Најјаката сцена од епизодата:
Осеќам дека Џејми е на пат да влезе во моите омилени топ 5 ликови од серијата. Се` што моментално му се случува е заслужено, ама убаво е што од негова уста слушнавме
зошто му се случува. Искрено, не се ни сеќавам дека некој на темава зборувал за муабетот помеѓу него и Лудиот крал, ама добро е што сега целата ситуација доби поинаква димензија. Уствари, гледано од Џејмиева перспектива, тој се жртвувал за доброто на народот и нормално за доброто на фамилијата, за на крај само да добие репутација на гад. И тоа од луѓе на кои им се возхитувал, вклучувајќи го Нед Старк. Бриен како го гледаше, дури и на неа не и` се веруваше дека почнува да го разбира, а со тоа и да го сожалува.
Друга битна работа која ја сфатив од муабетот, е дека Калиси моментално има 17 години. Кога сме кај Калиси, уживам да ја слушам како зборува на Валиријски. Не ми ни треба превод, само нека си зборува. Џора и Селми на почетокот делуваа како пријатели, ама не издржаа долго и почнаа да се дрсаат. На Џора маана му е што има нарушена репутација во Вестерос, а предност му е што досега и` помогна многу на Калиси. На Селми му е маана тоа што покасно им се придружи на веселата дружина, а предност ненарушената репутација. Во секој случај, во иднина ќе има уште многу натегања. Плус, на Џора му фуфка тоа што на времето ја шпионираше Дани, што лично не му замерувам. Не треба да се заборави дека да не беше тој, Калиси најверојатно немаше да биде жива моментално.
Џон Сноу ми е се` уште најдосадниот лик во серијата, без разлика што убави актерки се соблекуваат во негова близина.
Жена му на Станис слободно може да и` биде конкуренција на Лиса Арин во трката за најзабегана жена во Вестерос. Станис не знам што прави со ќерка му и зошто бараше дозвола да ја види. Ќерка му вака делува нормално, со оглед на тоа кои фаци и` се родители. Не знам дали сфатив како што треба, ама од муабетот со Давос (што ќе ни прават, ќе не` затворат хехе?) мислам дека ја држат изолирано, најверојатно поради физичкиот недостаток. Убава ми беше сцената кога го учеше како да чита. И стварно, што е финтата со Станис? Не мораше така директно да и` каже дека Давос нема да го види никогаш повеќе. Што ќе и` пренесе следно, дека Дедо Мраз не постои?
Олена Тајрел доминира во секоја сцена, дури и во сцените со Тирион. Совршено е свесна за моќта која ја поседува нејзината фамилија и не и` е тешко тоа да го потенцира. Серсеи беше во право кога му рече на Тајвин да се пазат.
Марџери имаше кратка минутажа епизодава, ама поарно нешто отколку ништо.
Религијата на Мелисандра и Торос е помоќна отколку што мислев. Смоуки монстер може изгледаше како обичен трик, но воскреснување луѓе е веќе сериозна работа. За Арија ми падна жал што ќе остане без другарчето, ама Гендри беше во право дека секогаш спрема неа ќе биде едно ниво подолу.
Што друго? А, Нед Старк Втори т.е. Роб Старк конечно ми стана интересен. Сцената со смртта на Карстарк ме потсети на сцената со смртта на Лувин, ми се чини дека и истата музика ја искористија. Ова со Фреј ми е малку чудно, ама мислам дека Роб не е толку прост да мисли дека туку-така може да побара помош, со Талиса во позадина.
Санса не ми е омилен лик, но не ме нервира. Немоќна е, незрела е (15 години има) и опкружена со ненормални луѓе. Обичен човек би се самоубил во такви услови, ама таа постојано има некаква надеж. За жал лажна.
Втората најјака сцена епизодава:
Уште еднаш се докажа дека Тајвин е најопасен и најпрорачунат човек во цел Вестерос. Наместо да војува, ќе договара бракови. Иронично е што и Тирион и Серсеи прво мислеа дека ќе му покажат на татко им дека има некаква ќар од нив. Тирион дека е добар менаџер, а Серсеи дека била во право за Тајрел. На крај, Тирион ја доби Санса, а Серсеи Лорас. По муцки и на двајцата. За Серсеи ми падна жал кога рече 'please' бидејќи прв пат ја слушам како го изговара зборот. Тирион пак барем вака ќе има шанса да биде заедно со Шае, ако се` оди според планот. И се` си мислам дека овие калкулации се дело на Литлфингер.