Game of Thrones

Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
И as expected се случи во 2ва епизода :)
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Ремзи е тешка будала, ќе има некој гаден крај сигурно.

Смешно малку на крај, ама и не знам како би се извело тоа поинаку.

Тирион ко да ќе јава змеј.

Планината како му ја акна главата на мочкото од ѕид беше комедии.

Како и, јас кога би немал пенис нонстоп би пиел, во присуство на Црвот и Верис :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
Шпанска серија станаа..... не ми се свиѓа уопште крајов, исто ко стриповско шоу да гледам..

edit: Ништо против стриповски шоуа, ама у случајов ова не е добра споредба :D
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Рус ко да имаше Сенд Снејк епизодна улога. Не очекував да ојде на таков начин (n).

Snow's back in Winterfell. It's gonna be a blizzard (y)
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Рус ко да имаше Сенд Снејк епизодна улога. Не очекував да ојде на таков начин (n).

Snow's back in Winterfell. It's gonna be a blizzard (y)
Исто и мене ме начекаа со 'спуштен гард' со Рус, ама ни он а бога ми ни змиите не се готови.Очекувам повеќе да ги прикажуваат Болтонци, а змиите да искомплицираат у некоја ептен заебана ситуација.Инаку очекувам да го скинат Ремзи до крај на сезона и тоа од Џон, ама во секој случај мислам дека многу јако ќе го јаде Ремзи.

Претпоставките пред сезоната се потврдија, Мелисандре ќе има огромна улога во тоа како ќе се одвиваат работите.

Кое ежење беше крајот на епизодата, неопишливо е дури.Како и да е ќе биде интересно натака...
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.831
Поени од реакции
24.232
Сериозни се со крајов?
Се изгубија тотално со серијава. Убиваат, оживуваат ликови како ќе им текне, без никаков концепт.
Мартин може ги убиваше главните ликови, али барем тоа го правеше со стил, поткрепено без никој да очекува и не толку често.
Од 5та сезона навака, секоја ебана епизода некој битен човек умира.
Дали сакаат да го задржат тој "шок момент" кај публиката, појма немам, ама лошо им иде.
И покрај сево ова, ми се свиѓаше епизодава, очекувам до крајов на сезонава Ремзи да сфати што значи да се биде Wаrden of the North и дека не е толку лесна задача, и се што градеше татко му да го спичка.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Каков менто е Ремзи...
На фејсбук нема да налеташ на спојлери, во ДК и во Rocket League ќе налеташ.
Епа тоа е тоа.






 
Последно уредено:
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Можи се разбуди, ама не знаеме каков се разбуди. Можи на лева нога е станат. Јако ќе биде да го претворат во негативец :)
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Џофри е 0 за Ремзи. Ма каков 0 во негатива оди. Интересно се навратија на некои приказни подзаборавени како брен а преку него најверојатно ќе се раскаже и приказната за старкови и нед и сестра му итн.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Го воскреснаа во право време (на Велигден)

Страшно добра беше епизодата бре! Тирион ги ослободи змејовите, ги видовме Железните острови и новиот поредок таму, а ќе гледаме и нов поредок во Винтерфел.

Ремзи со еден потег ја уништи шансата неговата фамилија да владее со Северот. Кога му вика Рус да внимава да не биде запаметен какo mad dog, ја предвидува судбината што ќе го снајде Ремзи, а во исто време тоа се однесува и на самиот Рус, човекот кој на најбрутален начин го предаде својот водач, Рус за секогаш ќе биде запаметен како предавник.

Начинот на кој умре, не е случајност, со нож во стомак, на ист начин на кој го доби Винтерфел, така и го изгуби.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Ако не друго, ги бива за тролање.

Нели „најсигурните“ вести дека Џон не се враќа беа заради тоа дека си ја скратил косата?

Еве видовме сеа дека Мел му ја скратила. :icon_lol:
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Одлична беше епизодата, како и претходната. Сите што се замарате и наоѓате секакви глупи замерки, олабавете и уживајте во серијата :popce:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Одлична беше епизодата, како и претходната. Сите што се замарате и наоѓате секакви глупи замерки, олабавете и уживајте во серијата :popce:
Воопшто не се глупи замерките, за сезонава.

Не можам да се навикнам на толкав пад на квалитетот на сценариото и менување на арката на ликовите која ја градеа во претходните сезони. Дијалозите се станати мизерија, карактери изговараат работи кои се тотално анти нивните одлики. Пример Давос никад онака не би се понашал кон Мелисандре.

За Ремзи ова го најавија уште одамна, имаше очигледен foreshadowing, но го изведоа ептен лошо.

Се чини дека знаат само на еден начин да скинат битен лик. Ова беше копи пејст од Sand Snakes моментот претходната епизода, мизерија. И ај ако Доран едвај го знаевме преку серијата, за Руз кого во серијата го градеа како неверојатно итар и дрзок владетел е преглупо тукутака да погине од Ремзи, мораше да изградат подруг начин.

Почнуваат да убиваат јаки карактери ради реда, а тоа е најлошото нешто.

За да уживаш во серијата, треба таа да биде за уживање, а овие почнуваат да прават се помалку да се деловите за уживање. Лично епизодава уживав најмногу во флешбекот на Брен, Грејџој делот и Кастл блек. Останатото беше просек.

Тоа што ја правеше Game of Thrones најдобра серија евер беше тоа што немаше ниту една досадна и небитна секунда во претходните сезони, сега има се помалку такви сцени за жал.

Сеуште имаат шанса и потенцијал да се вратат на старото, особено со приказната на Грејџој фемили која се надевам нема да ја усерат како со Мартел.

И секако врвот на сезоната, битката на северот, ако го посерат и тоа, свака им част. :D
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
А како загина еден од најмоќните луѓе во Вестерос, Тајвин Ланистер, убиен во неговиот дом од својот син.

Ја гледаш тука сличноста, двајца од тројцата главни креатори на Red Wedding заминаа на ист начин, неочекувано за луѓе со таков статус, очекуваш да загинат херојски во некоја битка, но како шо викаат во македонскиот GOT - каменот од блиску доаѓа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom