Game of Thrones

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Каков е тој крал кој дозволува луѓето околу него да прават што сакаат?
Можеше него да го затвори и со да им упати порака на другите дека не треба да си играат со него, а така ќе ги задржеше војниците на стариот, бидејќи само така нема да го скине. Таков совет му дадоа сите.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.619
Поени од реакции
52.479
Можеше него да го затвори и со да им упати порака на другите дека не треба да си играат со него, а така ќе ги задржеше војниците на стариот, бидејќи само така нема да го скине. Таков совет му дадоа сите.
Да, но сепак работите се на полошо му одат во последно време и сигурно осети потреба да покаже дека сеуште е главен.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Што мислите дали Роб ќе ја остави девојката и ќе се ожени со онаа на која и беше ветен за да придобие војска повторно?
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.136
Поени од реакции
8.927
Сите диалози со Тајвин се врвни. Ликот, карактерот, глумецот се е совршено.

Искрено сите ликови од Старк станаа досадни а врв е Санса, дури полоша од Сноу. Не можам да проценам уште дали е толку наивна па верува на се или пак ништо не прави затоа што не верува на никој.

Фала за појаснувањето за Џора, поради тој момент на почетокот на епизодата го следев внимателно што прави цела епизода и погледот и потезите се мислам дали уште е шпиун бидејќи некој мора да е. Во Главниот Град сите знаат што се случува со Калиси а не верувам дека "мудрите" дотраки се способни да бидат шпиуни.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Каков е тој крал кој дозволува луѓето околу него да прават што сакаат?
Тој не ја жртвуваше костарковата армија заради децата, туку заради принципи.
Не ја следам таа приказна повеќе, Анон успеа да ми ја упропасти со еден спојлер.
Абе точно ама со оглед на тоа дека пола сила му беше тој не знам колку беше паметен потегот.. Сега нека ги сносит последиците и нека не барат совети од женатаму. Ама да не зборам пред време, можит ќе најт чаре. Иначе гледам некој се восхитуваа на сцената кај шо му ја кинеше глата, мене не ми беше ништо посебно цело време сакав да се предомислит ама ништо.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.136
Поени од реакции
8.927
Што мислите дали Роб ќе ја остави девојката и ќе се ожени со онаа на која и беше ветен за да придобие војска повторно?
Некако осеќав дека ќе му ја скине главата, веќе подолго време немаа добри односи со тој стариот и тој постојано му ги преиспитуваше одлуките на Роб.

Мислам дека нема така лесно да помине сега кај овој Лордот што го држи мостот (не се сеќавам на името). Моја предпоставка е дека нема да се здружат и да го освои седиштето на Ланистер туку дека ќе биде одбиен и ќе се врати со свиткан опаш во Винтерфел. Ако во оваа комбинација ги додадеме и овие Дивите тогаш ќе има хаос на северот.

Доколку прифати ќе бара нешто многу повеќе од маж за некоја од неговите ќерки, може ќе ја внесат и Арја во некоја комбинација
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Најјаката сцена од епизодата:
Осеќам дека Џејми е на пат да влезе во моите омилени топ 5 ликови од серијата. Се` што моментално му се случува е заслужено, ама убаво е што од негова уста слушнавме зошто му се случува. Искрено, не се ни сеќавам дека некој на темава зборувал за муабетот помеѓу него и Лудиот крал, ама добро е што сега целата ситуација доби поинаква димензија. Уствари, гледано од Џејмиева перспектива, тој се жртвувал за доброто на народот и нормално за доброто на фамилијата, за на крај само да добие репутација на гад. И тоа од луѓе на кои им се возхитувал, вклучувајќи го Нед Старк. Бриен како го гледаше, дури и на неа не и` се веруваше дека почнува да го разбира, а со тоа и да го сожалува.

Друга битна работа која ја сфатив од муабетот, е дека Калиси моментално има 17 години. Кога сме кај Калиси, уживам да ја слушам како зборува на Валиријски. Не ми ни треба превод, само нека си зборува. Џора и Селми на почетокот делуваа како пријатели, ама не издржаа долго и почнаа да се дрсаат. На Џора маана му е што има нарушена репутација во Вестерос, а предност му е што досега и` помогна многу на Калиси. На Селми му е маана тоа што покасно им се придружи на веселата дружина, а предност ненарушената репутација. Во секој случај, во иднина ќе има уште многу натегања. Плус, на Џора му фуфка тоа што на времето ја шпионираше Дани, што лично не му замерувам. Не треба да се заборави дека да не беше тој, Калиси најверојатно немаше да биде жива моментално.

Џон Сноу ми е се` уште најдосадниот лик во серијата, без разлика што убави актерки се соблекуваат во негова близина.

Жена му на Станис слободно може да и` биде конкуренција на Лиса Арин во трката за најзабегана жена во Вестерос. Станис не знам што прави со ќерка му и зошто бараше дозвола да ја види. Ќерка му вака делува нормално, со оглед на тоа кои фаци и` се родители. Не знам дали сфатив како што треба, ама од муабетот со Давос (што ќе ни прават, ќе не` затворат хехе?) мислам дека ја држат изолирано, најверојатно поради физичкиот недостаток. Убава ми беше сцената кога го учеше како да чита. И стварно, што е финтата со Станис? Не мораше така директно да и` каже дека Давос нема да го види никогаш повеќе. Што ќе и` пренесе следно, дека Дедо Мраз не постои?



Олена Тајрел доминира во секоја сцена, дури и во сцените со Тирион. Совршено е свесна за моќта која ја поседува нејзината фамилија и не и` е тешко тоа да го потенцира. Серсеи беше во право кога му рече на Тајвин да се пазат.

Марџери имаше кратка минутажа епизодава, ама поарно нешто отколку ништо.

Религијата на Мелисандра и Торос е помоќна отколку што мислев. Смоуки монстер може изгледаше како обичен трик, но воскреснување луѓе е веќе сериозна работа. За Арија ми падна жал што ќе остане без другарчето, ама Гендри беше во право дека секогаш спрема неа ќе биде едно ниво подолу.

Што друго? А, Нед Старк Втори т.е. Роб Старк конечно ми стана интересен. Сцената со смртта на Карстарк ме потсети на сцената со смртта на Лувин, ми се чини дека и истата музика ја искористија. Ова со Фреј ми е малку чудно, ама мислам дека Роб не е толку прост да мисли дека туку-така може да побара помош, со Талиса во позадина.

Санса не ми е омилен лик, но не ме нервира. Немоќна е, незрела е (15 години има) и опкружена со ненормални луѓе. Обичен човек би се самоубил во такви услови, ама таа постојано има некаква надеж. За жал лажна.

Втората најјака сцена епизодава:
Уште еднаш се докажа дека Тајвин е најопасен и најпрорачунат човек во цел Вестерос. Наместо да војува, ќе договара бракови. Иронично е што и Тирион и Серсеи прво мислеа дека ќе му покажат на татко им дека има некаква ќар од нив. Тирион дека е добар менаџер, а Серсеи дека била во право за Тајрел. На крај, Тирион ја доби Санса, а Серсеи Лорас. По муцки и на двајцата. За Серсеи ми падна жал кога рече 'please' бидејќи прв пат ја слушам како го изговара зборот. Тирион пак барем вака ќе има шанса да биде заедно со Шае, ако се` оди според планот. И се` си мислам дека овие калкулации се дело на Литлфингер.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.982
Поени од реакции
5.594
Литлфингеров не случајно појде да разговара со Санса после дознавањето на веста дека ја планираат за мажење. Сигурно и' спрема нешто подло.
Па испитуваше ситуација, какви му се шансите, т.е. колку е сериозна работата помеѓу Санса и педерот... Можно е Литлфингер да им кажа на Ланистер за „свршувачката“...
Каков е тој крал кој дозволува луѓето околу него да прават што сакаат?
Тој требаше да ја среди таа работа многу порано, уште во претходните епизоди мислам стариов се закануваше дека ќе им направи нешто на децата.
Што мислите дали Роб ќе ја остави девојката и ќе се ожени со онаа на која и беше ветен за да придобие војска повторно?
И кој би му ја дал ќерката на таков човек, што нонстоп се премислува... не е дораснат Роб да игра за тронот.

