на Сноу нема да се скрши. Е сега, велиме дека само Валериски челик може да убие шетач. Па нели Тормунд и компанија тука убиваа шетачи со обични оружја? Или не е тоа целосно уништување на шетач?
Wun-wun's da real MVP (y) со која елеганција и леснотија ги кинеше шетачите. :D
 
king crow :kruna:

Да пофалам само дека вокерите и зомбињата се одлично графички изработени. Тоа ми се допаѓа највеќе кај HBO, колку што сум гледала, немале утка.

walking dead > got zombinjata
 
Кога ја изгледав уште еднаш сцената, Џон кога го кикна шетачот забележав дека кога се судрија со мечовите, како изненадно и Џон и шетачот се погледнаа, како и двајцата да не очекуваа дека мечот на Сноу нема да се скрши. Е сега, велиме дека само Валериски челик може да убие шетач. Па нели Тормунд и компанија тука убиваа шетачи со обични оружја? Или не е тоа целосно уништување на шетач?
Wun-wun's da real MVP (y) со која елеганција и леснотија ги кинеше шетачите. :D

Ги убиваја зомбите, али не беше баш убивање пошто еден имаш стрела в глава и уште ги гњавеше. Али знајш ко ќе останиш без раце, глава и нозе, нема со шо да гњавиш. :D

White walkers и зомбите не се исто, ваљда.
 
А додека ја глеав епизодава баш помислив на моментот кога Сем го уби тој White walker пред Ѕидот и се чудев зашто од тогаш White walkers не дојдоа до Ѕидот пак. И кога ете ги од нигде никаде.
Иначе иако сме навикнати главните ликови да умираат (ако воопшто има главни ликови пошто сите можат да умрат), некако од старт имав чувство дека Џон Сноу и Денерис ќе бидат главната работа во серијата и дека нема да умрат. Ама со ГоТ никогаш не се знае. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom