Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Знаеш дека ГоТ падна на дното кога пола епизода им е секс сцена со Сем и Гили. Кој битен фактор во серијата понатаму ќе излезе од нив жити се. :mad:
 
И тоа го забораив во Дрон,колку несвојствено за серијата. Му го даде противотровот бе:pos:
А за станис сеа некако ќе ја напраат работава ради тоа да го јаде. Иначе следна епизода на трејлерот глеам има доста сцени со Џон па вајда ќе биде интересна.

Да, да, сцените со Џон и ноќната стража се една од ретките работи шо се добри во сезоната. Само пак серат врз ликови шо беа одлични во претходната сезона. Како шо рече ти, Ализер за ништо пак почна да го замара Сем, а лани тој виде ептен многу развивање како лик. Одличен беше во епизодата со битката против дивјаците. Ама еве, сега пак е генеричен лик кој треба да ги претставува промените на Ѕидот откако замина Џон.

Знаеш дека ГоТ падна на дното кога пола епизода им е секс сцена со Сем и Гили. Кој битен фактор во серијата понатаму ќе излезе од нив жити се. :mad:

Филер е најбитниот фактор во која било популарна серија. Ако е срање, пак ќе ја гледаат луѓето. Одвреме-навреме ќе уфрлиш и нешто шо треба да е интересно, ама ќе штедиш на таквите моменти за да ја туркаш серијата до бескрај. Еве пак за пример ќе ја земам The Walking Dead. Првата сезона беше супер. Ама кога видоа дека можат да привлечат над 10 милиони гледачи секоја недела со фармата, така продолжија и во третата. Така и овие праат. Ние ич не им значиме шо се жалиме, сепак 90% сме пирати, ама и тие на НВО шо ја гледаат истото го зборат. Ама пак недела навечер ќе седнат пред телевизор за да можат еден саат подоцна уште да се жалат.

Тажно е, ама и ГоТ стана една од тие it's so bad, it's good серии.
 
Освен делот со Сем и Гили епизодата беше многу подобра од претходната. Добро е што нема да го изгубиме Брон убедливо најдобар хумор ни носи во серијата. Литлфингер е како измислен за позицијата што ја држеше Варис ептен добро му дојде внукот на Серси за пазарењето со Олена. Мене искрено приказната со фанатиците ми е многу глупа.
 
D2G0CG3.gif
 
@Alex Baratheon
Хах да. Се жалам а реалноста е дека немам фрлено ни денар за серијава. :LOL:
Сепак, едвај ги чекам понеделниците, така да и не ми пречат до толку филериве, само да има од дрогава. За жал уште 3 епизоди, па поново чекање.
 
Ко другоме јаму копа... :D

Не ми е јасно, ако сега Томен не им влезе и ги разбуца, не знам што да кажам. :D
 
Нема што да ја коментирам епизодава, малку на повисоко ниво беше од претходните.

Сакав да кажам само дека сум се заљубил во ова девојчево од Дорн што го спаси Брон. Само еден месец е постара од мене, па уште и Италијанка е...крај. Ја женам.:love:
 
Како го викаат момето? :D
 
Лоша епизода, па не би рекол, сите дејствија се придвижија и тоа значајно.

Станис е пред голема одлука, ќе мора да жртвува нешто, далу тронот или фамилијата. Џора напатениот конечно си ја виде кралицата и Тирион конечно дојде до крајната дестинација на своето патување.

У King's Landing толку се збркаа работите што веќе не се знае кој кого затвора и суди, ама мерак ми беше кога и се симна таа циничната насмевка од лицето на Серси. И пак во сето тоа вмешан е намшиот омилен Питер Бејлиш. Само ја не разбрав добро, Бејлиш ли има улога со замонашувањето на Лансел, оти и рече на Олена дека има подарок за неа- убаво момче, дали уствари и верските фанатици се уште една сплетка на Бејлиш?

Ех, Санса, напатената Санса, толку надежи имавме сите за неа, џабе, ништо не научи и пак се врати на старо. Премногу наивна испадна што така лесно падна на ветувањата на Бејлиш дека мирно ќе си седи во Винтерфел и некој (Станис) ќе дојде да ја спаси, и сега шо направи, стана вистинска заробеничка на Ремзи.

Сцените во Дорн, подобри од претходно, бар видовме голо змијче, но сепак непотребна приказна во серијата, ама ептен.
 
Абе мислам дека Серсеи прво ги активираше, им даде оружје и моќ, али можно е овој да им ветил нешто или па им платил пари. Не се знае со него ништо. Френк Андервуд може вода да му носи. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom