Чиста десетка, нема никаква дискусија.
После битката, која изгледаше грандиозно, многу добро е доловен впечатокот колку сите игри, интриги, сплетки на Серси, Бејлиш, Болтон, Варис и другите се безначајни кога на целиот континенет му се заканува опасност како Беливе мразовци, што не значи дека тој дел од серијата е лош, напротив тоа ја прави ГОТ најдобра но како ќе наближува крајот, епското во серијата ќе добива предност пред секојдневните мешаници во Вестерос.
Значи потврдено е дека најзначајни во моментов во целиот свет се мечовите од Валериски челик, островот на Станис (Драгонстоун), Денерис и нејзините змејови, тука е клучот.
Во „понебитните“ работи во епизодата
, Санса ми изгледа прибрано и охрабрено, не плачеше го притисна Теон и ја дозна вистината за својата фамилија, Болтони и Станис се спремаат за битката, Ремзи ќе планира диверзија со spec-ops, што значи нема да биде во Винтерфел, еве ја шансата за Санса да направи нешто повеќе.
И како што кажа некој погоре, Денерис со Тирион, десепати поинтересна, најдобрите сцени на овие два лика сезонава, осеќам тој дел од приказната ќе стане многу поинтересен.
Арно си знаеше Арја шо си го зачува својот мал меч, ќе и треба дефинитивно.