Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Белчо-Стрелчо беше поизненаден и од Џон Сноу кога му го одби нападот.

What the... :D

game.of.thrones.s05e08.720p.hdtv.x264-0sec.mkv_003106770.jpg

А и има зошто. Дејствата од сите приказни и преданија поврзани со White Walkers и војните со нив, како дошле со најдолгата зима, како Првите луѓе и Децата ги победиле со змаево стакло, како го изградиле Ѕидот и сл; се сместени пред илјадници години. Толку одамна што никој веќе не верува во нив.

Валирискиот челик е изум на валириската цивилизација којашто цветала не толку одамна. Егон го освоил Вестерос пред едно 300 години. Не знам колку пред него е пропаста на Валирија, а колку пред тоа е нејзниот врв и кога точно е развиена техниката на ковање валириски челик; но сигурно е многу поблиску отколку настаните со White Walkers.

Значи White Walkers веројатно никогаш немале контакт со вакво оружје и немале поим дека еден ден ќе им биде слабост. Тоа значи голема предност за нашите! :cool:
...или не баш, затоа што има само 5-6 вакви меча и никој не знае вистински да искова нов. :(
 
Зошто сите го промашуваме фактот кој го спомна некој погоре дека Валирискиот меч е кован со помош на оганот од змејовите?
 
Само што ја изгледав, топ си беше епизодата, ама сеуште се нема извадено сезонава. Седумте срање епизоди досега не може со ова туку-така да се извадат, иако нема сомнеж дека беше awesome епизода. Како и да е, остануваат две. Оваа направи бајаги за да помогне, во една од следниве две ќе биде забавно во битката за Северот меѓу Болтонци и Станис (што и да се случи, сигурно ќе биде интересно), така што останува уште една епизода да ја направат ептен возбудлива. Ако го направат, ќе ја сметам сезонава за извадена и на ниво со другите. Имаат реални шанси за тоа, don't let us down!

Како и да е, единственото нешто што ќе ја подобреше епизодава е тоа што чекам да се деси од прва сезона. Да се избацеше Бенџен Старк како White Walker, баш против Џон. Е тоа ќе беше мајкоебачка сцена и со многу, многу повеќе емоции. Се надевам дека ќе се деси нешто со ликот и не го заборавија, пошто ако го заборавија и не го искористија за ова, ептен разочаран ќе бидам.

Исто така, последниве 5 сезони сите сцени со Денерис ми се срање. Добро, интересно беше со Дрого на почеток, али отиде у курац све тоа кога глупердава го уби. Од друга страна, последниве 5 сезони ми беа најинтересни сите сцени со Тирион, што реално е и единствениот лик што сите фанови на серијава го сакаат. Сега кога се споија, напраија некаков баланс. Би требало да биде интересно тоа што ќе се случува, одма муабетите и влијанието што и го мава на Денерис го менуваат дејството некако. Така што ова исто така ми беше ОГРОМЕН хајлајт и од мене истото добива плус поени, речиси колку биткава што се деси.

Рик/Тион првпат по огромно време кажа/направи нешто што не треба. Можда ни навестуваат дека има некаква надеж за него?

А ова Ремзи што го кажа, дека ќе отиде со 20 војници да го сјебе Станис, не ми е на арно некако. Размислувам што може да се деси, али што и да биде, не можам да ги замислам ни Станис ни Ремзи како се враќаат живи, а поразени. Леле, леле, ќе бидат јаки дешавкиве тука, тоа барем е јасно веќе долго време. Сите очекуваме борба, али ако не се деси истата, може дури да биде и поинтересно од тоа што го очекуваме. Плус таму е и Бриен, а она сака да го кикне Станис. Можност за Станис да го освои Винтерфел, а оваа некаков backstab да му направи, па воедно да ја остави Санса како sole ruler на северот за после Бејлиш да си ја лапне само? Има превише можни сценарија, на крај ќе се деси нешто што на крај памет не ни падна, затоа и викам дека што и да биде, ќе биде најјако.

Убавка беше онаа од The Free Folk, штета што ја изедоа мртви деца и после она стана жив мртовец (ако го повторам ова на глас, звучи многу чудно).

Серси како лижеше капки вода од земјата, бољи да не кажувам на што ми личеше :D

Крајот беше најзаебан пошто сфаќаш дека све што ќе умре, а се бори против зомбињава, станува зомбе. Такада се создава ептен несекојдневен loop против кој нема некаква реална тактика, се бориш на едната страна, умираш, се бориш на другата страна, буквалнo "fuck my life".

