Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Овие во Кингс Лендинг ми се најдосадните сцени. И со Серси, и со тој босиот, и со Џејми, арно Томен не го покажаа, тој ми е најзакочен.
Кучето беше хајлатот во епизодава. За Арија не знам што да мислам, веројатно не беше она, зашто многу самоуверено изгледаше за некој што треба да се крие. Санса е мизерија, сакам да ја утепаат што побрзо.
 
Можеби требеше Ајра да умрит некоја сезона порано, негледам каква улога би имала понатаму.
 
И јас на истово размислував и можда не е мртов. Ама од друга страна пак и за The Hound немаше сцена каде што дефинитивно го кркна Арја.

Ха! Who's top cop now! :D
 
a7ada6de50664b6da63093465795b608.png

:ojeaa:
 
Санса е мизерија, сакам да ја утепаат што побрзо.

Ова би било врв за крај сезона. Неможам да ја смислам , страшно антипатична ми е.
 
latest


Ремзи од старт сам има 2:1 бројчана предност, плус не знаеме колку луѓе имаат Карстарк и Умбер, со Старкови се само Мормонт и Хорнвуд, неутрални или не знаеме за кој се Гловер, Мандерли, Рид, Дастин (од поважните).

Старкови со дивјаците и лојалистите се некаде северно од Винтерфел, кај тоа езерото, каде што беше и Станис со околу 2500 души. Ремзи свесно ги пушта да дојдат до него и да го нападнат, тоа го сакаше со писмото до Џон, и веројатно ќе оди на истата тактика како и со Станис, нема да чека опсада на замокот туку ќе нападне он прв. Ремзи, понесен од победите, тука прави грешка, наместо да ги чува луѓето и да ги пушти овие кутри да опседнуваат замок како Винтерфел без опрема и искуство за тоа, ќе излезе на отворен терен, каде што иако бројчано надмоќен е многу поранлив.
 
Не ми е јасно Старк немаат нивни војници? Сите поголеми куќи имаат по неколку илјади војници,овие све што имаат им припаѓа на други лордови.
 
Иначе кога сме кај теориите за Арја имаше една теорија на интернетов дека уствари Арја пробува да се убие сама себе, за да биде стварно no one, и дека другата девојка не постои, уствари е самата Арја затоа Џакен секогаш кога сака да збори со Арја и вика на таа другата да излезе од собата, уствари и се обраќа на оној дел на Арја што се уште не е no one.

А на крај може и да нема некој твист, ја прободија да ја ујачат, башка да не ја гони оваа - пошо мисли ја уби. Ама мора да дадат некоја смисла на билдапот за неа последниве две сезони.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mud
Не ми е јасно Старк немаат нивни војници? Сите поголеми куќи имаат по неколку илјади војници,овие све што имаат им припаѓа на други лордови.

Цела Старкова војска настранда у Red Wedding се сеќаваш, и не само они, туку скоро сите северњачки војски што се бореа со Роб таму, затоа Болтони се најбројни, они не настрадаа во масакрот.
 
^ Рид се најверојатно со Старкови .. пошто нели Џоџен и Мера се од таа куќа
 
Да ама и Рид си се башка куќа. Незнаев дека и војниците го јадеа коа беше свадбата,мислев само потесниот круг беше таму.
Иначе читав до сеа дека уствари Старкови уште пред 1000 години се борат со Болтон за Северот,многу наивно што не ги истребиле до сеа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom