Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Брат, студирам историја. Ти гарантирам дека од најрана историја, најслабиот одред во најпростата битка, секад носи наједноставен шлем од најпрости причини, пошто еднаш ако го ѕвекнат со камен, толку ќе биде од него. Ова е голема битка од големо значење, ај ако тие простите силувачи не носат шлем, тогаш барем главните треба да носат. И ко што викаш, ако беше за спретност, тогаш немаше армор да носат. А коа више имаш армор, шлемот мање-више не ти праи разлика.

А батали витезите, тие сами све си плаќале пошто биле највисок слој, такада нормално дека највише опрема на себе ќе потрошат. Али у ситуацијава кај што стражава има армор, мечеви, стрели, лакови, самострели, експолозивни буриња и факинг џиновска сајла, да се немало еден шлем... многу нелогично.
Од судбината на Оберин требаше народов да научи дека шлемот може да спаси живот. :icon_lol:
 
Колку рандом нерелевантен пост. :D

Се напињате со ситници за џабе, а на некои им е нелогично затоа што ги преспале 4рите сезони и мотале дијалози зашто им биле досадни и сега имаат дупки во приказната. Коментариве ме потсеќаат од порталот на Кајгана и статии од типот на "Сите грешки во Кум", "10 нелогичности во Матрикс" и сл. а самите сте свесни дека епизодава беше врв од секој можен аспект. Али ок, opinions.

Не издржав на "We should have stayed in that cave" на Ygritte и "You know nothing, Jon Snow". :place:
 
Ме изнасмеавте со ситничарењево, до крајности отидовте, многу јако :D

Како го виделе оганот на Менс преку ѕид, зошто два џина не ја подигнале вратата и да стават трупче, зошто немале шлемови :icon_lol:

Деца, уживајте во серијава бе, не знам што се замарате толку. Јас ја гледав два пати епизодава, исти сцени ги премотував по неколку пати, фантастична режија, ФАНТАСТИЧНА. Значи режијата и ефектите ме оставија без зборови, браво, секоја чест.

Инаку, ако добро приметивте, кога тој грдиот ќе им рече It's Time, камерата се врти над брдото зад кое е Castle Black и ѕидот и се гледа голем одблесок од пламен. Мислам дека покрај warg-от, баш таа сцена алудираше на the biggest fire the North has ever seen. Одблесокот од огромниот пламен се гледа на небото, исто како пример кога идете од Тетово навечер и гледате од далечина како небото свети над Скопје ;)

И баш како што кажа Сноу, Менс им ја тестираше одбраната, посебно со вратата. Како е могуче некој да каже да се ставело трупче бе... Замислете 100.000 души пузат под тоа вратата :pos:

Ако бараме влакно во супа, ондак мене единствено чудно ми падна кога Игрит ја погоди тој копиљот. Во тие моменти таа ја имаше затегнато стрелата, Сноу и беше на нишан... па по секоја логика требаше само да ја отпушти стрелата, а со тоа да го убие Сноу и јас да го искшам телевизорот.
 
10406543_676410112437049_3591047846638391547_n.jpg
 
Последно уредено:
И мене ме интересира ако може некој што знае од книгите да ми објасни како функцинира лифтот на ѕидот

На врвот на ѕидот мазги го вртат тркалото кое го подига или спушта лифтот.

А Емон Таргеријен за која жена збореше во дијалогот со Сем?

Пошо е Таргериен веројатно за сестра му.:свиркам:

Се сеќавате на една изјава на Олеана Тајрел ??? :P :love:
Не е спојлер, бидејќи ова го нема во книгите. :свиркам: :icon_mrgr:

Еј и едно прашање што ми е многу, многу нелогично. Зашто никој не носеше шлем у биткава? Немаат шлемови? Без шлем у ваква битка... на сите би им летнала главата.

Затоа што јас и ти не би знаеле кои се луѓето под шлемовите.
Нема врска со достапноста на железото, бидејќи Ноќната Стража набавува оклопи и оружје од царството, а дивјаците од Ноќната Стража (она што ќе го заробат), од разни шверцери, а неколкумина носат и черепи на џинови како кациги.

@Trpe Grozni обична врата во денешна куќа е 2 метра висока, таван 2ипол метра, салон 3-3+ метра. Нема тунел во државава што е испод 6 метра...

Да, само кај нас низ тунелите поминуваат камиони високи над четири метри, во Вестерос на камионите им е забранет сообраќајот под ѕидот.


@RickyLFC9 ваљда избегнуваат да имаат допир на железо до кожа поради ладното. Али ок прашање дефинитивно :)

Кога ти е животот во прашање, не размислуваш баш така. ;)

Деца, уживајте во серијава бе, не знам што се замарате толку.

За жал, не можам да си го исклучам мозокот и да го пуштам во лер. Што да правам, таков сум. :(

А сега нешто сосема поинакво. :cool:

За оние што сакаат да гледаат добри расправи на оваа тема, го имате овој канал на Вашата Цевка, на кој се расправа после секоја епизода и е без спојлери, бидејќи имаат само еден читач (кој многу внимава да не излета некој спојлер) и тројца-четворица гледачи. Расправите се пуштаат после гледањето на секоја епизода во живо.

Покрај расправите за ГоТ, имаат и добри расправи и за останатите серии, како и за некои филмови, ама мене (и на темава) ми се битни расправиите за серијалов. :)
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
@Trpe Grozni сакаш да кажеш дека зборувал за Олена Тајрел? И уште нешто...се знае која е мајка на Џон Сноу? Да не е спојлер за понатаму? Пошто нешто ми вика дека е некоја high-born, а не дочека да дознае од Едард.
 
Абе ја избришав епизодата, али го видов гифот пак кај што ќе се видат Џон и Игрит. Иако имаше вперено лак и стрела у него, а претходно више го рокна со 4-5 стрели и едвај го остаи жив... сепак беше среќен што ја гледа... he was happy... and she probably was too :(
 
Само претпоставка, ништо повеќе. Инаку моминското презиме на Олеана е Редвин. ;)

Што се однесува до теориите, ги има еден куп, и сите се поврзани со Старк фамилијата.
 
Не е Олена, има 20ина години разлика меѓу нив. Плус овој е Таргариан, ваљда роднина му е таа. Не е спојлер ова, само шпекулација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom