Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
зошто сакате да осакатите феноменално парче хартија ??

Зошто да се осакати.

Има луѓе што си ја знаат струката преведувач.

Само прашање е колку интерес ќе има,да ја даваа на ТВ негде кај нас друго ќе беше. 100 луѓе со кои сум правел муабет за серијата одма стереотипски настапуваат абе остај тоа змејови,витези глупости,исто ко за walking dead остај тоа зомбиња глупости.......Им викаш значи има причина што се толку гледани сериите,ама џабе.
 
100 луѓе со кои сум правел муабет за серијата одма стереотипски настапуваат абе остај тоа змејови,витези глупости,
Што ќе им правиш... треба да си остане човек дете во душата.

PS_0771W_GROW_UP.jpg
 
Eптен рандом. :D
На Телма у 23.00 имате филм со средновековна тематика со Лена Хеади (Серсеи д Queen) во главна улога. Од тие класика Телма филмовите за кои во најавата иде: инзворендна драма, сочинета... :pos:
Ако немате попаметна работа, демек. :noze:
 
Meh, и мене ми е одвратна. Самиот лик уште кога ја читав книгата ми беше одбивен зашто цело време го одбиваше Snow плус некако тупава е, а и ја одбрале глумицата со тупава фаца, па таа одбивност кон ликот само ми се засили.
Јас не ја јакам оти е себична. Прво го молеше Нед да не оди со кралот затоа што ќе била осамена, потоа Роб да не ја предводи војската зашто што бил млад (всушност затоа што и е син па се плашеше да не умре), го ослободи Џејми за да си ги "спаси" ќерките без никаква гаранција од Ланистер за тоа, а претходно го зароби Тирион без да размислува дека пола фамилија и е во главниот град.

Катастрофа беше ако мислам дека не заслужи таков крај. Погледот на крајот кога сфати дека изгуби се (нели она не е свесна дека дел од децата се живи) беше перфектен

catelyn-stark-game-of-thrones-red-wedding.jpg
 
Јас не ја јакам оти е себична.
Кејтлин е најреален лик во серијава според мене. Со многу мани, способна и да сака и да мрази. Се обидуваше да си ги заштити децата, имаше добра улога на мајка. Не ја сакате затоа што не е секси како Серсеј и останатите, во години е жената. :)
 
Кејтлин е најреален лик во серијава според мене.
Во право си, реален лик е. Мене и не ми е нешто грда ама имаше многу маани кои неможам да ги замижам. Требаше да и летне главата уште кога го пушти Џејми!
 
Не баш, зошто? Ако ја гледаш како мајка ќе разбереш зошто го пушти Џејми. Нема што мајка не би направила за да ги заштити децата.

Иначе еве реални да бидеме, Lena Headay да ја глумеше Кејтлин, немаше да ја сакаме? :) Мислам, ликот на Серсеј е 100 пати поодвратен. Како мајка, Кејтлин се обидува да ги заштити децата кои и се невини и убаво воспитани и одгледани. Како мајка, Серсеј се обидува да го заштити оној изродот кој е причина повеќе зошто треба абортусот да е легален.

И пак повеќе ја сакаме Серсеј, нели? :)
 
Едно нубско прашање, али за овој Сноу, неговата мајка е од кај тие што живеат позади ѕидот ? Односно, од каде што е и Игрит ?
 
Зошто да се осакати.

Има луѓе што си ја знаат струката преведувач.

Само прашање е колку интерес ќе има,да ја даваа на ТВ негде кај нас друго ќе беше. 100 луѓе со кои сум правел муабет за серијата одма стереотипски настапуваат абе остај тоа змејови,витези глупости,исто ко за walking dead остај тоа зомбиња глупости.......Им викаш значи има причина што се толку гледани сериите,ама џабе.

Како на пример оние стручњаци кои го преведоа Господарот на Прстените.
 
Едно нубско прашање, али за овој Сноу, неговата мајка е од кај тие што живеат позади ѕидот ? Односно, од каде што е и Игрит ?


Џон Сноу е копиле на Нед. Овој кога правел екскурзии го направил и него со некоја па го однел во Винтерфел. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom