Најинтересен дел епизодава ми беше сцената меѓу Tyrion и Lancel. Од арогантен витез го редуцираше во плачко, понекогаш заборавам колку јак дијалог има серијава. Втора најомилена сцена ми беше средбата Stannis-Renly. Трето, се наежив на делот кога Daenerys се накурчи и почна да се заканува - ми се свиѓа кога се лути, а и добро гласче има
Ми се допадна како е направен Harrenhal. Тој е најголемиот замок во Westeros со долга историја и многу мистерија, сосем солидно го доловија сегашниот изглед и атмосфера. Посакувам да се задржат подолго на овој дел од приказната и да ја исцрпат детално како и во книгите. За Gregor Clegane има нов глумец оваа сезона, али едвај го познав. Во Harrenhal сцените мислев дека е Amory Lorch (тој што ги зароби Arya и компанија во предходната епизода), па тек одпосле разбрав тој да ти бил The Mountain...не го видов асално но прв впечаток, not impressed
Измислената сцената со Joffrey и курвите ми беше тотално непотребна (he is evil, we get it). И крајот на епизодава другачие го замислував, али солидно беше CGI-то, признавам.
Од епизода во епизода се подобро и подобро. Само го прави исчекувањето на наредната потешко.