И да, зомбињата на The Walking Dead се бољи од овие зомбиња. Превише компјутерски се направени (ваљда CGI се викаше тоа, што евентуално ќе застаре и за 10 години отсега ќе изгледа глупо, ко да ги гледаш старите Star Wars што тогаш биле јаки а сеа се дури смешни), за разлика од на TWD, кај што 100% од изгледот е луѓе изнашминкани како зомбиња и автоматски се многу пореални и секад ќе бидат пореални. Не е се до тоа да се има фенси ефекти, да бидеме искрени.


И за крај, налетав на сликава што перфектно ми ги отслика мислите што ги имав у моментот на гледањето на сцената:

wtf.0.jpg

Веслај бе вол! :D
 
tumblr_mkwexaVAeg1re7wsmo1_500.gif

Loboda_Stabbed_(Hardhome).PNG

Untitled.jpg

Овој ептен се има пробиено бе.
 
А луѓето кои живеат кај Дани што е моментално, луѓето на Кал Дрого што беа, тие знаат ли дека постојат зомбиња?
 
спојлери читајте на ваш ризик

Me интересира нешто повеќе за white walkers да ми објасни некој што знае повеќе (без спојлери нормално). Од каде се, зошто баш сега се активираат и решаваат да ги нападнат луѓето, гледам и кај нив има некоја хиреархија и команда, што значи не се само обична група на зомбиња. И како што разбрав до сега има два вида, оние обичните како зомбиња што се, и овие смрзнативе white walkers.

Па ако не го мрзи некој нека објасни подетално, затоа што настрана сите сплеткарења во кралството, имам чуство дека овие се носечката сила во целиов овој серијал

Белите шетачи се стари жители на северот на Вестерос, и пред доаѓањето на луѓето воделе војни со шумските деца и џиновите. Тие се посебна раса која нема врска нити со луѓето, нити со шумските деца.
Барем во книгите е објаснето дека оружјето и оклопот им е создаден од мраз и магија, така што е посебно цврст и отпорен. Карактеристично за нив е што кога доаѓаат температурата многу брзо паѓа на многу ниско ниво, што дури е тешко за дишење.
Си имам една теорија дека при градењето на ѕидот се употребени заробени бели шетачи како генератори на ниска температура, па затоа и ѕидот не се топи премногу кога е температурата повисока од точката на топење. :D :D

Иначе се си мислам дека ТрпеГрозни е некој што работи во преведување на книгите, или има некој што работи во преведување на книгите. Никако поинаку неможам да си објаснам зошто ги користи термините „Змејкамен“, „ Светот на мразот и челикот“ итн. Али во ред, барем Џон Сноу не го преведува во „ Гоце Снег “(y)

Не брат, само си го сакам јазикот и сметам дека ни е доволно богат квалитетно да се преведе се што може да се преведе. И не, немам врска со преведувачи или лектори.

99% од она што го знаеме за нив се митови, легенди шпекулации. Тој сигурен 1% е тоа дека всушност навистина постојат. Се појавиле едно 8000+ години гледано од сегашноста во серијата (морав да се потсетам, поминаа години од кога ги прочитавме книгите...), никој не знае со која цел, како, зошто...почнале да касапат се пред нив се додека не биле поразени и приморани да се повлечат на Север после што е подигнат Ѕидот.

Зошто се враќаат сега? Милион интересни теории има, но не би сакал да навлегувам во нив во оваа тема. Многу случајности има во периодов, од кометата до змејови...којзнае што е тригерот.

Биле присутни и порано, само што пред тоа немало луѓе, па морале да се борат со шумските деца и џиновите. ;)
Инаку нивното враќање е во некоја врска со доаѓањето на долгата и ладна зима, ама никој не знае како се поврзани еднито со другото.

Обичните зомбиња се wights, како што гледаш тие се оживеани од оние главните. Најглавниот што го видовме денес е the Night's King. Ова не е спојлер пошто го нема во книгите и истото беше речено од продуцентите на серијава во рецензијата на епизодава. The Night's King го има во една од тие хорор приказните на бабата во сцените со Бран после падот од кулата. Легендата вели дека е од Северот, Старк или Болтон или Амбер. Бил 13ти по ред Commander of the Night's Watch, по име Брандон (бар така ми е останато во меморијата). Се заљубил во бела жена од другата страна на Ѕидот која што според описот би требало да е white walker. Се прогласува за крал во еден од замоците на Ѕидот, а неа за кралица. Незнам колку време останале да владеат таму но знам дека било потребно обединување на wildlings, лордовите од Северот итн. во унија против него.