A Џејми, пи*енце, цело време кажуваше дека Лудиов си наоѓал непријатели насекаде и ги спалувал, а му поверувал на советникот дека Тајвин Ланистер не му мисли ништо лошо... абе ај, што и да каже нема да го промени тоа со инцестот и туркањето невино дете (кое веројатно од страв и така немаше да каже ништо за она што несакајќи го виде)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Литлфингер да им каже на Ланистерите за Санса. :facepalm:
Значи човекот сака да си ја земе Санса за жена поради причините кои ги каже Варис пред некоја епизода, а не да им помага на Ланистерите. Не знам од кај ви е таа идеја.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.982
Поени од реакции
5.594
Литлфингер да им каже на Ланистерите за Санса. :facepalm:
Значи човекот сака да си ја земе Санса за жена поради причините кои ги каже Варис пред некоја епизода, а не да им помага на Ланистерите. Не знам од кај ви е таа идеја.
Е како ќе ја земе Санса за жена ако е омажена за Лорас Тајрел?
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Е како ќе ја земе Санса за жена ако е омажена за Лорас Тајрел?
Кој ти кажа дека ќе ја остави на Лорас? А што ќе добие ако им каже на Ланистери? Тој си гледа само за своја корист. Решен е да ја земе Санса со себе, дури и на сила, а мене на тоа ми изгледа, дека ќе проба на некој начин.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.982
Поени од реакции
5.594
Кој ти кажа дека ќе ја остави на Лорас? А што ќе добие ако им каже на Ланистери? Тој си гледа само за своја корист. Решен е да ја земе Санса со себе, дури и на сила, а мене на тоа ми изгледа, дека ќе проба на некој начин.
Па не ти е сомнително тоа што Ланистериве дознаа за Санса баш откако овој збореше со неа... Можно е да си во право, ама не верувам дека има толкава моќ за да ја киднапира Санса, посебно кога оваа не сака да оди со него. Пологично е да не очекувал ваква разврска на настаните.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Литлфингер да им каже на Ланистерите за Санса. :facepalm:
Значи човекот сака да си ја земе Санса за жена поради причините кои ги каже Варис пред некоја епизода, а не да им помага на Ланистерите. Не знам од кај ви е таа идеја.
Не е за фејспалм работава, и мене ми држи муабетов вода дека Литл е вмешан некако во ова со браковите, особено после сцената со Серсеи.
Можеби претходно планирал брак со Санса, ама откако е сигурен дека Тајрелци ја сакаат Санса за снашка, сфаќа дека џабе би бегал со неа (не дека би) и подобро му е да биде со Ланистерс, зашто тие секогаш си ги отплаќаат долговите. А и башка нему повеќе му одговара патот до северот да остане во рацете на Ланистерс отколку на Тајрел.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Литлфингер да им каже на Ланистерите за Санса. :facepalm:
Значи човекот сака да си ја земе Санса за жена поради причините кои ги каже Варис пред некоја епизода, а не да им помага на Ланистерите. Не знам од кај ви е таа идеја.
Бидејќи Санса вака не сака да оди, а не може да ја земе со сила, но ако таа дознае за договорот со Тирион, попрво би отишла со Литлфингер било каде. За неа Ланистери се најомрезените луѓе во Вестерос, а секако си нема појма ниту дека Литлфингер е гнаса, ниту пак дека е таксан за Лиса.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom