Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе претерам ли ако кажам дека борбата помеѓу Алисер и Тормунд ми беше можеби најјака борба досега? Подобра од Оберин против Планината, и од Џон против Карл, за Дарио да не правам муабет. Ако траеше една минута. Не знаев ни за кого да навивам, ни што да очекувам ни ништо!

Уште нешто, нека ми најде некој податок дека било кој лук од средниот век можел ефикасно да дофрли стрела на далечина од повеќе од 200 метри, а да не зборување во висина од 200 метри.:нинџ:

Еве. Иако Дивјаците практички живеат во железната доба, и не ја знаеме интелигенцијата на Џиновите за дали се способни да направат вакво оружје, сепак мене ми е доволно убедливо.

traditional-english-long-bow-72-inch.jpg


Оној брадосаниот големиот дивјак шо беше со Игрит од нашата страна на ѕидот, им утепа сам десетина луѓе, го избодеа со еден куп стрели и уште сакаше да се бори и место да му забијат секира у главата они викаат да го врзиме ќе го испрашаме после.

Нашата! :vozbud:

Повеќе ги сфаќам Дивјаците во целиов конфликт. Уште од претходната сезона, кога ги запознавме повеќе. Тие само гледаат да си го спасат г`зот, никому лошо не му мислат.
 
Еј и едно прашање што ми е многу, многу нелогично. Зашто никој не носеше шлем у биткава? Немаат шлемови? Без шлем у ваква битка... на сите би им летнала главата.
 
Откај рудници со железо у тоа снеговите ледовите,кај ќе копаат,едвај за секирите и стрелите им стига ваљда.Или се неписмени.Или се мрднати од суета ко Дотраките што одбиваа да носат панцири
 
Еј и едно прашање што ми е многу, многу нелогично. Зашто никој не носеше шлем у биткава? Немаат шлемови? Без шлем у ваква битка... на сите би им летнала главата.
Шлемовите и оклопот се одлик на витезите повеќе, а не на убијци и силувачи кои се заборавени од сите у Вестерос, никој не ги финансира ниту им помага. Ѕидот со години не бил нападнат и дури заборавиле да се борат, само се пијанчат и одат да клецнат нешо у Molestown. :)

Него сега ми текна од кој тунел успеаа Сем и Гили да се вратат јужно а Брен да одат на север? Сигурно не беше Castle black.
 
Откај рудници со железо у тоа снеговите ледовите,кај ќе копаат.

Изгледа наоѓаат по нешто. Се виде дека пештерите не им се непознати (кунилингус). Иако и самата Игрид кажа дека челикот и оружјата не им се толку добри како на јужнаците.
 
Откај рудници со железо у тоа снеговите ледовите,кај ќе копаат,едвај за секирите и стрелите им стига ваљда.Или се неписмени.Или се мрднати од суета ко Дотраките што одбиваа да носат панцири
Ако имаат за армор, имаат и за шлем, тоа е елементарен дел од една опрема. Ко компјутер без интернет би било иначе. Не ми е логичен тој изговор.

Шлемовите и оклопот се одлик на витезите повеќе, а не на убијци и силувачи кои се заборавени од сите у Вестерос, никој не ги финансира ниту им помага. Ѕидот со години не бил нападнат и дури заборавиле да се борат, само се пијанчат и одат да клецнат нешо у Molestown. :)

И тоа што викаш, али пак имаат за армор. И да наоѓаат успат, не е ич логично ама баш никој еден шлем да нема бе...

Ваљда за подобра визуелизација е направено од режисерите, малце на сметка од тоа како реално би требало да биде, за да изгледа подобро и да ги разликуваме повеќе.
 
Ш

Него сега ми текна од кој тунел успеаа Сем и Гили да се вратат јужно а Брен да одат на север? Сигурно не беше Castle black.

Не, Nightfort беше, напуштениот замок.
 
@Trpe Grozni обична врата во денешна куќа е 2 метра висока, таван 2ипол метра, салон 3-3+ метра. Нема тунел во државава што е испод 6 метра...

@RickyLFC9 ваљда избегнуваат да имаат допир на железо до кожа поради ладното. Али ок прашање дефинитивно :)

Тоа што џинот успеа да ја подигне вратата... Ever heard of adrenalin rush ? Или џиновите немаат адреналин ? :D Ако сакаш за се можеш да најдеш објаснување, исто како што за се можеш да најдеш нешто што не чини.
Глеај серијата, пробај да ја сфатиш логиката на Мартин/Сценаристите и уживај ;)
 
И тоа што викаш, али пак имаат за армор. И да наоѓаат успат, не е ич логично ама баш никој еден шлем да нема бе...

Ваљда за подобра визуелизација е направено од режисерите, малце на сметка од тоа како реално би требало да биде, за да изгледа подобро и да ги разликуваме повеќе.
У средновековието витезите носеле и оклоп и штит и шлем. Тоа биле деталите што ниеден витез не ги заборавал пред борба. Неможе секој кој ќе му текне да носи такви работи. Второ шлемот и оклопот носат предност во дуели еден на еден кога јуришаат еден на еден на коњи или па на отворени битки. Кога има герила војна каде што треба да си спретен и те напаѓаат од сите страни плус од горе шлемот и оклопот ти ја отежнуваат работата, со тоа што си многу бавен.
 
Тоа што џинот успеа да ја подигне вратата... Ever heard of adrenalin rush ? Или џиновите немаат адреналин ? :D Ако сакаш за се можеш да најдеш објаснување, исто како што за се можеш да најдеш нешто што не чини.
Глеај серијата, пробај да ја сфатиш логиката на Мартин/Сценаристите и уживај ;)

Не е поентата дали сам ја дигнал или не, поентата е што не се толку прости како што изгледа кога им текнало да врзат јажиња на мамутот и да пробат да ја влечат. Сигурно ниеден адреналин раш не може да се мери со 2 џина како ја дигаат вратата.
 
У средновековието витезите носеле и оклоп и штит и шлем. Тоа биле деталите што ниеден витез не ги заборавал пред борба. Неможе секој кој ќе му текне да носи такви работи. Второ шлемот и оклопот носат предност во дуели еден на еден кога јуришаат еден на еден на коњи или па на отворени битки. Кога има герила војна каде што треба да си спретен и те напаѓаат од сите страни плус од горе шлемот и оклопот ти ја отежнуваат работата, со тоа што си многу бавен.
Брат, студирам историја. Ти гарантирам дека од најрана историја, најслабиот одред во најпростата битка, секад носи наједноставен шлем од најпрости причини, пошто еднаш ако го ѕвекнат со камен, толку ќе биде од него. Ова е голема битка од големо значење, ај ако тие простите силувачи не носат шлем, тогаш барем главните треба да носат. И ко што викаш, ако беше за спретност, тогаш немаше армор да носат. А коа више имаш армор, шлемот мање-више не ти праи разлика.

А батали витезите, тие сами све си плаќале пошто биле највисок слој, такада нормално дека највише опрема на себе ќе потрошат. Али у ситуацијава кај што стражава има армор, мечеви, стрели, лакови, самострели, експолозивни буриња и факинг џиновска сајла, да се немало еден шлем... многу нелогично.
 
Не е поентата дали сам ја дигнал или не, поентата е што не се толку прости како што изгледа кога им текнало да врзат јажиња на мамутот и да пробат да ја влечат. Сигурно ниеден адреналин раш не може да се мери со 2 џина како ја дигаат вратата.
Не беше финтата едвај да се дигне, требаше да се скрши, а после тоа има уште 2 врати не е само таа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom