Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Едно нубско прашање, али за овој Сноу, неговата мајка е од кај тие што живеат позади ѕидот ? Односно, од каде што е и Игрит ?

За сега се смета како мистерија и единствениот лик во серијата кој го знаеше одговорот ја изгуби главата. Останува на GRR Martin да открие во иднина во една од неговите неизлезени книги. Има доста хинтови во книгите што ги инспирираше фановите да дојдат до одредени заклучоци или теории, но официјално не е откриено. Ако те интересира повеќе многу лесно можеш да ги најдеш теориите на Westeros.org или пак ако го вкуцаш прашањето на Google. Ако не сакаш спојлери и ако си трпелив ќе го добиеме одговорот кога тогаш во серијата. :)
 
Коа идеа од Винтерфел накај КингзЛандинг не правеа едно мало разговорче тогашниот крал (дебелиот му заборавив име ...) и Нед мислам дека спомнаа име Waylla или слично нешо ако ме држи меморијата добро :)

Кога правеа муабет двајцата во прва сезона се спомна некое име, Вајла или Вајда мислам. Роберт рече дека била црвенокоса, ама на Нед не му се зборуваше на таа тема. Тогаш мислев дека тоа го прави поради тоа што му е срам или од обѕир спрема Кејтлин, ама изгледа мистеријата е поголема отколку што изгледаше на времето. Инаку, си имам некоја теорија околу тоа, ама рано е да се зборува.

6bd.png
 
Таман кога кај сите се стиши возбудата од 9 епизода, јас сега ја изгледав. Бидејќи знаев дека ќе има масовни крвави сцени (благодарение на постојаното информирање на сите можни фејсбук страни, небитно од карактер...), веќе кога почна The rain of Castamere осетив толкава тензија и трема и страв како во секој момент ќе слушам за смрт на некој близок.. Појма неам, може како трема кога си во болница, а докторот доаѓа со резултатите и разочарана фаца...
Јас му се дивам на типот кој работи на серијата и на авторот на серијалот. Да убиеш толку луѓе во 2-3 минути, меѓу нив и ликови кон кои бевме наклонети повеќето е голема храброст. Конечно добивме прекрасна претстава за масовна смрт на позитивните ликови во една серија. Да ги скинеа Џофри и Серсеј така изненадно немаше да има толкав шок како за овие ликови.
 
И пак повеќе ја сакаме Серсеј, нели? :)
Не ги читам книгите, само ја гледам серијата.

Јас уште немам дефинитивно мислење на Серси. На моменти мислам дека е многу лукава и сама ги смислува "убиствата" на Арин и Робер, на момент дека е само пиун во раците на Тајвин. Што се однесува до љубовта не верувам дека нешто многу го сака Џофри.

Кај Кејтлин ме нервираше тоа што кога и одговара (како во случајот кога во кафаната го зароби Тирион) го користи тоа што е жена со познато име и историја, а кога не и одговара се крие позади тоа што е мајка. Не може да очекуваш ти војната што ја водиш за да се осветиш за неправедната смрт на својот маж да ја војуваат и предводат некои постари лордови а неговиот наследник да се крие под суќната на неговата мајка !

Инаку од твоите коментари јас не разбрав дека мислиш дека не е така, туку само како да се обидуваш да и најдеш оправдување.
 
Не бе син е на сестра му и на тој таргеријан што бил прв наследник на престолот.Затоа и Нед кога ќе збори со Баратеон одма се наљутува кога ќе праша овој која му е мајка ,а и Баратеон се чуди како Нед направил копиле кога бил толку чесен.

Нед само не кажува чие дете е од страв дека ако се дознае ќе го ликвидирале одма зошто он би бил можеби прв наследник на круната.

Ако бил син на Лудиот Крал,нели треба да биде отпорен на оган,а Џон си ја изгоре раката во првата сезона кога се тепаше со тие двајцата undead?
 
Ако бил син на Лудиот Крал, нели треба да биде отпорен на оган, а Џон си ја изгоре раката во првата сезона кога се тепаше со тие двајцата undead?

па не се сите отпорни... нели гледаш дека и братот на Денерис не беше... и Џофри кога зборуваше дека братот мислам беше на лудиот крал пробал да испие вајлд фајр за да се претвори во змеј ама не успеал...

него што правиме со чичкото на лудиот крал... ќе имаме ли четири змеја? :D
 
Не ги читам книгите, само ја гледам серијата.

Јас уште немам дефинитивно мислење на Серси. На моменти мислам дека е многу лукава и сама ги смислува "убиствата" на Арин и Робер, на момент дека е само пиун во раците на Тајвин. Што се однесува до љубовта не верувам дека нешто многу го сака Џофри.

Кај Кејтлин ме нервираше тоа што кога и одговара (како во случајот кога во кафаната го зароби Тирион) го користи тоа што е жена со познато име и историја, а кога не и одговара се крие позади тоа што е мајка. Не може да очекуваш ти војната што ја водиш за да се осветиш за неправедната смрт на својот маж да ја војуваат и предводат некои постари лордови а неговиот наследник да се крие под суќната на неговата мајка !

Инаку од твоите коментари јас не разбрав дека мислиш дека не е така, туку само како да се обидуваш да и најдеш оправдување.
Не баш, нема за што да ја оправдувам кажав веќе, реален лик. Секој би направил тоа. Секој би барал одмазда, секој би ги заштитил децата. И да, секако дека може да бара од постарите лордови да војуваат за неа затоа што е средновековно време и такви се вредностите во тоа време, лојалноста е една од најважните карактеристики. Сите овие кои се борат за престолот имаат луѓе кои би умреле за нив и за грбот. Многу од тие семејства имотот и титулата ја стекнале од кралот и нормално е да бидат на располагање кога ќе се побара тоа од нив.

Секогаш треба да се гледа на работите од аспект на времето во кое е сместена приказната и вредностите во тоа време.

И јас не ги читам книгите.
 
Зошто да се осакати.

Има луѓе што си ја знаат струката преведувач.

Само прашање е колку интерес ќе има,да ја даваа на ТВ негде кај нас друго ќе беше. 100 луѓе со кои сум правел муабет за серијата одма стереотипски настапуваат абе остај тоа змејови,витези глупости,исто ко за walking dead остај тоа зомбиња глупости.......Им викаш значи има причина што се толку гледани сериите,ама џабе.

Игра на Тронови

Копилето Џон Снежниот
Духот,Лејди,Лето,Сивиот Ветар
Гавраните од Ноќната Стража
Зомбињата,Белите Шетачи

u get the point....
 
Во интервјуто со актерската екипа (1h20min, постирано поназад) сценаристите рекоа дека кога преговарале со Џорџ Мартин тој им поставил неколку прашања да види дали ги читаат книгите. Прво што ги прашал било: која е мајката на Џон Сноу? Овие морале да се консултираат, кажале некоја теорија а Мартин се насмевнал и со тоа веројатно потврдил. Се си мислам дека нема да биде небитна личност, мајка му на Сноу.
 
Спојлери much? :) И тоа се смета.
 
Za tajnata za majkata na Jon Snow postoi teorija(samo teorija) deka e sestra mu na Ned, a tatko deka mu e Rhaegar bratot na Khalisi.
Se znae samo deka Lyanna stark posledno mu kazala na ned "promise me". Drugo se e teorija.
 
Нед не му е татко на Џон Сноу? :confused:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom