Одлично, одлично.
Јас уствари секако не се согласувам дека сезонава беше досадна до сега. Имаше неколку ептен лошо осмислени сцени, ама далеку од тоа дека како целина беше досадна.
Многу не разгалија уствари и сега без некои значајни (ние си мислиме дека не се значајни, а уствари сигурно нема врска) случувања одма следуваат критики. Не ми е мене јасно што толку ви сметаат приказните на Денерис и Арја. Спори биле, ништо не се случувало. Епа ај тогаш ако не првава одма во наредна епизода нека се телепортира во Кингс Лендинг и нека пробува да седне на тронот, а за другава нека ни покажуваат некое девојче како си шета и убива луѓе и на крај на епизодата да испадне Арја била

Многу е битен секој детал од развојот на ликовите, посебно на овие две. И треба да се развлекуваат понатаму за да добиеме една убава целина за тоа до кај ќе стигнат на крај. А не одма нека се случи нешто што ние сме си го замислиле и готово.
За епизодава конкретно и двете беа супер. Баш ме интересира кои ќе бидат реакциите ако се реши оваа да остане таму да владее и воопшто да не оди накај Вестерос, како што спомна Тирион. Се надевам само дека и Верис ќе им се придружи наскоро.
Убаво ми беше да ја видам Серсеи ваква. Прв пат ја гледаме во вакво светло, без таа самодоверба во нејзините очи. Нека потрае.
За случувањава кај Џон нема што да се коментира. Се знаеше од најавите дека ќе има некаква битка таму, ама очекував овие да се испотепаат меѓу себе, ни на крај памет дека ќе им дојдат White Walkers со цела армија
