Прво, мислам дека таткото на Џон не е Нед Старк. Имаше во една епизода каде Бејлиш(мислам тој беше), вика: "Дури и најчесниот човек во цел Вестерос (за Нед кажува), има копиле." Тоа некако да ми "кажува" дека Нед никогаш не би ја изневерил Кејтлин. Дури и на Роберт ништо не му кажа за мајката на Џон (имаше една сцена во првата сезона, кога правеа муабет Роберт и Нед..) Па така мислам дека е мајката е сестрата на Нед (не ми текнува како се викаше). . И сега си викам зошто не кажа Нед дека му е внук на Кејтлин, а не син. Најлогично ми се гледа заради тоа што татко му на Џон е Лудиот Крал, па ако се дознаело дека Џон е копиле на Лудиот, ке го убиеле уште како бебе, па затоа Нед го зеде како свој син и на никого не кажа.