Едно нубско прашање, али за овој Сноу, неговата мајка е од кај тие што живеат позади ѕидот ? Односно, од каде што е и Игрит ?
За сега се смета како мистерија и единствениот лик во серијата кој го знаеше одговорот ја изгуби главата. Останува на GRR Martin да открие во иднина во една од неговите неизлезени книги. Има доста хинтови во книгите што ги инспирираше фановите да дојдат до одредени заклучоци или теории, но официјално не е откриено. Ако те интересира повеќе многу лесно можеш да ги најдеш теориите на Westeros.org или пак ако го вкуцаш прашањето на Google. Ако не сакаш спојлери и ако си трпелив ќе го добиеме одговорот кога тогаш во серијата.