Тоа е без да навлегувам во теории и да се задржам на она што може да се нарече факт.

Не мора да значи дека ова е баш Ноќниот крал, белите шетачи си постоеле и пред него, а можеби барем овие водечките се негови деца, бидејќи истиот се спарил со една бела шетачка. ;)

Кога ја изгледав уште еднаш сцената, Џон кога го кикна шетачот забележав дека кога се судрија со мечовите, како изненадно и Џон и шетачот се погледнаа, како и двајцата да не очекуваа дека мечот на Сноу нема да се скрши. Е сега, велиме дека само Валериски челик може да убие шетач. Па нели Тормунд и компанија тука убиваа шетачи со обични оружја? Или не е тоа целосно уништување на шетач?
Wun-wun's da real MVP (y) со која елеганција и леснотија ги кинеше шетачите. :D

Можеш да убиеш бел шетач и со обично оружје, ама е многу многу тешко, бидејќи се одлични борци и имаат добар оклоп од мраз, кој како што знаеш е многу тешко да го пресечеш или пробиеш.

...или не баш, затоа што има само 5-6 вакви меча и никој не знае вистински да искова нов. :(

Во првата сезона Тирион вели дека има преку двеста сечива од валериски челик само во Вестерос. Истите се движат од борбен чекан, преку мечови, па се до ножеви.

Зошто сите го промашуваме фактот кој го спомна некој погоре дека Валирискиот меч е кован со помош на оганот од змејовите?

За змејски оган не е сигурно, ама сигурно е дека се ковани со помош на магија.
 
Последно уредено:
@Trpe Grozni ti go editirav postot, toa sto se znae od extras i logika ostaviv, premnogu navleguvas spored knigite kako e.

A ve molam drugite, koj saka da doznava poveke, ili neka procita knigite ili dogovarajte se po privatni poraki.

Vo temata ne smee da ima spojleri. Kolku sto prikazuva serijata tolku ke se znae.
 
Кога ги подигна рацете оној шетачот помислив дека ќе направи бура.

Инаку оној мечот од Бриен што и го даде Џејми е од валериски челик и беше направен од Нед но бидејќи беше голем нели направија 2 помали. Дали тој ја нема таа моќ или пак и во Вестерос има ковачи што можат да исковаат таков челик.
 
Матер му ебам на келајцата арно шо загина, а веројатно и целиот негов клан канибалисти.

Ја затвори вратата маме му ебам, пола армија ја изедоја набрзина.... али колку толку се искупи при крајот ко се бореше али слаба борба, веројатно поради тежината на секирата не можеше да пружи повеќе отпор.
 
@Trpe Grozni ti go editirav postot, toa sto se znae od extras i logika ostaviv, premnogu navleguvas spored knigite kako e.

A ve molam drugite, koj saka da doznava poveke, ili neka procita knigite ili dogovarajte se po privatni poraki.

Vo temata ne smee da ima spojleri. Kolku sto prikazuva serijata tolku ke se znae.

ОК, нема проблем, со една мала забелешка дека серијалов и книгите скоро и да немаат веќе допирни точки, барем во делот околу ѕидот.

Ама ќе се придржувам до правилата во секој случај. :)

Кога ги подигна рацете оној шетачот помислив дека ќе направи бура.

Инаку оној мечот од Бриен што и го даде Џејми е од валериски челик и беше направен од Нед но бидејќи беше голем нели направија 2 помали. Дали тој ја нема таа моќ или пак и во Вестерос има ковачи што можат да исковаат таков челик.

Можно е да се прекова металот (а и тоа го можат само мал број на мајстори ковачи), но не може да се направи и излее таков челик.

Инаку покрај овие сечила има и уште некои артефакти од валириски челик, да речеме прстените што учените ги носат кога ќе изучат магија се направени од валириски челик.
 
Последно уредено:
Е ова е тоа што ми се свиѓа во ИНП, кога мислиш дека се е отидено у курац и сакаш да се откажеш, ќе се случи нешто епско и ќе те остави со отворена уста. Последнава епизода - неверојатна! :aplauz:
 
Епска е серијата! Квалитетот е како шило што би рекол нашиот лидер, бодеше 7 епизоди оваа сезона и сега излезе на виделина
 
Последно уредено:
А нели тој Подрик (не знам која сезона беше) отиде кај еден ковач да работи? Мислам дека тој ковачот имаше некоја причина што го зема. Е сеа е работата Подрик дали научил од тој ковачот да кова Валириски меч?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom