Случувањата во епизодава беа очекувани, ама изведбата





Баш 10/10 е епизодава, од почеток до крај феноменална. Колку беше напнато во битката еј, и сето тоа како беше пренесено, да направи самиот да се осетиш незгодно. Рикон додека трчаше, и покрај очекуваната смрт, сепак осеќав грчење со секоја стрела од Ремзи. После Џон сам пред коњаницата ептен јак кадар. И баш така и го снимиле, 40 коњи како трчаат кон него. Па моментот кога го изгазија во гужвата, на момент помислив дека ќе се откаже од се тука. И после следува очекуваниот пресврт, се појавува Бејлиш и им помага да победат. Многу добро беше што крајот на Ремзи го видовме баш во Винтерфел, враќање на Џон и Санса во својот дом. И самата смрт посебно, пред Санса, изеден од своите кучиња, баш како што си заслужи.
Очекував целата епизода да е само битката за Винтерфел, но предобро беше што дадоа сцени и со Денерис, посебно затоа што беа одлични и стварно придонесоа за целокупниот впечаток. Ги видовме змејовите во акција, конечно онака како што треба. Тион и Јара стигнаа со своите бродови, и би требало да има интересна иднина соработката меѓу Денерис и Јара
Во последната епизода, како и секоја досега ќе покажат секоја од приказните до кај е, и по некое наговестување за што би можеле да очекуваме во следната сезона. А има неколку интересни ствари што треба да ги видиме. Прво Бејлиш. Сигурно нема само така да ги остави Санса и Џон во Винтерфел, мора да има некоја лична придобивка и он. Давос сигурно ќе сака да превземе нешто околу Мелисандре. Во Кингс Лендинг да видиме што ќе се случи со Серсеи, дали ќе оди против сите. Џејми со Фреј, дали Арја ќе тргне назад кон Вестерос, и секако, што ќе прави Бран понатаму.
Уште една недела и после пак ќе си чекаме до април
